Не знам за ад, зборувам за разно-разни фитотерапии (природна база). Сите фармацевтски компании имаат рекламен материјал, немам некое при рака да ти сликам, и на самото ливче пишува по препорака од специјалист пример. Ако докторот ти штракне факсимил и ти рече појди во аптека купи го ова, а ти го приложиш ливчето, докторот добива процент. Тоа не е нужно лошо, пример имаш 5 вида производи кои се исти, но различна фирма ги произведува, докторот ќе ти го препорача производот на фирмата со која соработува. Ти не си изиграна во случајов, од причина што пак го добиваш суплементот кој секако треба да го добиваш.
@CameliaMiller точно е ова што го кажуваш, но не сум слушнала да постои и кај ад. Посебно што секое дете е посебно и поинаку реагира на различно млеко... па и неколку врсти млека менувале додека се најде вистинското.
Реков не знам за ад, се надоврзав на муабетот. Ако докторот ти даде ливче од ад штракнато со свој факсимил, дефинитивно добива процент. Сосема друго е ако ти препорача производ, но никаде не штракне дека баш тој ти го препорачал Тогаш веројатно навистина мисли дека тоа што ти го препорачува е најдобро што може да ти препорача.
Леле, ај не бидете смешни, ве молам. АД млекото без пари ли е? Јасно е дека се се врти околу профитот. Имаат разработена маркетинг мрежа која, за жал, ги вклучува и педијатрите. Еве на пример, одите кај педијатарот, тој ви вели дека треба дохрана и ви дава препорака кое млеко да го земете. 99% од мајките ќе го земат тоа што им е препорачано и најмалку половина од нив ќе останат на истото. Тоа не е маркетинг? Плус, кај секој педијатар има рекламни материјали еден куп. И затоа земаат проценти. А не треба и срам да им е. Среќа мојава матична е против АД, па немав проблем со неа, туку поддршка за да истрајам во доењево. Мене патронажната ми препорача кое да го земам За среќа кратко ми траеше таа авантура. Второ, убаво напиша @BirMelek беспредметна е споредбата на мајчино со формула. Неспоредливо е. Сите кои што го тврдат спротивното се залажуваат. Греота е навистина да тврдите дека нема разлика мајчино со формула. Посебно што повеќето кои ги читам тука, во други теми се залагаат за природна исхрана, козметика итн, а тука тврдат дека баш и нема разлика вештачко со природно. А се работи за најранливиот период на детето. Првите неколку месеци (идеално би било минимум шест) е пожелно да се дои. Тие кои не успеале во тоа, не треба да се чувствуваат лошо, ама тоа што не успеале во доењето не им дава право да тврдат дека нема разлика. Има. Голема Дури и да сте го доеле само неколку дена или недели, сте му направиле голема услуга на малечкото. Го примил целиот колострум кој е злато вреден.
за ад никогаш не давале ниту ливчиња , ниту факсимил. ниту па аптеки посочува некој доктор каде да купиш.не само за ад за било што.
Мајчиното е најдобро и разлика има. Нема логика и основа да се тврди спротивното. Дали е ад усовршено да биде соодветна замена? Значи не идентично, само приближна замена, бидејќи мајчиното е јасно дека е незаменливо. Мојот одговор е да. И дали е штетно, нездраво, ќе остави последици? Мојот одговор, мислење, е не.
Од такви размислувања, да не речам селски и да не збори народ дека ете бебето е рането со вештачко млеко, маж ми како бебе завршил во болница. Не сакам да вреѓам, ама има некои личности што ги знам и во приватниов мој живот си зацртале дека треба да се дои и точка. Е поради такви свекрва ми била упорна да го дои маж ми, а немала млеко. Нејзината свекрва и трубела да си го дои и дека нема ништо поубаво од тоа. Ок, да дои, ама да има со што, а не он си цицал што се вика на празно и по 10 минути пиштел гладен. И завршил во болница зашто паднал многу на килажа. Па пораснат е на ад.
За ад не знам, но секој ден гледам колку "рецепти" за фитотерапии се издаваат, и со назнака во која аптека да се купи. Сама сум присуствувала на многу вечери финансирани од фармацевтските куќи, а кога мене вака небитна ме поканиле, можеш да замислиш колку пати докторите биле поканети? И колку често фармацевтските претставници (кои секогаш се или фармацевти или доктори) доаѓаат кај лекарите за да промовираат некој нов производ? Или си се запрашала зошто наместо генеричко име, пишуваат име на лекот кое е регистрирано од страна на некоја фармацевтска куќа? Пример Цитерал, кој е производ на Алкалоид, а не Ципринол (Крка) или ципрофлоксацин кое е генеричко име? Или Таниз, Тамлос итн. А не само тамсулозин? Итн. Истиот производ е, но различен производител.
уф секој ден висеа ваквите наконтени со актовка во рака на одд кај нас.Ке пијат кафе кај докторката пола час,оставаат пенкала за сестрите и куп флаери со реклама од лекот. Треба ли да кажам дека во ист ден сите пациенти го добиваат истиот супер гига мега јак лек
Ако докторот мора да ти препише или препорача лек или ад во случајов, тогаш од една страна и сеедно е од која фирма е ако составот е ист. Од друга, на пазар ли сме а тој продавач ли е па да ми нуди за заработка? Доктор е, не го личи едноставно. А ако се подлажат за поголем процент па нудат и препишуваат и каде што не треба, тогаш со извинение на Ромите -на цигани ми личат.
