1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Добро,мајки, смирено.
    Значи бебето мора да се нахрани, вака или онака. Нема лесно или тешко.
    Сите си знаат како поминале.
    Еве еден пример каде доењето и тоа како му помогна на моето дете. На 18 месеци доби некој вирус проследен со повраќање и диареја. Повраќаше дете , не престануваше. Претходнп бевме на матичен и ми рече електролити да давам и линекс. Дојдовме дома, ништо не помага, ајде на брза помош. Ја боцнаа со инекција, плус сируп за стомачето и строга диета. Детето беше исцрпено, на нозе не седеше дури, се исповрсти дури и електролитите . Јадење не доаѓаше во предвид, одбиваше се. Среќа што цицаше и не дојде до дехидрирање. Една недела речиси траеше тоа, а единствен спас беше цицањето.
     
    На Kaetana, НаталиЛили, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Не, јас не кажав дека ти го сфаќаш трагично. Јас кажав дека јас не го сфаќам трагично :)
    И точно дека секој си знае како му е ;)
    Еве и мене може сега ми се спие али морам да правам ад :D
     
    На Mariangel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Информирана сум за доењето,и незнам кој не би бил во ова време.
    И да нема кој да ти каже и од каде да прочиташ,природата ќе те устрои што треба да правиш и како е најдобро.
    Јас не доев.
    Ако доење може да се нарече до два-три месеци доење.
    Ете,спаѓам во мајки кои не форсираат доење,НЕ по секоја цена.
    Зошто ако гледам дека ни мене ни на детето не ни годи нешто ,упорно да форсирам.
    Несака?
    Плаче?
    Неможе да влече?
    Нема доволно млеко?
    Мислам дека е гладно..
    Доење на секои 10 минути и спиење на гради?
    Цела ноќ и цел ден?
    100 обиди и само 10 успешни?
    Од друга страна ,градеста сум.
    И без доење тежината на градите ми прави проблеми со грб и кичма..ами кога се полни?!
    Се случувало да неможам да се свестам од болки во рамена.
    Матичната вели-тежина е..телото се навикнало на нормалната тежина,сега реагира на екстра.Трпи си,нема чаре.
    Болна мајка,расплакано бебе.
    Е,затоа три деца доев до три месеци,додека можам да издржам.
    На непопуларното АД се сите три.
    Не ми било тешко и да мучкам АД и да станувам навечер да мијам шише..ќе се организираш..имав по три шишиња спремни-чисти и топла вода спремна,само да измешам.

    Разни анализи од светски доктори не читав.Нема потреба.Се знае кој е најлесен и најприроден начин да се храни бебе.
    Јас не го одбрав тој.

    И уште ова..
    Децава незнаат што е инекција.
    Не сум одела по дежурни доктори.
    Нормалните детски болести ги прележаа.
    Не се слабокрвни.
    Двајца возрасни мажи станаа,едново е во процес на развој и внимавам со него во исхрана.

    Секој со свое убадување нека си тера,ама нека не етикетира МАЈКА и НЕМАЈКА.

    А тоа што после АД пиеја кравјо и козјо млеко,во другата тема..
     
    На Hipster, Esmeralda-MD, Elenche87 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Секој со своите размислувања, нели, меѓутоа едно е да имаш сопствени ставови, а сосема друго да убедуваш и советуваш, наспроти еден куп факти и истражувања, дека мајчиното млеко и не придонесува којзнае колку за имунитетот. Да не било така, немало да бидеме цицачи, ќе бевме нешто друго. Природата сама има одредено и не за џабе.
    Јасно е дека има деца со послаб имунитет и нив доењето не може да ги спаси од болест, ама замислете да не биле доени? Од друга страна има и деца со појак имунитет, па и не доени немаат проблем со здравјето. Генетика. Ама тоа не го менува фактот дека мајчиното млеко придонесува и е создадено за исхрана и заштита на бебето.
    Еден тазе пример ќе ви дадам. Зимово лежевме на инфективна со рота вирус. Се исцеди детево од повраќање и дехидрираше, па моравме. А да цицаше немаше таму да завршиме или во краен случај ќе поминевме многу полесно. Имаше деца кои беа помали од мојава и цицаа. Далеку полесно се справуваа. Само благо дехидрирани, бидејќи нели си цицаа и добиваа доволно течности. Да не зборам дека доењето има терапевтско дејство и ги смирува.
    Ама ај, што знаеме ние. Не е толку важно да се дои, скоро исто како формула...
    И да дополнам, јас не осудувам никого, дури ни тие мајки кои заради естетски причини решиле да не дојат, ама ме нервира упорното минимизирање на благодетите на доењето и фаворизирање на формулата.
     
