Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење наспроти формула

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 25 јули 2017.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.805
    Боље Бриџа него цицка!
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Од такви како мене мака нема да види оти јас приватно не разговарам на вакви теми оти искрено не ме интересира до степен да убедувам. Освен со најнајнајблиски и вака на форуми.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Гига мега јак лек е и те како иронично. И ако ти и твоите деца не сте посегнале, не мора да значи дека тој што посегнал е луд. Мене не ме интересира за странците, јас сум јас, тој е тој... јас еден ум и генетика, тој другиот исто така.
    Никогаш за ништо не треба да велиме никогаш!
    Јас не сум поборник за хемија, лекови... не дај Боже на никого, ама ако треба, треба и крај!
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Уште еден пример за профит: Канестен (Bayer - Германија) и Кансен (Hemofarm - Србија) со генеричко име clotrimazole. Ниту еден гинеколог не кажува да се купи Кансен кој е околу 100 денари, сите препорачуваат Канестен кој е около 300 денари. Всушност ниту еден доктор не ни кажува дека има две опции достапни на пазарот, јас истражував на интернет и дознав.

    @CameliaMiller Зошто набивање грижа на совест? Па ако мајката одлучила дека давање АД е најдобра опција и не сака да трпи болка или не сака виснати цицки, тогаш зошто ја тангира туѓото мислење?

    Факт е дека доењето е најдобра опција и ради многу причини, па ако мајката може да дои, треба да му го овозможи најдоброто на своето дете. Истражувањата не велат дека оние кои не дојат се немајки, туку едноставно направиле избор кој е подобар за нив, а не и за доенчето.
     
    На Mariangel, makedonkamak, victoria и 5 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.712
    Пол:
    Женски
    тоа што СИТЕ 20 пациенти денеска добиле ист лек,витамин или нешто трето за мене е и повеќе од доволно да знам што се мати.

    и за последен пат ти реплицирам и ти викам дека тоа е МОЈ став ,тебе не те убедувам да не пиеш хемии
     
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    @RainBow значи ние што даваме АД ги труеме децата, така?
    И немој да речеш не зошто во секој пост го нагласуваш истото на еден или друг начин.
    Темава ја отвори и си пиша правила кои не ги почитуваш.
    Цело време целиш кон тоа дека АД е отров, а мајчиното злато. Абе ајде!
     
    На Abeja, augustd и alisijad им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Не велам дека е отров, велам дека не е како мајчиното млеко, не е толку здраво и поради тоа не треба да се дава како избор, туку веќе кога мора, поради што и било измислено. Зашто тогаш бенефитите натежнуваат.
    Не знам како во толку постови не сум јасна. Дискутирам на тема со факти и искажувам мислење, не знам како е тоа против нешто што сум напишала.
     
    На bittersweet, makedonkamak, snegulkata и 8 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мајка.
    Онаа етапа од животот кога жената заборава дека е жена, и човечко битие.
    Јас немам дете, ама во моја околина имам еден куп мали деца и бремени жени. Повеќето од нив се на ад млеко, некои принудено некои по свој избор.

    Во ред, сфативме дека мајчиното млеко е најдобро за детето. Но, доколку утре сметам дека за мене е премногу болно и мачно да дојам, или од некои други причини решам да го прекинам истото воопшто нема да имам грижа на совест.

    Ниту ме прави помалку мајка, ниту пак ме тангира доколку некоја го мисли истото за мене. Подобро ќе биде и за тоа дете доколку мајка му е свежа, недепримирана, и не е во грч од болки, отколку мајчино млеко ама целата без волја да станам од кревет и неспособна да функционирам.
    Детето чувствува се. А близина не се ствара од цицање туку од посветување грижа и целосно внимание кон бебето.

    Иронично е што си вадиме очи за млеко. А со самиот раст на тоа дете принудено е да се храни нездраво. Чоколадца и смоки немате грижа на совест што ќе јаде отпосле ама затоа ад е нешто најлошо што можеме да го направиме за нашите деца.
    Правете онака како што мислите вие, и како што вие ќе се чувсвувате подобро. Душебрижници и луѓе кои што ќе ве осудуваат ќе има секогаш.
    Децата чувствуваат се, затоа мислам дека од есенцијална важност е мајката да биде среќна и задоволна. Секоја мајка знае што е најдобро за своето дете и го прави истото.
    Нема простор за осуда ни за едните ни за другите.
     
