Види, и кај мене в село има деца, не сум од друга планета. Го коментирав фактот дека личност која себеси се нарекува МАЈКА не смее да посегне по АД доколку може да дои. Пак ќе повторам, немање млеко или одредена болест поради која мајката не смее да дои е едно, ама се останато е друго. И сега и во иднина ќе ги осудувам оние личност кои решиле да даваат вештачко млеко на своето дете, а причината за тоа е "невиснати" цицки.
После раѓањето на синот, доењето е најубавото нешто што сум го доживеала. Еден куп проблеми имавме на почеток, од бебе што не сака да цица, до продолжена жолтица и со дохрана од ад првиот месец поминавме некако. Тој период се помирив дека нема да дојам, но не се откажав од нудење и се исплатеше. Штом целосно го тргнав дохранувањето, се преродив. Преку ноќ, па и преку ден, е многу полесно доењето, за разлика од спремање ад. Му давав кога сака и не ми беше воопшто тешко. Е сега можеби и е претерано поврзувањето од моја страна, бидејќи е година и осум месеци, а поради тоа чувство, мене ми е претешко што треба да се одбие наскоро. Во врска со темата, многу пати сум дала совет на мајки што сакаат да дојат, што не се информирани, што лесно се откажуваат. Ама само ако мајката сакала. Имам блиски што веднаш преминале на ад, без конкретни причини, и воопшто не сум дискутирала на оваа тема со нив. Нивна желба и убедување. Напротив многу често мојата одлука да дојам, и да трае толку долго, била тема на разговор, во негативна смисла. Е тоа многу повеќе иритира.
Сите знаеме дека доењето е најприродниот,најчистиот и најефтиниот начин на исхрана за бебињата. Не мислам дека би требало да биде личен избор на мајката,би требало да е прв избор,секако доколку мајката има млеко и може да му го пружи на детето. За благодетите од мајчиното млеко сите знаете,знаете дека на тој начин бебето стекнува имунитет преку антителата кои ги прима од млекото. Но ако нема млеко,формулата е избор,за која не мислам дека е тренд,туку реална потреба за храна. Сум ги доела и двете деца,едното до година и пол,другото едвај до 6 месеци.Кога ќе ми текне само колку боза имам испиено,ехееее. Кога малото се одбиваше,срцето ми се кинеше. И на двете сум им подеднакво мајка,и на ова што не се делеше од града и ден и ноќ и на другово кое го хранев со вештачко млеко.
не знаев дека пцос може да е причина за тоа, јас мислев пролактинот кој ми беше проблем е виновен за тоа што млеко добив дури после неколку дена од порагајот и беше ептен малку,немав ни тешки, ни болни гради ама баш ништо..цело време бевме исто на цицање плус ад, ама млеко немаше доволно па бебе почна и да се одвикнува од цицање и на 4 месеци скрос се одби.
И сега ти зашто познаваш доени деца разболени готово, паѓаат во вода сите научни истражувања за колку мајчиното млеко е полезно и колку помага со антитела кои се пренесуваат. Пак ќе кажам, факти се факти. Тоа што познавате некое дете не го менува тоа. А можеби и доењето помага, да не било тоа и полоша би била состојбата, не е еден фактор. Инаку за доењето и се мисли дека е полесно, а не потешко. Нормално дека е потешко да правиш, стерилизираш. Вака вадиш цицка и мир во куќа. Предност на ад е што може било кој да го даде и бебето не зависи од мајката во тој поглед. И толку. Јас во моите постови ги исклучувам мајките кои не можат да дојат, тоа сакам да биде јасно, веќе неколку пати кажав дека не треба да се пронаоѓаат. Едно е мајка што сакала да дои, а не успеала, друго е мајка што одбрала да не дои. Познавам такви што поради пушењето не доеле, зашто не сакале да престанат. Таквите треба да знаат што му одземаат на своето дете. За ниеден аспект од мајчинството не се залагам, ниту ме интересира кој што прави колку за доењето. Сметам дека е греота да се запостави нешто толку природно и да се ускрати на тие што им е најпотребно за здрав темел понатаму во животот.