    Последна измена: 27 јули 2017
    На bittersweet, Cka, НаталиЛили и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    @Abeja поентата е токму она што го наведе - едукација! Едукација, поддршка и помош на мајките, особено прворотките. Тоа недостига кај нас, како што пишав претходно, и од стручните лица, но и од околината.

    @sofi2107 како можеш да кажеш дека „болежливо дете е она кое е несоодветно одгледувано“? На која основа тоа го заклучи? Не е тоа до одгледувањето, до ад млекото или доењето, тоа е до имунитетот што во секој случај е генетски предодреден.

    Имам две деца, двете доени. Првото комбинирано доење плус ад млеко, за после шестиот месец самото да го исфрли ад млекото и да се фокусира на доењето (што е реткост на таа возраст), второто ексклузивно доено. Првото еднаш или двапати беше со растечен нос во првите две години, почна да се разболува кога тргна во градинка, антибиотик пиеше првпат кога имаше три години. Второто во овие десет месеци почесто настинува, пред три недели првпат пиеше антибиотик. И тоа не го припишав никогаш на тоа како го гледам детето, затоа што знам дека ништо не му фали, доење кога сака колку сака, храната одбрана, свежа, навреме приготвена соодветно на неговите потреби, а ете пак настинува. Значи според погорната логика, првото дете сум го гледала соодветно, второво не, па затоа ми се разболува. А исто ги гледам и третирам двајцата.

    Доењето и тоа како помага. Не може да штити 100%, ама помага полесно да се преброди настинка, температура, проблемите со никнењето на забите.

    @referentka генетиката кај твоите е јака, тоа е тоа. Сега ќе зборам за мене, да не ме сфатиш погрешно, и јас имам големи гради, имам и болки во грбот поради тоа, одвај стојам исправена, ама никогаш не сум помислила да се откажам од доењето поради тоа. Со првото ми беше тешко оти не знаев ништо, затоа посегнав по ад млеко, додуша ни бебето немаше качено на килажа (не дека со ад млекото качи којзнае колку), ама бев неинформирана. Затоа за второво не дозволив никој да ми се меша, оти бев решена дека ќе го дојам и нема да давам ад млеко. Фала му на Бога што таа моја одлука се покажа како исправна.

    Да бидам јасна: никогаш не прашувам мајки дали дојат или доеле, не ми е важно. За едно дете неговата мајка е најдобра, нејзино е како ќе си го гледа детето, дали ќе дои или ќе дава ад млеко. Оние кои од здравствени причини немаат млеко, не смеат да дојат поради примање лекови или нешто трето не ни почнуваат со доење, за нив од старт се знае дека адаптираното млеко е единствена опција. Ама да се почне со доење кое не е ни малку лесен и краткотраен процес и после првите маки да се откаже без да се искористат сите опции, за мене не е правилно.
     
