Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    На самиот наслов на темава стои "доење наспроти формула". Меѓу нив не постои никаква ни најмала можност за споредба. Се знае, неспорно е, дека доењето нема замена. Тоа е најздравиот избор за бебето, најдобриот и најприроден. Сите ќе се согласиме дека доењето и најдобро. Тука, секако однапред ќе ги исклучам понатамошните "факти" за здрави деца на ад, болни доени и обратно. Мајка-немајка па веќе не ни помислувам да спомнам. Штом се начнува таква дискусија јасно е дека некој има потреба да се правда. Не ја гледам оправданоста на тиа мајката да се прикаже како жртва на едниот или другиот начин на хранење, зошто ниту еден од нив не може да ја дефинира како мајка или немајка. За мајка се потребни милион други жртви, не во текот на бескрајно долгиот доенечки стаж, или станување ноќе ад да правиш, ами цел живот.
    Не знам зошто се мешаат некои работи и се кажуваат непромислени и неиздржани работи.
     
    На Kaetana, Mariangel, ph.orhideja и 11 други им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    38.336
    Пол:
    Женски
    Ама кој кого суди мене не ми е јасно? Кај видовте дека судам мајка што свесна сама одлучила така да го храни бебето?
     
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.764
    И моето беше сито и Вашите беа сити.
    И моето порасна и Вашите пораснаа.
    И сега?!
    Поента некоја...доено-недоено....
    Ова ми е исто како оние приказните - моето се роди 5100, твоето 2900, мене ќе ми биде полесно оти родив израснато дете !?!|(Што од тоа кога на пример на 5 години и двете ќе имаат по 18 кг...само што првата ќе се измачи поеќе додека ги извади од себе 5100.

    Оставете статистики и мислења од доктори и правете како што Ви налага ситуација, здравје и можност.
    Доењето е предност и здраво, ама кој може и сака.
    Секоја си постапила како што мислела дека е правилно.

    Кој мисли да дои-пречка нема, нека чита и нека се едуцира и припрема за период на лактација.
    Кој нема таква намера нека си тера како мисли дека е најарно за неговото чедо.

    Да едитирам....само што секоја фаза од одгледувањето на децата има своја ,,еуфорија,,...сега сме мајки на мали дечиња, па доено-недоено, вакцинирано-невакцинирано...
    Секој период си има фаза во која има теми за дискусија.
    Бидејќи оваа фаза ја минувам веќе трети пат, да бидам искрена, џабе сум се нервирала првиот кога навистина имав проблем со доење...
     
    На BlackNight, Mariangel, sanjaeva и 7 други им се допаѓа ова.
  4. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Само да додадам и оние кои не можат да дојат, да не се оптеретуваат психички, туку тоа време во кое очајуваат да им го посветат на бебето, оти не е ич крај на свет ако дадеш ад.
     
    На BlackNight, Mariangel, Grungie и 6 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    заради профит :)
    исто како што фармацијата профитира од хемо а од истата лугето умираат побргу .Ама лекарите ја препишуваат и понатака
     
    На Kaetana, Mariangel, makedonkamak и 6 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Доколку ја следиме оваа логика да не заборавиме дека бебето прима се од мајката.
    Она што таа јаде, пие и најразлични терапии во текот на бременот или доење кои истите доктори и фармацевски индустрии ги окарактеризирале како безбедни.
     
    На Kaetana, Abeja, wannaBeMomma и 3 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    а за кој лек фармацијата напишала дека е небезбеден?

    дека профитираат од нас стои.Вон темата е ама сум била сведок мал милион пати кога докторката земала процент од одреден лек ,за кој е платена да го нуди на пациентите.

    така прават мн од педијатрите и со ад.Ке ја убедат мајката дека мора ад да се дава и нејзе толку и треба .А истиот после во соработка со дистрибутерот,производителот или аптеката си делат процент
     
    На Kaetana, Mariangel, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Точно така, вон темата е.
    Муабетот е доколку сумљаме дека не лажат за ад, дека не е безбеден и здрав, би требало да има и основана сумља, сто пати поголема уствари, за секоја терапија во текот на бременост и доење.
     
    На Abeja, augustd и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    мојата сумља е таа и си стојам зад тоа дека е профит во 80 посто со случаите.Исто како и со капите за крв што стамнува нов тренд кај педијатрите.Исто чист бизнис
    на бебе од 2-3 месеци капки

    референтка праша јас дадов мое мислење
     
    На teacher му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    96.528
    А како без хемо ќе се спречат метастазите и ќе се уништат веќе постоечките? Со алтернативна медицина???
     
    На referentka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    идеш оф топик тука
    тагни ме соодветна тема или да пишеме лп
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Еднo сaмo не ми е јaснo и бaрaм oдгoвoр. Еве знaеме декa мaјчинoтo е пoдoбaр избoр зa бебетo. Гo имaме скoрo сите, пa зoштo кoгa е избoрoт мaјчинo нaспрoти aд, се oдлучувaте зa aд?
    Дa ми oдгoвoрaт oние штo имaле млекo и без сериoзни прoблеми и не мoрaле дa дaвaaт aд. Имa ли тaкви?
     
    На Kaetana, Mariangel, makedonkamak и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.883
    Не секому може хемото да му помогне.
    Ама на овие денес 90 луѓе што поминаа, им помага. Живи се. Живеат.
    На таткото на дм не му помогна во смисла да се излечи, ама му го продолжи животот.

    И познавам моја врсничка, која е во ремисија веќе 10+ години.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Ако рече педијатар ад, од кај тој знае ти за кое ќе се одлучиш па да земе процент? Процент се зема на склучена зделка, а не на препорака дека нешто е добро.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.883
    Ако ти даде ливче на кое е рекламниот материјал од конкретниот производ, а на истото има факсимил негов, добива процент. Секако ако го приложиш ливчето во аптека.
     
    На Kaetana, НаталиЛили и joy1 им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    96.528
    Знам дека е оф топик, ама веќе беше отидено оф па само се надоврзав. Можеш да кажеш со една реченица, не ми е потребно разлагање големо.

    @CameliaMiller знам. Сум читала и читам сведоштва од луѓе, па и знам луѓе кои пробале со алтернатива, ама нашле спас во хемотерапија. И нејзината успешност зависи на кој орган е и колку е зафатеноста. Небитно, да не одиме подлабоко, друга е темата.
     
    На Sesil и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не познавам никој да купува ад со ливче. Смешно е веќе.
     
    На alisijad, referentka и danichap им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.017
    Пол:
    Женски
    За секој лек Џој стои дека не е безбеден.Дефиницијата на лекот е отров.

    Во секое упатство на лекот стојат несакани ефекти,колку е безбеден во комбинација со одредена храна и со кои лекови стапува во интеракција.
    Пред секој лек да се пушти во промет подложен е на низа обемни клинички и претклинички студии.
    Ни за отц препаратите не пишува дека се сто посто безбедни.Исто и за оние кои се на билна база.

    За профитот и фармацевтската мафија е долга и широка дискусијата.

    Муабетот ми е дека денес има избор и треба да сме среќни за тоа.
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    па препорака даваат скоро сите за тоа кое е 'најдобро'
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Да, ама ај да збориме реално, тоа останува само препорака. Секој купува она што мисли е подобро. Еве има тема за ад, листајте, ќе видите.