Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Најискрено и ако не дадам се од себе, односно ако од старт се одлучам да не дојам, нема ни во делче од секундата да посумљам во себе, своите одлуки и своето мајчинство.
     
    На Kaetana, Grungie, Abeja и 8 други им се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.907
    Пол:
    Женски
    Реин, во живо имам другарки, познанички и сл кои го ПОТЕНЦИРААТ доењето и колку се они мајки дека дојат. Голем бул е тоа. Ок го дои, јас поддржувам доење тоталка, не поддржувам педијатри кои веднаш даваат ад, ама па еве ти и контра муабет. Мојот тврдеше дека ќе дојде млеко и да не се секирам, ама наместо тоа јас го изгубив. Дадов ад на своја рака. Кога му кажав само крена раменици. Тоа е. Мене ми е најбитно да е нахранет, а ако не е моето млеко доволно (не слабо туку количински) ондак има решение фала богу.
     
    На Esmeralda-MD, Grungie, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Па сигурно дека која и да е мајка нема да си го остави детето гладно ако и е слабо млекото. Мајчинството не е во тоа дали некоја мајка дои или дала ад. Во секој случај подобро е мајчиното млеко, но има деца и што цело време биле на ад па никому ништо.
    Не си ставам толку на мисла што малата ми е малку доена, ниту пак имам намера да се правдам зошто не доев повеќе. Еве ја па сега воопшто не пие млеко.
     
    На Esmeralda-MD, Abeja, augustd и 2 други им се допаѓа ова.
  4. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Не мал милион пати сум прочитала "по толку и толку месеци ДОЕНЕЧКИ СТАЖ" се одбивме, и одма мајката паѓа во депресија оти блискоста се губи, нема детето да ја гледа во очи додека цица, бла бла да не ја должам понатаму знаете прикаски колку сакаш. Овие со АДАПТИРАН СТАЖ кој ги врти, тие не осетиле за да се филмаат... Или треба да го одбивам срце ми се кине... Е, не го одбивај, нека цица до школо, здраво е.
     
    На BlackNight, LadyC, Elenche87 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    38.336
    Пол:
    Женски
    Јас овде повеќе правдање гледам од тие што дојат. Не е преценето доењето туку потценето.
    @augustd и да паднам во депресија по одбивањето, како е во ред да се коментира тоа, а од друга страна ако напишам нешто за АД одма испаѓа дека судам?
     
    На Kaetana, makedonkamak, LadyC и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    site go podrzuvaat doenjeto,a nikoj ne ja gleda makata na tie sto ne dojat.. a da stanuvaat da se molzat ili da pravat ad vo 3 na polnok? I toa e majcinstvo ,duri i potesko otkolku da ti ja tegnat cickata.
     
    На Esmeralda-MD, wannaBeMomma, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    А што да кажам јас дека точно една година на секој 3 часа се измолзував. При млеко она не фати да цица,а имав и превише млеко додека бевме во болница им даваа на другите бебиња за да не го фрлат. Ми беше комплицирано да отидам на гости нпсев шишиења ,пазев време колку млекото е на собна тт, трчи дома да се измолзиш па почне млеко да тече. Ама тоа не ме направи помалку мајка и не се осетив ништо побезвредно оти не ја осетив таа поврзаност со доењето. Не си стварајте дополнително комплекси едноставно уживајте и додека го раните со шише пак е во вашите раце има многу начини да покажете љубов,вашата врска е за цел живот. Screenshot_20170315-000145_1.jpg
     
    На Mariangel, barby, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  8. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Зошто би паѓала во депресија кога ете до нормална возраст си го давала најдоброто?

    Што да речам сега, не само јас, туку сите кои давале ад, по прочитаниве, за мене глупави статии, бидејќи имам кажано, многу не верувам на интернет статии? Дека го труеме детето... Или што?
     