    На Kaetana, Mariangel, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    2.165
    Околу доењето на бебе поминав низ пекол. Се роди помал,не сакаше да влече затоа што имав рамни брадавици и воопшто немав млеко...едвај некако после 10тина дена се научи да трга од града но едвај по некоја капка влечеше. Совет од педијтар беше на 2 часа да го ставам на града по 15-20 мин на една,па на друга,да дадам дохрана и да се измолзувам уште 30-40минути затоа што неговото цицање беше повеќе како играње со силиконот... првиот месец три пати меревме подој,од мене усшеваше да исцица само 10ml.Бев во депресија,колку ми беше криво последното мерење на вага после подој убаво си го исплакав и педијатарот пресече-џабе го малтретираш,молзи се само не мора на града... Од денешна гледна точка не знам дали беше исправно што го послушав,но се тешам зашто знам дека бебуш не влечеше едноставно немав млеко. Со молзењето стигавме до 2 оброка дневно мајчино млеко и останатото формула... ова го оддржавме до 3 и пол месеци.. молзењето ми стана хорор,немав помош од околу,бебе вришти а јас само гледам како да испланирам со пумпата саат време тегнење... а по 30-40 мл...после продолживме само на формула...
    Тоа е моето искуство,ги сетив и двете страни.
    Можам да кажам дека целата хајка шротив адаптирана формула,а промоција на доењето придонесе да се чувствувам малтене мизерно затоа што не успеав да си го дојам детето. Потклекнав психички. Особено коментарите: или имаш или немаш млеко. Или опушти се,ќе надојде. Не може да немаш доволно. Тука е млекото,бебето си влече! Од бебе што може да извлече-ништо не може повеќе! Ставај облоги од бла бла! Јади ова-јади она! Како тоа не влече? Чекај сега ќе ти ја пратам особа Х ќе те масира и ќе ти каже што да правиш! На секои два саати некој ќе те прашува за состојбата на твоите дојки... Психички терор!

    Од друга страна пак. Вие мајки кои доите без проблем никогаш нема да ги сфатите другите. Точка.
    А сите некако чувствувате потреба да се рекламирате како напатени и ненаспиени мајки -жртви од доењето и да го ракламирате тоа на сите страни како е најдобро...


    Хм генерално гледано... која цел се постигнува? Секој ќе си го гледа СВОЕТО дете. Дали е гладно или сито,што јаде сега или догодина или здравје за 5 години е проблем на неговата мајка,а не на душебрижници...
    Што ако е доено,а после цело детство јаде глупости? За такви работи нема толку агресивни кампањи!
     
    На green.eyes, Mariangel, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.786
    Ама нема мајка која дои без проблем. Посебно со прво дете.
    Јас кога се породив, дојде една сестра и само ми ги стегна брадавиците, потече некоја капка млеко, ми рече имаш млеко и ми го даде син ми да го дојам.
    Јас неискусна, бебе се обидуваше, влечеше, појма немав дали тоа е тоа. Одев во бременост на часови за трудници и имаше еден час посветен на доењето, но тоа е премалку. Само основни информации ни беа кажани, а не совети за успешно доење.
    На испис од болница ми кажаа да му додавам по 30 мл АД. Јас буквално по цел ден го чував на града, по 1 час некогаш фаќаше да виси, за по 15 минути пак да почне да плаче и пак да го вратам на града. АД не му дадов. Бевме на советувалиште, супер напредуваше, ама и тие ми рекоа, навечер пред спиење да сум му давала АД за поцврсто да спие. Какви се тие совети?? Наместо таму да те охрабрат дека супер сте со ексклузивно доење, тие форсираат АД.
    Фала богу што имав поддршка околу доењето и не ги послушав.
    Наеднаш почна да ми надоаѓа многу млеко, ми се запушило некое каналче и фатив мастит. Имам пишувано во друга тема за тоа. Беше загноено местото и големо колку пингпонг топче. Требаше да одам на инцизија и да го пресечат за да истече гнојот. Поголеми болки немам истрпено, пострашно беше и од пораѓајот. Докторот ме праша дали сакам да пијам бромергон за да ми прекине млекото.
    Реков дека кога веќе ги истрпев сите овие болки, зошто сега би го прекинала? Помина и тоа , раната си заздрави( немате појма колку беше болно секој ден на преврски ) и сега бебуш има 14 месеци и уште се доиме.
    Планирам од септември да го одбијам и уште сега сум емотивна ептен околу тоа.
    Јас не се правам херој, ама сакам да кажам дека треба многу упорност за да се има успешно доење. Не треба мајките да се откажуваат на првата препрека.
    Почетокот е многу тежок, хормони вријат, брадавици болат ко луди, кога ќе фатеше града ми се чини со нозете дупка можев да ископам од што стегав од болка.
    Но кога ќе поминат сите овие проблеми, доењето ми е најдобро искуство кое сум го имала, не можам да опишам како е кога цица и се мази и те гледа во очи и ќе си се насмееме.
    Не сум против АД кога се мора, но да се форсира без никаква потреба и индикации, како мене што ми предлагаа, сум ите како против.
     
