1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Точно е. Затоа ние нема да сме такви. Затоа ако налеташ на мене јас ќе ти застанам. :)
     
    На Makedonka007, gjoker4e, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.346
    Пол:
    Женски
    Tell me about that. Малце офф, последна случка на ендокринологија, замолив да ме пуштат за резултати да влезам кај докторот, нели трудници имаат предност и плус на патолошка, мажи викаат влези, ајде дете немој да стоиш, а докторка-врска на две пациентки што чекаат ред се залепи за вратата и не пушта да гледаш натаму, не па да влезеш.
     
    На Sexybaby86, kukla21 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Може. Со измолзување и/или примање одредени хормони
     
    На Cka, sofi2107, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Може да доат и овие што посвојуваат и оние кои имаат биолошки деца од сурогат мајка. Само што долго време пијат терапија. Баш читав за детето на Ким Кардашијан од сурогат мајка и како Ким уште пред да остане бремена сурогатот примала терапија хормонска.

    Инаку еве ви доказ за тоа дека порано помалку се доило од сега за да не пишувате дека генерализирам
     

    Прикачени фајлови:

    • 014.pdf
      Големина на фајлот:
      54,7 KB
      Прегледи:
      20
    На Cka, fana и mariz им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.346
    Пол:
    Женски
    Кој доказ? Ова е само едно истражување во одреден временски период, од некои 20 години и тоа во САД. Навистина не знам зошто толку ти е важно да испаднеш дека си во право на крај, кога кај нас не знам дали воопшто се правени такви истражувања и дали има некаква статистика за последниве 20год., а не па за од времето на нашите баби. Зборувам за Македонија, за САД ич не ме интересира.
     
    На sofi2107, LiliBoz и WildMk им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Има и за глобално ниво на нет, можеш да провереш слободно. И не ми е важно да испаднам во право, туку да ти докажам дека грешеш.
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.346
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Што грешам, дека нема податоци? Дека не се правени истражувања во Македонија од пред 100год. Извади податоци од 1920год. до денес за Македонија, не глобално, не за САД, не за Европа, па тогаш може да се дискутира. И пак ќе кажам, јас не тврдам дека се доело или не се доело повеќе, туку такви податоци за во нашата држава нема.
     
    На Mimmi39 и WildMk им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Мене лично со ад полесно ми било, сто пати полесно.
    Дете кога сакало да цица вриснувало и за неколку секунди од 0 на 100.
    Да најдам, клупа, ќоше, столче за да надојам...траело а дете ќе зајде од вриштење.
    Исто навечер, дете стануваше на 1-1.5 саати. Ама буквално, со месеци месеци.
    Бев зомби.
    Онаа парола кога сака, колку сака, дење ноќе на града целосно не опишуваше.
    Не дај боже она да ми беше второ дете, не знам како ќе правев. Домашни, куќни обврски, храна... се може да се стави на резерва. Секако на породоилно, ама ако има уште едно дете кое ти виси на врат не е баш лесно да си се повлечеш спална и дење ноќе на града да ти биде детето.

    “Среќа” второто беше помалку захтевно, па се будеше на 2-3 часа за доење. Дење доев со големото во скут, плус бев доволно упатена а и со пресно искуство(1.5 година разлика се) и веднаш ја местев, беше брзо и без укочувања од неправилно држење, болки на градите од неправилно ставено усте итн.

    Е со третото (Година разлика со средното) е супер хранењето, ама со АД сега.
    Детево навечер, од прв месец, се буди еднаш или ниту еднаш.
    Не знам дали е до ад дали до детето, ама да беше како најголемата јас ќе се распаднев.
    Од вечер спремам термос, дозерки, флаши, за секој случај за две дози, иако не паметам некогаш два пати да се разбудила.
    И да, најискрено, многу е полесно.
    Не ни вришти. Запретува, ја слушам, претурам водата од термосот, млекото од дозерките и готово е за 10 секунди. Побрзо одлолку да заземам позиција *и да го наместам на града. Исто и преку ден, се ми е спремно, плус ранам на саат, па темпирам и планирам во пднос на другите обврски.
    Е дење ја ранам со средното кај нозете/скут и со една рака бранам да не ја џапне и да не и ја зеде флашата, а најголемата ми виси на глава.
    Ама ова во вистинска смила на зборот, буквално виси. Каде и да седнам, се качува, се пентари, и се обидува да ми седне на рамења и од таму се се спушти и да го зазеде местото на најмалото.

    И тука не помага нити еден советнил/консултант за лактација. И имам помош, и тоа голема од татко им, ама не е 24 часа на ден дома а и кога е ако вриснат и се тратат од дека сакаат до мама не може ноту кран да ги мрдне. Мене ми е болно и трауматично да ги бркам од мене. Па ранењето го завршуваме за 5 минути, колку што треба да се испие флашата, пред некој себе да се повреди или друг да повреди

    Не навлегов во моја здравствена состоба бидејќи тоа не ни мора да е единствен фактор ниту онаа на другите две деца, колку и да е влажна и клучна.
    Опишувам едно секојдневие каде упорност, кога сака, колку сака, дење, ноќе, не е баш најнајизводливо.
    А не му знаеме на никој како му е дома.
    И да, и градите ми се многу подобри од периодот кога доев. Кога ќе размислам пораснаа и сеуште не се “издишаа”.
     