    На Troi, Lella, Baby-bubu и 11 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.805
    Да не сме другарки Бриџо?
    Оти и јас во приватен живот не полемизирам како на форум... Нормално :)
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Доколку се одземе правото на избор на една идна или сегашна мајка не мислиш ли дека навлегуваме во една критична зона и си даваме преголеми права за нејзиното тело?
    Што е следно, да забраниме абортус( оти тука не само што не се храни најздраво бебето туку нема ниту да биде родено), да мине контрола низ домовите да се утврди дали има услови за да гледа деца, проверка на финансии за да го финансира истото, тест за психофизичко здравје за да се утврди дали ќе биде подобен родител, да се распрашаме по комшии мажот и да не ја брка и тепа а она трето дете ќе му раѓа за да го спаси бракот, мед дали става на цуцлата или дали цеди лимонче ако ика, дали пушела цигарата пред бебето да го стави на града да цица млекце...

    Тогаш да, многу права на избори ќе бидат одземени бидејќи најдоброто за бебето ретко кога е целосно исполнето.
     
    На Troi, Abeja, augustd и 7 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Па, не ни мислев на такво право, мислев да се апелира, како што и се апелира, на свеста на мајката самата да го одбере тоа што треба за своето дете. Не нешто законски да се прави. Мислам не кажав нигде такво нешто. Впрочем, затоа е и целото трубење и од сите организации и од сите што се залагаат за доењето. За да има повеќе стручни лица, поголема поддршка и поголема информираност. И за мајката со сите тие информации да може да одлучи. Нели, поради тоа што мајката секогаш го сака најдоброто за своето дете изборот би требало да е лесен.
    За абортус има посебна тема, ќе одам таму да пишам кога ќе ми се дискутира за тоа. :)
     
    На victoria, Annath, НаталиЛили и 2 други им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas nemam doeno poveke od eden den (ona sto se vika samo doenje).
    Go ranev deteto so togasen Pikomil do edna godina.

    Rezultat
    1. Nikogas ne bilo bolno, upsi ,zaboraviv ednas za 18 god i toa jas za takvo nesto ne bi dala Ospen ama, bese vo Mk na odmor + i Jas ne bev tamu i se deluvalo agresivno, demek doslo moment pred umiranje
    2. Vo gradinka trgna na 7 meseca, vmesano so deca i razni bakterii
    3. 185 cm i krupna graga, od sekogas bila takva
    4. koga dojdovme vo ovde bese kasna esen, prvata zima bese sekoe sabajle do -25 stepeni nadvor da si igraat vo 7 sabajle, pred dorucek

    Dosta se ovie 4 raboti.
    Da ne navlagame vo sporedba so moj vnuci i deca od priateli, doeni do godina i vecito mrsulavi, babi gi cuvaa,....

    Dali sum imala mleko neznam. Ne se ni zamarav, ednostavno nikogas ne sum sakala doenje. Se obidov edna nedela, ama postojano go prihranuvav.
    Po eden mesec dete rodeno 3350gr, stigna na 2900 gr i togas definitivno zavrtev na Pikomil.

    Jas nikogas ne bi doela. Kaj moeto dete se pokazalo deka vestacka hrana e Ok i koga bi imala vtoro (ama nikogas nema da imam :rofl:) pak bi go ranela so Pikomil.

    Onie majki koj odlucile da gi prihranuvaat ili soli da gi hranat so vestacko hrana ic da ne vi e gajle sto mislat drugite.
    Terajte kako Vas sto vi e arno.:clap:
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Се сложувам со делот за едукација, советување и поддршка од квалифицирани лица.
    И што помалку гледање во туѓите дворови тоа подобро оти и комшиите на овие кои покажуваат со прст сигурно имаат кажат нешто за децата на првите.
     
    На bittersweet, augustd, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @toogood Немa дете штo дo 18 гoдини не билo бoлнo, не претерувaј или прoвери си јa мемoријaтa. Стaрееш, се' си бивa.
     