    На Mariangel, LivingGlam, НаталиЛили и 7 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.387
    Што е штетно?

    Штетен е алхохол во бременост и доење, штетни се цигарите во бременост и доење, па и претерување со кафе, штетно е неправилното воведување оброци(можеби веднаш ќе реагира детето, можеби после 20 год.)...
    Дали е штетно АД?

    Што е поштетно на 3-4месеци да му измиксаш мевце па после да го надоиш, или флаша ад па на 7-8 месеци да измикса парче телешко?


    Да не редам. Ја сфативме поентата на моето прашање.
    Да се повторам и да разграничиме што е што е штетно а што е најдобро.

    Јас си признавам дека ќе се трудам да го постигнам најдоброто за моите деца ама тешко дека ќе го остварам бидејќи мајчинството е цел живот и мајчинството не се мери по флаша ад. и доење. Да дадеме орден и готово, завршена работа.

    Поделби на мајки немајки бидејќи дале ад. без сериозен проблем(во очите на набјудувачот посебно) (facepalm)
    Браво @referentka за споделеното искрено искуство.
     
    На green.eyes, Mariangel, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.400
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е доено само три месеци. Снемав млеко а упорно на града седеше. Зелена кака и плачки за што?
    Ете го и со АД нити се разболе нити нешто му е. Поглуп муабет дека некоја е мајка или е немајка зашто дои или дава ад не постои. Сите се мајки. А оние кои посвоиле? Они немаат млеко нормално. Не се мајки или се помалку од другите?
    Дури и сама да решам да не дојам а можам, кој на светов може да каже дека сум помалку мајка од останатите? И јас сум го носела, му се тресам, 24/7 сум со него, животот на него му го поклонувам и осуди за што?
    Не требаше да коментирам и не сакав, ама не издржав.
     
    На Mariangel, Esmeralda-MD, Lady*Bug и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    @Annath " болежливо дете е она кое е несовесно одгледувано " беше кажано во однос на некој што имаше пишано дека децата израснати со Ад дека се поболежливи. Верувам дека погрешно ме разбра во кој контекст беше пишаното. Неможеме да кажеме дали децата на Ад се поболежливи или тие на доење, зашто сепак и други фактори играат улога. Болежливи дечиња беше пишано во контекст на она кога летно време се преоблекуваат, па прва промена на време и ете настинало. Или пак зимно време кога не се облекуваат убаво, се носат на гости кај настинати, се лечат преку фв групите итн. да не набројувам. На ова се мислев кога пишав болежливи деца, такви ги имам во кругот на пријатели кој не се болежливи од Ад-то туку од начинот на кој се чувани. Не беше кажано во контекст на она ти што го наведе. Точно дека е до имунитетот, но имунитетот го градат родителите на тоа дете. Детето се раѓа со послаб имунитет за кој ние мајките сме задолжени да им го изградиме и зајакнеме. И внук ми еве го со растечен нос и настинат е денес, но не дека сестра ми не го гледала убаво. Баба му ( мајка ми ) го имаше оставено да си игра доле на паркет, а во меѓу време отворена терасата и прозори па промаја. Дур се свести постара жена, возот поминал.
    Сепак неможе да се каже дека децата на Ад се поболежливи, зашто не е фер спрема оние мајки кој на тој начин ги хранат децата.
    Ете јас го дојам малиот, но верувам дека ќе се осеќав неубаво кога би бил синко на Ад и кога овде ќе читав пишано дека поболежливи се оние деца на Ад.
     