Не можам да оправдам мајка која на своето бебе му дава АД само за да може слободно да си се фрцка по кафичи и дискотеки и за да не ѝ виснеле градите...Не дека таа не е мајка, ама според мене тоа не е во ред Мене млеко ми надојде откако си дојдовме дома со бебуш...На болница нон стоп го ставав на града, но млеко или немав или не знаев како да се проверам дали имам... Уште го дојам, периодов е настинат(втор пат во цела година), па по цел ден ме брка и ме тегне за да цица..Планирам да го дојам до година и пол, ќе видиме како ќе биде
@JoyJoy И мене ме интересира поврзаноста на пцо со млекото. И јас ги имам и навистина со млеко тогаш маки измачив. Можеш ли да кажеш кои сознанија ги имаш за ова? Во однос на темава, мајката е многу повеќе од доење, не е мама само цице. Ама оди објасни и го тоа на мојата луда глава 3 месеци не му се израдував на бебето, само плачев заради тоа млеко. На почеток имав многу, но бебе не фаќаше и млекото се намали. Тоа многу психички ме падна, ме тресна. Само плачев и се обвинував, кавги предизвикував на секој чекор и со сите. Сега дојам уште, 7м е беба, но веќе не се замарам толку. И утре да се одбие, благодарна сум и толку што успеав. Сепак ќе бидам искрена, доењето за мене беше се само уживање не. Со постпјан страв бев да не е бебе гладно, па имало немало млеко итн. За наредно доколку имам ќе знам. Убаво е да се дои, но нема да се разочарам ако не успеам.
@augustd за све се слагам со тебе освен за делот дека, колку што те сватив сакаше да кажеш дека на оние кој дојат им е најлесно. Извини што че ти реплицирам, но само ради тој дел морам. За све што напиша се слагам освен за ова погоре морам да те демантирам. Ова сега го кажувам за себе за моево искуство. Сестра ми даваше дохрана ( немаше избор ) и многу убаво знам како и беше. Но, еве синко мене ми е на ексклизивно доење. 3ипол месеци има. Никогаш амаааа никогаш легната не сум го доела. Прво и основно ( изузетак некој мајки ако така дојат свака им част ) мене лично ми беше и ми е страв и језа да не задремам па да се деси најлошото. Сега бргу имаше таков случај во Систина и мајката ја судат за убиство. Распрашај се слободно. Значи едина работа е таа поради која легнат не го дојам. Друга причина е што ете мене па многу ми е незгодна таа позиција. Е сега да се навратам на оној дел кој јас го сватив, а церувам дека тоа сакаше и да кажеш... дека мајките кој даваат формула се поуморни и потешко им е. Овде те демантирам со најголеми факти и тоа може само да го свати и разбере мајка која е само на доење, но не по часовник. Значи еве го 3ипол месеци и буквално 24/7 е на цицка. Никогаш, ама никогаш не спиел повеќе од 1ч преку ден. Значи и тој 1ч е со прекини за на цицка. Буквално и на гости дур идеме у кола е на цицка некад. Е сега за навечер.... легнува најкасно во 21ч и спие до околу 08ч. Сеа следиме каква ми е мене секоја ноќ.... станува на моменти и кенка ( претходно грчеви, а сега непца го болат ) околу 23ч станува за цицање и некојси 40мин цица со прекини. Таман сум легнала ете го во 01-01:30ч. Па околу 04ч станува за цицање и секоја ноќ е исто он ококорува очињата и до 06-06.30ч си се смее и после нејќе у креветче и спие над мене дур не стане.Дали сметаш дека јас и оние како мене сме одморени и ни е полесно??? Знаеш ли колку пати Господ не чувал доејќи го сум задремала и ќе ми паднел од раце ( ова верувам го доживеала секоја што дои 24/7 ). Колку пати само се десило да го бидам сопругот да го молам да биде буден да пази да бе заспијам да не напраам беља да ми падне од раце или недај боже да го угушам. Дали си била во таква позиција, дали знаеш колку се стресни тие ноќи. Точно 3-4 пати синко висел на ивица од спална потпрен на мојата лева рака СРЕЌАААА сум се подразбудела. Затоа никогаш ама никогаш ни ти па ни никоја немате право нит да помислите, спомнете па и напишете дека на нас доилките ни е лесно. Како што викате : вадиш цицка и оппп! Е богами не е оппп. Нема мижми цицка па да ме замени кога јас плачам за спиење и бладам навечер. Е сега да го разјаснам делот со мајките кој даваат Ад. Ова пак пофторувам го гледав и доживував. Сестрами така функционираше па и