    На LadyC и LiliBoz им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    38.336
    Пол:
    Женски
    @augustd затоа што за мене е непроценливо тоа што го имам дури го дојам. И нормално дека ќе ми фали и со тешко срце ќе го одбијам. Ама пак ќе кажам, за мене. И не сакам да ме прават луда или да бидам исмејувана поради тоа како во коментарот.

    Ако кажам дека мајчиното од некои аспекти е подобро од АД, поради тоа што содржи антитела, и други својства што АД ги нема, не значи дека осудувам и делам на мајки/ немајки. И да не доев ќе го имав истото мислење. Не дека нема такви мајки, ама јас лично таква поделба никогаш не сум направила, а се пронајдов во твојот пост. Сите што дојат се ставаат во ист кош, дури многу пати непријатно сум се осетила што дојам.
     
    На Kaetana, bittersweet, makedonkamak и 10 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.886
    Јас не сум ни ден доена, сестра ми до 9 месеци е доена.
    Немаме разлика во болежливост.

    Дм не е доен ни еден ден, брат му е доен до година и нешто.
    Брат му до ден денес е поболежлив, а се веќе возрасни луѓе зборувам.

    Нема правило.
    Ако сакате и можете да доите - доите.
    Ако не сакате, не можете, итн ваша работа - не доите.
    Не се правдајте, нема потреба.

    Никој нема право да ви наметнува свое мислење.
     
    На Kaetana, LadyC, Esmeralda-MD и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Гледам некои одат од крајност во крајност. Не треба никој да си зема за право да суди некому зошто така не вака. Моите за среќа фатија да цицаат и раат бев. Со првото баајги мака видов, дури после третата недела фати да цица, дотогаш се одмолзував. Веќе бев пред откажување. Тоа си бараше поголема количина, додека спиеше јас се одмолзував, башка проблеми со раната. Ми се чини го видов господ во повеќе наврати. Рана инфицирана, не можам да седам, дете гладно... среќа што бев упорна и издржав некако.
    Ако не фатеше да цица ќе се откажав и тоа немаше да ме прави помалку мајка. И никој за тоа нема право да кажува зошто така, зошто не сте упорни, зошто не одиш, зошто си на ад зашто не доиш е тогаш фино можеш да отераш некој во...
    Со второто полесно минав.
     
    На Grungie и Annath им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да намалите со ставање на линкови од разни истражувања, како ад млекото не било корисно, било штетно а мајчиното било најдобро. Сите сме свесни дека прв избор е доењето и глупаво и безосетно е да редиш линкови каде ад млекото се осудува, на друштвени мрежи каде читаат и споделуваат искуства и мајки кои од оправдани причини не дојат. Тие немаат друг избор а додавање масло на огинот воопшто не е убаво и тоа од личности кои и самите се мајки.
    Епитетите мајка и немајка не мора да се напишани како такви, но се читаат меѓу редови по начинот на изразување. И навистина емотивниот дел од одбивање од цицање на 2-3 години може да се премести во тема за доење, прво дека оди офтопик а друго од почит и кон емоциите на оние кои не дојат.

    Ќе наведам само еден пример во кој можат да се пронајдат и доилки и недоилки. Сретнувам пријателка, децата ни се приближна возраст, ме прашува дали ги хранам, јас и велам да, готвам посебно за нив. И она аууу па јас се им давам на моиве, манџичка од таа за нас, пржено ова она... Па и велам дека јас сеуште не им давам шеќер, сол, зачини, зејтин, запршки. Неее она се им давала, си јаделе се. Може после ќе му даде цице и ќе ја неутрализира запршката. Доењето е здраво, не дека не, ама џабе е ако ти пред година му даваш чоколадо, пудинзи со шеќери, сладоледи, запршки, смоки, салами...

    Како што доењето е здраво, така и исхраната со ад млеко е здрава. Ако мислите дека ад млекото не е здраво и е маркетинг, тогаш запрашајте се колку се здрави готовите кашички, сокчиња, лино кашите што толку ги рекламирате на форумов, плазма бисквитите итн... Зошто ги рекламирате лино кашите кога се НЕздрава храна? Ама за профит би рекламирале и ад млеко, кое толку многу го осудувате.
     