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Moeto since ne e doeno ni 2 nedeli od raganje pa porasna so AD eve go 3 ipol godini e nitu se razbolel nitu znaeme sto e povrakanje fala bogu, sega bebeto isto doena do 3 meseci ustvari ako moze da se kaze doenje sedese po 1 saat na grada pa odma ad 60ml i taka po 100 pati vo denot. Sto sega jas sum nemajka oti gi nemam doeno decata. Jas nemam nisto protiv AD dvete deca mi so nego porasnaa. Golemo blagodaram do toj sto go izmislil.
     
    На CameliaMiller, Abeja, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема потреба да се нагласува дека некое дете не се разболело, млекото не значи дека ќе се разболи или не.
     
    На Kaetana, Mariangel, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ја сфаќате потребата за "хајката" како што ја нарекувате околу доењето. Тоа всушност е едукација за младите мајки (која кај нас алармантно недостасува) за полесно да поминат низ процесот на доење. Нешто за кое што сме предодредени и кон кое треба да се стремиме. Јас би им ги одземала дипломите на докторите кои советуваат млади мајки да даваат АД туку така, од ракав. Или кои те убедуваат дека немаш млеко или дека ти е слабо (поголема глупост од ова нема)
     
    На Kaetana, Mariangel, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    42.431
    Пол:
    Женски
    Моите два сина ги доев до две и пол години(знам претерано е ама ете едвај се одбивме)но тоа не ми дава за право да кажам за себе оти сум мајка поголема за разлика на пример од сестра ми која кутрата се измачи едвај до 20 дена доеше а многу сакаше.
    Нејзините гради беа големи но празни за разлика од мојте кои сите мислеа оти нема ништо во нив и џабе го мачам детето.
    За алергии и за болежкивост да не пушувам.И двајцата се доени и двајцата беа со Зиртек и со температура која оддеднаш ќе се појави,нема правило.
    Полесно е да си лежеш и во секој момент можеш да су го нахраниш чедото,без стрес дали е жешко ладно итн.
    Моја пријателка не сакаше да и се расипат градите,ок,нејзино дете нејзин избор но и таа е мајка.
    Глупост ми се споредбите од мајки доилки и тие кои не дојат.Па исто е нели,секоја треба да го нахрани детео на града или шише.
    Поимот мајка е нешто поопширно и во него не спаѓа само доењето,
    Мајка си цел живот.
     
    На Kaetana, bittersweet, makedonkamak и 6 други им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Не е се црно бело. Има тешкотии и во доењето и во хранење со ад. Поминав и тоа и тоа. Тешко е да фатиш мастит, да гориш од тт, гради ужасно да болат, бебе да виси на града, да плаче, а околу тебе сите да паметуваат дека е гладно. Доењето е најболната точка за мајката, барем за мене беше. Потфрлување во доењето мајката на почеток го сфаќа за трагично. Но, :!: тешко е и бебе да вришти да го држип во една рака, со друга млеко да правиш, или да се молзиш како што правев јас, да топлиш вода, да гледаш да не има раски внатре, секој ден да слушаш како тоа и тоа ад е повлечено од продажба и да ти се сечат раце и нозе. За пари да не збораме. За товарење пред излегување исто, за роботски живот врзан на популарното "3саати" итн.
    Но доењето не е само "цицката надвор" ни ад-то не е само "тупни го шишето и готово". Еве моево не му отвара уста ни на татко и, не пак на друг.
    Толку време го чекав, толку работи поминав, речиси безнадежно беше. Бременоста беше најголемо изненадување и за докторите така да сега кога ќе се сетам дека откако ја родив здрава права, јас плачев за млекото, сфаќам колку сум била будала, баш будала.
     