другарки имам. Колку од тие мајки мирно спиеле и сврзале сон, зашто мажот, мајката или свекрвата го дала Ад млекцето. Зашто ова не е цицка, шише е и може да дава кој стигне нели? Па дур станеш да стоплиш вода и припремиш Ад си се расонил и го даваш на раат без да ти е страф дека ќе падне бебе или ќе го угушиш ( зашто тоа во овој случај е невозможно ). Бебе за неполни 10мин оппп го испило млекцето и миеш, стерилизираш и легнуваш. Да додадам : Доењето њ најмалце некогаш 30мин. Бебе после Ад спие мирно 2-3ч биквално секое кое го знаев и знам. И навечер и да легне во 21ч и до сабајле највеќе 3 пати станување за давање шише. Но, мајката може и да ги преспие првите две давања, зашто може свекрваи, мајка и или мажи да го даде млекцето. Дали сум во право? Ништо немам лично со тебе и несакам погрешно да бидам разбрана, постов мој важи за сите оние кој мислат дека : Вади цицка и оппп лесно е! Не не е лесно, стресно. Отворете и прочитајте колку само бебиња се угушени и повредени од мајќи кој дојат ( нормално не намерно ). И прочитајѕе колку бебиња што се на Ад тоа се десило. Еве ќе ви помогнам : Ниедно! Еве ме пишувам и секое пишивање ми е дур синко е на цицка. Инаку поракава ја пишувам точно повеќе пд 1ч зашто синко мој на прекини цица.[/QUOTE] Едит : се извинувам * Ч * и * Ќ * секад ги утињам во куцање на моб.
Добро бе Софи, ами шо правиме ако си сам со дете и ти трчаш по ад? Дете кое е на ад не станува мислите? Па имаше период на 30мин.се будеше. Значи, сум доела околу месец, знам кој е процесот, ама и да не доев не би осудувала, не им купувам јас млеко побогу да се мешам. Кажувам дека доењето не е единствен пат кон здраво дете и не е најбитен, побитен е односот кој го градиме со тоа дете, барем за мене. И да не се убедуваме. Мене не ми е мака оти не дојам ама ич, ама има поосетливи мајки кои токму заради вакви постови како во оваа тема се чувствуваат лошо и деградирано.
Со хемоглобин паднат на 70 и бајаги голема рана дадов се од себе за да се доиме но не успеавме (се измолзував на почетокот со пумпа и така му давав) но бидејќи бебе не беше на гради се намали лактацијата и снемав млеко. А морам да спомнам дека прво дете јас немав никакво искуство, и всушност доењето го замислував како едноставен процес, за кој никој не ми имаше кажано дека постојат шанси да е комплицирано. Искрено верувам дека не постои мајка што не сака да го дои своето дете, сигурно има некоја причина поради тоа. А за тие што осудуваат најдобро е да се најдат во позиција на осудуваните како би осетиле најдобро на своја кожа како е. Бидејќи и јас често доаѓав у позиција да се правдам зошто не дојам и од сегашна гледна точка сфаќам дека на никој не сум морала да му полагам извештај. Како и да оваа тема отвара многу полемики и дискусии, а јас би кажала лично за мене најбитно е детето да е живо и здраво зошто доењето иако е најдоброто нешто, сепак не е гаранција за немање никаков проблем понатака.
Можеби погрешно ме разбра. Јас не осудувам. Таман работа, побогу па и сестрами даваше Ад од што мораше. Внук ми така израсна. И ма мои другарки дечиња им израснале така. Па ене ги живи и здрави. Не секогаш значи дека поболежливи се деца на Ад. Небулоза е тоа. Нолежливо е она дете кое не е соодветно одгледувано, не зависно на какво млеко е. Никој не осудува никого и нема право. Која мајка не го сака најдоброто за своето дете. Но, искрено еве јас познавам многу кој воопшто не се ни потрудиле да дојат, познавам и онакви кој за да се раат да можат да излезат и да имаат време за себе Ад даваат. Или за да бебе им спие мирно навечер даваат Ад. И тоа дека таа што дои е поблиска со детето отколку таа што дава Ад извинете на изразов ама е глупост. Многу други побитни работи го прават односот. И нема потреба никој да се осудува и да се осеќа лошо ако дава Ад. Ако дава од што мора тогаш ете како тебе тоа не би ја погодувало и не би гледала на тоа како осуда. Но, ако се дава Ад поради слобода на шетање, за бебе да спие мирно, за да се сочува физичкиот изглед итн. Е тогаш нека се осеќаат лошо и деградирано. Старите викаат : Кој си ја има мувата на капата, тој си ја ишка. Мислам така беше поговорката.