Лекарот ќе му кажува каков лек да купи на оној на кој може. Ама не може на сите, тоа е факт! Мене лекар ме има праќано и во одредена лабораторија (претпоставувам си имаат некаков бизнис пакт со сопственикот) па јас излезам откај него и си отидам таму јас кај што сакам. Ништо не ми може, јас си плаќам за анализите, јас одлучувам кај ќе ги дадам парите! @joy1 зошто толку иронично зборуваш за лекови? Никогаш не си користела? Не знаеш дека некои луѓе благодарение на долгогодишни терапии со лекарства дочекуваат старост, раѓаат деца? Па ако тој лек мене или на мој близок му помогне за здравје, лекарот нека земе процент, плус и јас ќе му додадам бакшиш! Се борам за здравје, а на лекарот тие пари на чест нека му служат штом му дошло за толку. @CameliaMiller , некогаш кога ти е тесно околу врат и тоа што не треба ќе пробаш со надеж дека нештото малку од малку ќе помогне/олесни. Тоа е тоа. Очајот за здравје прави се'.
Пишуваат само кај што треба, од мое искуство, но проблемот е за мене барем кога ќе му рече - баш тој и само тој лек. Цитералот и Ципринолот на пример мислам дека имаат и разлика во цена, ако се скроз иста работа. @Emy867 се' си е право што зборуваш, јас не верувам ни во бајачки ни во алтернативна медицина, но дека бизнис си тераат, си тераат. Ама сами луѓето не купуваат Простамол, Магнезиум итн... Или овие што се Премама и сличните. Некој секогаш ги рекламира... И не за џабе
Индустријата за формула е милијарди тешка. Милијарди се во прашање. Имало случаи во Америка кога имало шеќер во млекото, а не било наведено. Зошто тоа не го рекламирале? Се рекламирало, посебно во педесетите дека е поздраво дури и од мајчиното, со реклами се поткопувала и така веќе кревката самодоверба на мајката, се додека не била забранета таквата реклама. Кога нормално, со испитувања станало јасно дека воопшто не е така. Не сакам да редам податоци и статистики, еве гледам се алармирате, ама ако сакате се и сешто има да се прочита за индустријата, какви не реклами имале и што се не тврделе, за да испадне не е така и... прочитајте. Ќе ги набројам само придобивките од доењето. Доењето помага да се намали ризикот од повеќе болести вклучувајќи го и сидс, астмата, повеќе видови на инфекции, тип еден и два дијабетес и дури и гојазност. Мајките кои дојат ги намалуваат шансите за дијабетес тип 2, рак на јајници и гради. Плус и линк од придобивки http://doktori.mk/element/view/527ab0983b24d/Pridobivki-od-doenjeto И при се ова да одбереш да даваш пари за нешто што е само замена, не толку здрава и ефикасна јас не можам да разберам. Погодете кое е кое.
@RainBow не мора да разбереме. Некои постапки како родители сами на себе не можеме да си ги разбереме и објасниме а не па туѓите.
@RainBow освен мајчиното млеко, добра заштита и превентива од астма се и домашните миленици, just saying. Не можеш да ги разбереш изборите на другите луѓе, а сега замисли некој да ти се чуди тебе што дете во град растеш, а не на планина. Оти познавам и такви, што буквално се' оставија и заминаа по планини деца да растат, бидејќи не е здраво во град. Јас не би доела ако ме боли, на пример. Не трпам никаква болка, не гледам ништо романтично ако се испомачам. Ама јас немам дете и сеедно е што би ми кажале - себична, за детето ако те боли итн. Ама тие што имаат бебе и не можат да поднесат болка, практично ги осудувате. Без никакво право за истото. Нема некоја што не е свесна дека секако мајчиното млеко е најдобро, но не е во ред да им набивате грижа на совест.
@Emy867 каде гледаш иронија? тоа што напишав дека сум против хемо или дека лекарите земаат процент за да препишат приватен лек? едното е мој став и неможеш да ми го промениш.Другот е реалноста која ка гледав секој ден тоа што 'ти' несакаш да признаеш дека фармацијата ДЕЛ е голем бизнис и мафија тоа е твое лично убедување ,јас не ти можам тука ништо. јас на широко заобиколувам лекарства.Вештачки сумплементи не земам.На децата еднаш купив масло за имунитет и не го пиеја повеќе од 3 дена.Не вакцинирам.И антибитоци имам пиено еднаш во 4-5 години како нужно зло. УЛави ли се странците што не даваат ни инфузии ,ни антибиотици ни ништо ради реда?Ова само кај нас го има,лекови се продаваат како млеко на рафт.
Е не, ќе ја чешлам Не сакала болка да трпи мислиш којзнае што е што секоја друга не го поминала, па сега зошто сме ја збореле. Мое право, нема да ја наречам немајка ама лигла сигурно. И шо?
Јас не им набивам грижа на совест, сзо им набива велејќи и препорачувајќи дека најдобро е за бебето ексклузивно доење до шест месеци, потоа до една година со воведување цврста храна и пожелно е до две години. Или треба да престане со препораките што е најдобро за бебињата за да немаат грижа на совест родителите?
Не би рекла дека е само препорака. Ам мене нишо, ме заболе Бриџа како ќе ме нарече. Ама ете, некоја друга ќе ја здоболи Бриџо.