    На Kaetana, Mariangel, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.594
    Пол:
    Женски
    зошто воопшто дозволувате да сумљате во своето мајчинство само поради тоа што не сте доеле?Ве читам цело време и гледам се правдате.Зошто?Ако сте дале се од себе и не сте успеале никому ништо.

    ке имате второ,трето ке имате шанса можеби тогаш да доите
     
    На Kaetana, Mariangel, НаталиЛили и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Мене па ме нервираат оние што велат да бидам упорна и да го ставам на града и на 10 мин. Сум пробала, ама кога не сака, не сака. Плаче, пишти, не може да фати и тоа е. се измолзувам и плус ад. и некој да ме осудува?? А и тие што се измолзуваат знаат колку е напорно.
     
    На green.eyes, Mariangel, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.400
    Пол:
    Женски
    Ако ми веруваш ич не се правдам. Но искрено револтирана сум кога некој кој не ме знае се дрзнува да ми каже дали е ова или она боље, дали е ова или она правилно а не сум го ни побарала тоа од него. И фалење од тип „ јас дојам 2 год, или 5 год, или сл“ ок де. И?
    Ме разбираш што сакам да кажам. На моите дома не им давав да се мешаат во врска со моите одлуки и сега и натаму у животот, нема да дозволам сигурно да ме етикетира некој незнан и ич небитен за мене ни по соц мрежи. У осталом како сака нека ме нарече, едноставно само сакаме мислам сите кои сме минале ад да објасниме дека не секогаш МОРА да е мајчино у прашање.
    Не е до тебе муабетов, општо е, тебе те гуш и бац :* :l:
     
    На CameliaMiller, Abeja, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Јас немам потреба да се правдам, ниту било кој овде. Кажано е мајчинството е многу повеќе од доењето, сите исто не боли ако се болни, ако паднат, сите се радуваме кога ќе научат нешто ново, сите со нив ноќите ги делиме, се нервираме, плачеме и се смееме со нив... Да се биде мајка е многу повеќе.
    Погрешно сфаќате дека некој некому се правда. Јас и второ да имам ако гледам губи на тежина ќе го хранам со ад. БЕЗ грижа на совест.
     
    На Mariangel, CameliaMiller, Abeja и 7 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.800
    Допаѓања:
    65.519
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто во секоја дискусија се наметнува веднаш мајки и немајки. Тука дискутираме за еден аспект од мајчинството, спомнав и во претходен пост. За било која дискусија веднаш има демек ти мајка јас немајка. Може мислам некогаш и генерално да се дискутира, да се излезе надвор од сопственото искуство.

    По постовите се гледа колку ни фали едукација и поддршка. Педијатар да рече слабо е млекото, место да советува како лактација да се подобри, да даде корисен совет, слабо било млекото. Затоа има толку мајки кои потоа преминуваат на ад. А се гледа дека повеќето сакаат да дојат. Поради тоа треба да се има повеќе советувалишта и помош.

    Јас не знам мајка која доела без проблем. Постои ли таква? Дури и да постои се премногу ретки. Во темата доење се гледа дека секоја се соочува со некаков проблем.
    Најголем дел од проблемот е што повеќето не сме свесни дека доењето не е така лесно. Очекуваме бебе да фати да си цица и тоа е тоа. Па не изненадуваат тешкотиите, а веќе сме исцрпени од пораѓај, има недостаток од совети, недоволна поддршка и тоа е тоа.

    Еве едно постаро истражување, за ефектите. Да немаше никаков проблем и да беше исто дали детето е доено или не немаше да има апели од здравствените организации да се дојат децата. Ќе беше исто и никому ништо.
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2812877/
    Работата е што кога мајката мисли дека е исто дали ќе даде формула или ќе дои полесно се одлучува за формула, ама ако знае и е информирана кои се предностите на доењето во однос на ад повеќето би се одлучиле за доење. Тоа е работата и затоа се апелира. Затоа се истакнува, а не за мајките кои не успеале да се чувствуваат лошо. Мора да се направи дистинкција и некогаш да се гледа подалеку од себе.
     
    На Kaetana, Mariangel, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.