    На LadyC, Grungie, НаталиЛили и 7 други им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    38.336
    Пол:
    Женски
    @Abeja неколку пати се повтори дека темата не е за случаи кога морало да се дава Ад. Ако некоја мајка одлучила да не дои, како ќе влијаам на емоциите со коментарот, кој всушност беше одговор?

    И пак генерализирате. И доени деца можат да се здраво хранети, и деца на Ад да се нездраво хранети. Еве јас на 20 месеци посебно готвам, до година ни сол, ни шеќер немаше пробано.
     
    На Kaetana, makedonkamak, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Морало да даде, не морало, исто е.
    Во двата случаи тоа е избор на мајката.
    Зар мајката која морала да даде ад млеко треба исто да се чувствува виновно и да биде емотивно погодена од изјавите на доилки и од разни статии и истражувања? Сите знаат и нехумано е да се редат линкови и додавање масло на огинот како тие грешат и ад млекото не е убаво.

    Темава требаше да биде наменета за потребата од едукација и помош на мајките кои прв пат родиле за да успеат во доењето, а не да се прави споредба кое млеко е подобро, мајчиното или ад.
    Кога веќе се прави разлика помеѓу доење и ад млеко, добро е да се направи разлика и во начинот на останатата исхрана, колку е таа здрава а колку не.
    Ај мама сега ќе те надои па после ќе ти замути чоколинце.
     
    На Grungie, wannaBeMomma и augustd им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Бидејќи цело време се нагласува освен оние кои морале, јас мислам најдобро да се каже дека е наменето за оние кои свесно одлучиле да не дојат и дале ад млеко, па на раат да им се лепат епитети какви немајки се и да им го тумачиме мајчинството.
     
    На BlackNight, Kaetana, Mariangel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    13.419
    Баш. Имам другарка што има 8-месечно дете и се фали као најдобро да се дои, цицката и супер се,а му дава грав, зелка, манџории секакви, каши купени, чоколади, торти, абе се му бута во уста.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Кој ги рекламира? Што зборуваш во множина и на кого му се обраќаш?
    Јас покрај доењето гледам и здраво да си го хранам детето.

    Се подзамислив за линковите, ама ги ставив зашто упорно се зборува како е скоро исто, како ете сите познавале толку доени деца болни, овие другиве сите здрави. Како сите да познаваат илјада, две илјади доенчиња и сега можеме таков заклучок да изведеме. Ама ако се збори лошо за доените нас не не боли, а другите ги боли. Противтежа. :)
     
    На makedonkamak, Lolipop23 и kristina.k им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    А кој лошо збори за доените деца? Вие кои ги осудувате оние кои даваат ад млеко велите дека мајчиното е најдобро и е како магичен лек, помалку се разболувале од оние на ад, па оние што даваат ад млеко ви даваат и спротивни примери, што значи дека се релативни и двете страни. Тоа не е никаков напад, повеќе звучи како одбрана, не се правете жртви сега :D

    А за рекламирањето, ти како глобален админ, си слично на директор на фирма, па по тебе ќе викам и ќе ти се жалам, иако не те цитирав, зашто мислев дека и @Mihajlo може ќе даде придонес во темава дали е подобро да се дои или ад млеко. :D
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.765
    Уште една против тежа:

    Па ако веруваме на анализи на педијатари за доењето, зошто да не веруваме на упатството на формулата (кое исто е пишано од педијатри) дека е ,,најблиску до мајчиното млеко,, ?!
     
    На wannaBeMomma, Sesil, augustd и 3 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Немав врска јас, ниту пак некој ме праша, чисто за појаснување. :)
    Ако ја прочиташ An-na погоре ќе ти биде јасно дека доењето не е магичен лек, туку дека има и други фактори. Пишав и погоре.
    Па, види погоре во статијата како ад е рекламирано уште во рани години и што испаѓало потоа. Јасно ќе ти биде.
     
    На oblace1, Lolipop23 и An-na им се допаѓа ова.