    На Mariangel, bittersweet, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.956
    Пол:
    Женски
    Интересни ми се девојчињава кои сеуште не се мајки. Далеку од тоа дека немате право на став и коментар, ама немате искусено па затоа малку наивно делувате.
    Маките околу доењето не траат којзнае колку. Еден месец е. Преку сила два. Додека да се воспостави лактација како што треба. После е песна. Добро сега ќе стануваш сто пати во ноќта за доење, ќе заработиш дископатија (како мене) итн.... ама ништо не е во споредба со бенефитот од доењето.
    И повторно гледам некои ликови упорно форсираат формула убедувајќи не дека е исто ако не и подобро од мајчино. Дајте ве молам! Едно е што вие сте одлучиле, меѓутоа фактите се поинакви. И природата ни го налага спротивното.

    @danichap мешаш категории. Едно е исхраната на дете над 6 месеци, а друго е кога зборуваме за штотуку родено дете. Едуцирана си и знам дека ги знаеш бенефитите на колострумот и мајчиното млеко барем во првите месеци додека бебето е кревко. Некако имам чувство како да сакаш да го обезвредниш доењето. А не е во ред. За идните мајки не е. Има тука мајки кои читаат и сакаат да се едуцираат, па кога ќе прочитаат вакви изјави многу полесно се решаваат за АД. За тоа зборува и @RainBow
     
    Последна измена: 27 јули 2017
    На Kaetana, makedonkamak, Kitten и 9 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    @An-na кои се тие ликови?
    Слободно и цитати стави, да може да се реплицира соодветно.
     
    На augustd, manja666, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.956
    Пол:
    Женски
    Конкретно за @toogood мислев.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Јас сум против одземањето на право на избор и лепење етикети.
    За важноста на мајчиното млеко сум многу добро запозната.
    Првата ќерка беше на ексклузивно доење.
    Со втората ќерка беше песна бидејќи знаев како да ја држам, која поза да ја зазедам, да и го наместам главчето и устето, со мојата исхрана исто.
    Се чуствувам опуштено, неспоредливо со првиот пат.
    После еден месец имав чудно чуство дека градите се меки. Ми велеа дека лактацијата е воспоставена, дека така треба. Ама некако телото и претчуството го говореше спротивното. Набавув вага и решив да мерам.
    Првата недека стагнираше. Втората исто. Мерев и пред подој и после подој. Првен исцицуваше 30 мл, а потоа, и покрај 4-5 литри течности на ден од кои минимум 2л од чајот за доилки, дење ноќе висење на града додека големкото ми лежеше во скут, исцицуваше само 10.
    Пак си реков упорност.
    Не се откажувај. 10мл ама ставај ја цел божји ден на града 10 по 10 ќе се соберат.
    Третата недела почна да симнува на килажа и тоа беше моментот кога си реков дека е доволно да вежбам упорност на бебе од 4-4,5 кг, грне месо, и ја дадов првата флаша.
    Не ми треба некој да ми каже дека сум се дала се од себе, дека секоја капка била важна... го знам тоа.

    Ама пак ќе речам,не се осмелувам мајките кои донеле друга одлука да ги нарачам немајки или да им одзедам право на избор околу најмилите.
     
    На Kaetana, Mariangel, Troi и 6 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    А што е со тоа душебрижници, та душебрижници? Темава не е поразлична од било која друга на форумов, искажуваме сите мислење и став, споделуваме информации. Кој сака чита и учествува, кој не не мора.
    Не сме ви дошле дома да ви трубиме, па да мора да слушате, просто и едноставно.

    @danichap пак истото го збориш и наметнуваш. Никој не рече да се одземе изборот. А и како замислуваш дека би се одзел? Тоа не е возможно едноставно. Жена што не сака да дои не можеш да ја натераш. Не можеш да и сипуваш литри течност во грло за да има млеко и не можеш да и го ставаш бебето на града за да може да влече. Смешно и бесмислено е да се мисли дека може да се наметне некаков закон за доење.
    Дури и да се направи на пример ад да може само со рецепт да се купи таа жена пак нема да стимулира млеко и пак ќе му дава ад. Затоа со истражувања и факти се апелира на свеста на мајките, како што е веќе кажано.
     
    На Annath, makedonkamak, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Коментарот се однесуваше на овој дел. Во право си, нема начин, а и подобро што нема.

    Ама многу лошо звучи, премногу. Колку и да е најдобронамерен постот и негова цел да е поттикнување на доењето.

    Останатиот дел беше во однос на мајки-немајки.
    А и двете страни повторуваме едно исто ако гледаш така на работите.
     
    На referentka, augustd, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.