    На Sesil, Makedonka007, vitamina и 17 други им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Секоја мајка, секое дете е своја приказна. Затоа не треба да се суди. Треба многу коцки да се поклопат за процесот да си оди безпрекорно. Јас сум една од тие мајки која имаа срека да дојат без ниту една потешкотија од прв ден. Значи и двете бебиња кога прв пат ми ги дадоа во болница во истиот момент фатија да цицаат како тоа да го правеле веке со месеци.
    И цицањето ми е многу лесно и лек за многу проблеми со бебето. Цицањето е најчесто во лежечка позиција. Кога се роди второто големиот само на цицањето реагираше. Па го научив да лежи до мене гушнат дур цица малото и да гледа цртани, па не ретко заспива така. Е сега двете на цицање. Едниот од прв ден кога е роден ја преспива цела нок. А малиот се буди 200 пати во нокта. И не е за цицање. Пола нок спие со мм и го презаспива во раце.
    Јас шишиња и цуцли не знам што се, ама тоа не значи дека сметам дека формулата е помалку вредна
     
    На Makedonka007, Annath, Kitten и 11 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Кратко и јасно.


     
  11. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Богами убаво си знаеш!
    Што повеќе треба од 5 дена чекање,нонсенс ми е да слушам како некој пробувал и чекал 3 месеци:x
    Дете ќе ти стане коски и кожа!
    А зошто? За да дои(highfive)

    Јас ги пиев тие апчиња како терапија за да останам бремена(хормонален дисбаланс стерилитет),и плус пола бременост ми ги продолжија.
    Резултат-нема млеко ни за лек!

    Го раѓам синми,свесна дека и да пробувам и да не пробувам ќе нема млеко,пак го ставам на града колку да се зближиме,да се запознаеме,а некогаш тоа ни беше и лек за да заспие.Шишенцето храна,цицето другарче :D:inlove:

    Наравоучение-не осудувајте никој,во ничија туѓа кожа не знаете како е да сте.
    Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете,само да не се гладни и жедни,и да имаат љубов од мама и тато,ќе пораснат сите вака или така со што и да се хранети(fingers)
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2018
    На ZAHRA, JoyJoy, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.310
    Пол:
    Женски
    Немањето млеко не ти е од апчињата. И јас ги пиев пред бременост и некаде до 3 месец па немав никаков проблем со млеко и доење.
     
    На kukla21 и fana им се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    @MamacitaBuena Бромергон 1/4 од 2015 зимата ги почнав ( поради микроаденом на хипофиза/пролактиномија ) ги пиев и за време на постапка за Ивф и до 33та недела од бременоста ( несмеев да ги прекинам ) . Еве ме 15+ месеци дојам ексклузивно. Има исто многу доилки кој цела бременост поради пролактиномија/микро аденом на хипофиза пиеле бромергон и успешно доеле по препорака на Ендокринолози. Докажано дека бромергонот не влијае да се нема мајчино млеко по пораѓај.
    Не ти е од бромергонот.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    мене па бромергон ми дадоа баш за да ми преќине млекото кога ја одбивав малата.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    И кај мене кога сама се одби големата, а сеуште имав млеко во градата, ми дадоа. Ефикасен беше, снемав, но лошо го поднесов. Се гушев, отежнато дишев...
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    исто ми беше мн лошо од него,па добив замена.Достинекс мислам после ми дадоа
     
  17. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Ама затоа и се прекинува пред 35та недела бромергонот за да може да се дои. Се пие до неделите каде и да дојде до предвремено породување ( Недај Боже ) се поголеми шанси бебе да преживее. Па најчесто пред 34та недела го прекинуваат. На 3-4недели се проверува пролактин, испитувања и ехо и според тоа се гледа до кога се пие. Го пиев 1/4 секоја вечер. Од 31ва недел ми го намалуваа. 31ва недела секоја втора вечер пиев, 32 пон-чет и недела ( ако памтам убаво ) , 33та само два дена, 34 еднаш и веќе ми го прекинаа. Може од 30та почнаа со намалување непамтам искрено знам 34та завршив со бромергон. 38+1 се породив закажан царски и после 3дена ми надојде млеко.
    Достинекс во бременост не е дозволен да се пие заради ембрионот/бебе. Бромергон нема штета на плодот и е дозволен и испитан.
    За прекин на м.млеко се пие бромергон или достинекс. Достинексот е полесно поднослив и побрзо делува. Кажувам од искуство со години достинекс пиев, па бромергон.
    А, во бременост дур се пие бромергон до 32-34та недела нема никаков удел во немање млеко. Млечните жлезди проработуваат и лачењето по пораѓајот. Има жени кој и до ден на порѓај пијат бромергон ( мораат здраствено ) па за некој ден почнуваат со доење.

    Дани не ти го даде Ендокринолог по шема? Ако не се по шема т.е. да се определи точна доза тогаш лошо се поднесуваат. Ако се по шема ( ја почнав по 1дно па имав мака, па ми намалуваа се дур не ја најдовме правата доза и по колку на ден или неделно да се пие ) нема да се има мака. Јас немав никаков проблем со бромергонот кога ја погодија дозата.
    Само кажи ми дали за брзо ќе прекине лачењето млеко со нив после одбивање? Да не се прават грутки на градите па да мора одмолзување ....
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2018
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Бев на гости кај мајка кога се одби малата, континуирано одбиваше да цица, па еден локален гинеколог ми ги препиша. Дозирањево било сигурно проблем.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.310
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше дека ако се пие пред бременост и во бременост не влијае на млеко после пораѓај. Плус за секнување на млеко сигурни поголема доза се пие. Јас пиев по шема, мислам 1/2 и 1/4 наизменично, па после по 1/4 секој ден. Проблем со млеко и доење немав во ниеден момент.
     
  20. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Незнам навистина,јас капка млеко немав од нив,пролактинот го испитав под нормала беше снижен на 2.
    И никогаш не ми се врати.
    На секоја различно делува.