@sofi2107 се е тоа индивидуално и зависи од детето. Јас исклучиво во легната положба го доев и сега заспива така. Од седење не успеавме и да форсирав така немаше да дојам. И за спиењето од 2 и пол месеци до сега, 20 месеци, ја преспива ноќта по 10-12 часа без будење. А многу деца на ад знам што се будат по неколку пати, ама во право си за помошта дека е полесно така. Моево се уште само со мене заспива, мислам тоа ќе ни е најголем проблем при одбивање.
Мојот и твојот синко се разлика некој ден само. И секогаш се во килажа тука некаде Бидејќи те знам и го знам синко твој и знам дека сте на Ад, муабетов за мајчи и немајќи.... ако глеаме ете така тогаш со две раце можам да потпишам дека Ти како мајка која дава Ад си поголема мајка од многу што ги познавам што само дојат. И синко твој е поповрзан со тебе иако е на шише, отколку некој деца кој се само на цицка. Бацки до синко твој Се читкаме на вибер јас и ти
@sofi2107 jas ne veruvam deka mnogu od majkite gi budele svekrvite ili majkite za da im go hranat deteto. Poveketo zhiveeme oddeleni od svekrvi i majki pa obvrskite gi delime samo so partnerot. Eve sin mi beshe na ad, se budeshe na sekoi 2 i pol-3h za mleko. I stanuvavme i dvajcata sekogash, edniot sprema mleko drugiot nishka bebe shto vreska za jadenje. E izvini vaka ama kako shto ti ne sakash da prifatish deka i na nas shto sme spremale ad po nekolku pati vo nokjta ne ni e lesno, shto spored tebe bilo bash lesno op sterilizirash miesh i gotovo, taka jas ne sakam da prifatam deka doenjeto e poteshko od spremanje ad. Kaj tebe bebeto e malo, mozhebi ima grchevi i mu e potrebna tvojata toplina. Kako ke raste nema po cel den da visi na grada. Skoro sekoja majka maki machi so grchevi na bebeto prvite tri meseci. A koga ke pomine periodov, koga bebeto ke ti bara grada samo koga ke e gladno i bash ke bide op izvadi cicka nahrani go, togash ke sfatish deka navistina e polesno.. a toa deka e glupost deka doenchinjata imaat pogolema bliskost so majkata spored mene voopshto ne e. Bar za mene e toa najblisko neshto pomegju majka i bebe, toa e zavisno od nea i samo od nea. Nikoj drug ne mozhe da mu go pruzhi toa shto taa mozhe. Dodeka bebe na ad ne e tolku privrzano so majkata zoshto bilo koj mozhe da mu dade shishence i da ruchka, ne se chuvstvuva zavisno od majkata.. A bliskosta ponatamu se dobiva so drugi raboti, sega muabetot e za bliskost pomegju majka i bebe.. I da nadopolnam deka kolku i da sakav da go dojam sinko, nikogash nema da se chuvstvuvam nemajka samo zatoa shto ne sum mozhela da go dojam. Najvazhno mi e toj da e zdrav, da e dobar se drugo e nevazhno..
И јас да си ја кажам мојата приказна и малку да си поплачам Се породив со царски неотворена и без никакви болки, имам близнаци. Уште пред да се породам почна да ми капе колострум од брадавиците. Бев толку среќна што набргу ќе ги видам бебињата и ќе дојам. Но откако се породив се соочив и со проблеми. Покрај стресниот период во болница предизвикан од нечовечниот персонал, ги нема кога ти требаат а кога ќе дојдат посакуваш воопшто да не се појавеле, огромната болка од раната, станав дури вториот ден вечерта, откако ги видов бебињата и си реков морам да станам заради нив па колку сака нека сече. Ги видов на кратко а ми ја донесоа ќерка ми третата вечер, тогаш за прв пат го почувствував доењето, сама ја ставив на левата града и успеа бргу да фати и да цица. Неописливо чувство, скокоткање и мала слатка болка. Уживав. Се нацица, веројатно доволно, бидејќи спиеше скоро цела ноќ. Не добив никаква совет како да дојам и да не се откажувам, освен што дојде една сестра и безмилосно ми ја стисна градата, прсна млеко и ми рече супер мајка имаш млеко, и толку. Наредниот ден ми го донесоа и синчето, и тоа веднаш фати, се нацица и заспа, па ја донесоа и ќеркичката и таа цицаше малку, но набргу двајцата се разбудија и вриштеа цела ноќ, навикнати од претходните две три ноќи во собата со другите бебиња. Наредниот ден излегов од болница и ми почнаа маките, цело време бев под стрес, постпородилна депресија, ненаспаност, умор. Цица едното па другото ќе заплаче, па после и тоа цица, таман и тоа ќе се нацица, станало другото за цицање и се така по ред и ден и ноќ. Проблемот беше што двете заспиваа на града, па не знаеш дали се нацицале. А од деснава града потешко фаќаа и ја исфорсирав левата, затоа и ретко можев да ги дојам двете во исто време, настрана тоа што брадавиците ми гореа и ненормално болеа. Ќеркичкава почна многу да вришти, зајдуваше од плачење, не знаев што и е, бидејќи и по цицање плачеше но може брат и веќе ја исцицал градата пред неа, може биле само стомачни грчеви. А мене ми се појави ужасно чешање по телото, утрикарии, стресови, си правев рани од чешање. Ама се истрпував, дури не спиев, не знам ни кога јадев ни кога е ден и ноќ. А патронажната што дојде беше хорор, ништо да објасни за доењето, дека е таков секој почеток со доењето, само пишуваше податоци за нас во тетратче. А и маливе добија осипи, дома добивав коментари дека ќеркичкава плаче дека е гладна, па дека ми било слабо млекото, не сум имала доволно и сл. Иако имав помош од сопругот, психички попуштив. А најголема среќа ми беше додека доев, уживав. По две недели отидовме на педијатар и рече дека не напреднале доволно, требало повеќе, може слабо ми било млекото па да сум им давала ад. И така јас покрај доење почнав и со хумана. Ама бебињата толку бргу се научија на цуцла и со шише им беше полесно. Додека маицата ми беше утоп тие си преминуваа на шише полесно им беше. Купив и одмолзувалка, ама тоа бавно одеше, понекогаш им давав одмолзено колку толку. Но како што повеќе користеа ад преку шише, така помалку фаќаа града, па за кратко време беа само на ад а моето млеко го снемуваше. А мене душава ми се кинеше, им растварав ад и си плачев, повеќе стресови, уртикарии без престан. Бебињата напредуваа, не плачеа, осипите полека им поминуваа а мене ме мачеше чувството дека ја изгубив таа директна поврзаност преку доењето. Но и хранењето со ад создава длабока интерактивна врска, додека ги хранам ги гледам директно во очи, ги галам, им зборувам, се смеам, ги гушкам. Предност е што така можев да ги хранам паралелно со сопругот, тој ми беше голема помош. Остана чувството на тага за пропуштеното доење, но најсреќна сум кога ги гледам здрави и живи, иако само јас знаев како ми е на душата и дека само некој кој поминал низ истото може да ме разбере. Можеби навистина плачела дека е гладна и немало доволно за двајцата, но сметам дека треба едукација на идните мајки околу доењето и упорноста, дека секој почеток е таков и дека првите недели бебињата може и да не напреднат многу и дека тоа не е причина педијатарот да ви рече да ги храните со ад. Но тоа е, тоа беше моето прво неискуство со доење. Можеби сепак ќе морало да ги хранам со ад, па џабе се осудувам, но не сметам дека немам блискост со моите деца како што би ја имала при доење. Доењето не е мерило за љубов кон бебето. Кој може нека дои, кој не може, нека најде алтернатива. Тоа беше мојот избор. Ако веќе зборуваме за маркетинг, тогаш се е маркетинг, и кашичките Лино, Хип, Алете, Миласан итн. Како и сокчињата од разни фирми. Тогаш и тоа е маркетинг и не може да се спореди со домашно приготвените каши и сокови а сите ги користиме, можеби не често. Но, факт е дека деца доени цела зима беа болни, со температури, вируси, гнојни ангини, бронхопневмонии и тн. Додека моиве што беа две три недели на доење, па на ад и од пет ипол месеци на тазе чисто кравјо млеко, само еден ден фатија стомачен вирус, кога имаше епидемија на истиот, фала Богу никаква настинка до сега па нека ги чува Господ и од сега. Јас не сакам да го напаѓам доењето или да го бранам ад, но не значи дека ако детето е на ад нема да биде здраво и ќе биде поподложно на болести, бидејќи во околинава гледам спротивни случаи. Не треба да се осудува ниедна мајка за изборот. Проблемот е во недоволната едукација, недостигот од совети и оставеноста на мајката сама на себе, во периодот кој и е најтежок и непознат, барем за оние кои родиле за прв пат. Со наредните породувања жената веќе има свое искуство.
@Mariangel веувам дека погрешно ме разбра, во спротивно тогаш незнам зашто би биле извртени зборовите. Јас не реков дека овој или тој начин е потежок или полесен. Јас објаснив на членката погоре на нејзиниот пост, во кој пиша дека на доилките им е полесно отколку на оние кој даваат Ад. Нема ништо лесно. Во овој па и во тој случај си мајка. А најтешко е да се биде мајка за прв пат. Неможам да кажам дали е ова или она потешко зашто све си има своја тежина. Но, ако убаво го прочита постот ќе развереше што сакав да кажам. Неможам да осудам зашто и сестра ми внукми го израсна со Ад. Викаш повеќето живеат одделно. Океј некој живеат и заедно или па на почетокот им помага мајка или свекрва. Во секој случај секој може да даде шише без разлика мажот, жената, баба, тетка итн. Во случајов на доилка...само мајката дава цицка. И не се слагам дека бебе на Ад не е приврзано за мајката. Внукми уста не отвараше нит пиеше млеко од друг ако не е мајка му таа која го дава. Ист случај и со дечињата на неколку другарки. Приврзаноста ја прават и останати работи не само доењето. И како што кажа на крај...најбитно е детето да е нахрането, здраво и среќно. Тоа е најбитно за една мајка без разлика дали е на мајчино или на Ад. И само да дополнам.... да во право си дека чувството да доиш е непроценливо и таа блискост на мајка и бебе е назаменлива.
Voopshto ne te sfativ pogreshno, gi komentiram tvoite zborovi. Ti pisha kolku e polesno ke se rassonish ke si napraish ad mlekce, op deteto bilo za 10 min najadeno, steriliziraj izmij i legni si.. ti go napravi toj proces kako najlesno neshto, a tvoeto doenje kako kraj na svet od shto e teshko
Точно така е, во килажа се ептен блиску. Искрено не знам колку поповрзана можам да бидам од синко мој од тоа што сум сега, не верувам дека ако би го доела би била повеќе поврзана. Мајка е една, без разлика што ад може да даде било кој друг. И нема поголема/помала поврзаност, едноставни не постои такво нешто, лично тврдам Така да ти благодарам на зборовите, и гушни го синко твој од нас (претпоставувам си спие) па се читкаме, секако Јас ќе кажам лично за мене, не зборувам во име на другите мајки кои даваат ад - точно дека синко мој за 10 мин е најаден секогаш, точно дека времето можам да го испланирам бидејќи знам кога треба да јаде, нели отприлика на 3/4 часа, и точно дека од 6 хранења во 24 часа, еден или два не ги давам јас, бидејќи треба и јас да сврзам 5 часа сон А стерилизирање, миење шишиња воопшто не го сфаќам трагично, тоа ми е рутина која ја правам како што ми доаѓа дека треба да јадам, бар така си ја имам сфатено.
A kade jas napishav deka go sfakjam toa tragichno ili da pagjam vo nesvest kolku mi e teshko? Nitu onie shto dojat nitu onie shto spremaat ad ne treba da go sfakjaat toa tragichno. Ednostavno toa e nachin na hranjenje na bebeto koe ne znae samo da se nahrani nitu pak osven so plachenje poinaku da ni kazhe deka e gladno. Na nekogo poteshko na nekogo polesno, vazhno e se shto e vo nashi race da pravime za niv.. Jas samo i posochiv na feminkata deka sekoja obvrska i zadacha si ima svoja tezhina. Me pogodi toa shto go objasni spremanjeto na ad kako neshto shto e premnogu polesno za razlika od doenjeto.. sekoj si znae kako mu e