Verojatno jas znam poveke od Vas. Tecenje nos ne e bolest, za mala temperatura do 38 stepeni doktor ne bi vi dal nikakvi lekovi niti bi vi rekol sedi doma, a bogami neznam sto ke se sluci dr. da preporaca "odnesi go deteto na more". Sigurno ke go ima na drzavni vesti i negovata praktice licenca ke bide stavena pod prasalnik. Ete kazav za crveno grlo dobila Ospen od Mk doktor. Pa sto ako e crveno grloto, ke pomine. I ne samo za toa, za X drugi raboti za koj se preuvelicuva. Da se razbereme ima luge koj cel den se zalat na forumov i od nisto nesto pravat ne e ni cudo obicna nastinka da tretiraat so jaki antibiotici. Ako ne vi smeta da napisam deka nesto posebno dolgo da sum pripremala specialna hrana za detevo bas i Ne. Jadese se i sesto i toa so slast i do den denes sve sto postoi vo prodavnica nema nesto da ne jade, da se buni mirisa, soleno, blago, luto..... Nekoj ednostavno se takvi.
И течење нoс и не тoлку висoкa темперaтурa мoже дa бaрa aнтибиoтик aкo е бaктеријa. И бoлнo грлo мoже дa е бaктерискa aнгинa и си бaрa aнтибиoтик, не супи и чaеви.
Абе ај сега, и јас кога растев немаше антибиотици,вируси,проливи,алергии,температури. Ама пред 20год. Оди некој нека ме убеди дека исти биле временскиве разлики тогаш и сега. Нели гледате колкава ненормална температурна разлика и промена има само во еден ден. Наутро 20, па 40 , па 45, па 16, па кој знае колку степени. Не знам јас,голем тешко ова го издржува а да не зборуваме за мали деца,колку и да сака да се доени или хранети со ад. Не навлегувам во тоа која мајка како го храни и од кои причини своето дете. Ме нервираат оние ,,модерните,, кои сакаат цицките до уста да им стојат,кои не се ,,замараат,, да вадат цицки и дојат,полесно и поизгледно било со шише итн. Како и секој почеток и мојот беше страшен,со мисли дека немам млеко,па депресии,стравови ама крајна цел ми беше дека бебе мора да цица и дека јас мора да успеам. И навистина,упорноста се исплати,и тоа благодарение на докторката од Соба за доење, форумов а посебно @joy1 @Jagoda123 кои несебично ме бодреа и поттикнуваа. И да, јас со гордост кажувам дека доенечкиот стаж траеше 2.5 години, без никаква напнатост, со разбирање од страна и на дете,за сега и секогаш и него и мене ни остане еден од најубавоте и незаборавни моменти.
Леле бе со тоа цицките. Цицките секако ќе виснат. И што после откако ќе виснат? Кој ќе биде крив тогаш? Јасно дека мајките треба да прават што е најдобро за нивното дете. И јас да имав, и јас ќе мислев така и ќе се изначитав се' и сешто по интернет и ќе зборував со сто доктори и сто родилки и уште толку искусни мајки. И, во случајов ете,природно млеко - цицање е подобра варијанта од АД. И тоа е во ред. Разбирам. Ама, ако тоа АД, веќе им се дава на мали деца... и они растат и се развиваат нормално, не заостануваат зад оние кои пијат мајчино млеко, што е толку опасно што се повеќе мајки избираат АД наместо да ги нацицаат нивните бебиња? Зошто едното или другото треба да се набљудува како некаков тренд да е. Еве, овие кои се про-АД велат, станало тренд да се промовира доењето (што е глупаво да некој води кампањи, аман, да до таму е дојдена работата да на тв или по други медиуми им кажуваат на мајките да си ги дојат бебињата). Овие кои се про-доење па, велат АД било некаков тренд и го поврзуваат со модерни мајки, примадони кои нејќеле да им виснат градите, ги болело и што ти знам што. Зошто некој би обврзувал родилка да го дои, затоа што има поголем бенефит тоа млеко, одошто АД или да ја обврзува да му дава формула на бебето? Ок. АД е хемија, луѓе бизнис си тераат... но, што е тоа толку битно? Оти се проблематизира ова,воопшто? Оти да тие што дојат да се посилни,женишта демек..кои издржуваат што бебињата ги грицкале и бла,бла... а овие лигливе не можеле да издржат. Они свилени. Глупости. Не е муабетот за вас и колку сте силни, него е муабет за негативните ефекти од АД. Еми, заостануваат ли во раст, поболни се, што им е на тие бебиња што не пијат мајчино млеко? Оти, ако е така..оти не ги нацицуваат на друг начин оние кои немаат можност, ами им буткаат АД?
Јас навистина се чудам луѓе... Која поддршка за доење е потребна,кому? Секоја возрасна личност која решила да стане мајка би требало да знае нешто околу исхраната на тоа бебе. Дали вие со вашите искази и ставови токму до неа ќе допрете и ќе ви е гајле за бенефитот од нејзиното млеко за нејзиното бебе? Од страна гледано,сите кои тоооолку многу го поддржуваат доењето се оние на кои им треба некаква поддршка да продолжат,да оддржат ритам на исхрана и здрав режим на живот - е тука им е тешкото па веднаш рипаат на мајки кои даваат формула на своите бебиња оти го избрале 'полесниот' пат. И кај ги наоѓате жените кои намерно не дојат а имаат млеко и можат да дојат? Јас таква немам сретнато
Еееј на слична тема како ми се нафрлија оти викав дека треба да се дои ... Јас со 0 искуство на почеток дојам веќе 16 месеци. Ексклузивно доење до 6м. На почеток не знаев јас ,ама бебе знаеше. Прво ставање на града и почна. Пред да се породам мајка ми ми спомна доење и јас реков : ако имам млеко. И одговорот беше: Зошто да немаш? Нормално дека ќе имаш. Тоа е природа. И некако стравот и менталната бариера ми ја снема од тоа дека нема да имам млеко. Ако бев со став нема да имам млеко може и немаше да имам. Сега сум ко млекара Битола. Да имав уште едно ќе го доев и тоа. На детска клиника ме научија и ме охрабрија да дојам. Постродилна депресија ме уби, болеа гради, ама не се откажав. Давав и АД неколку недели по неколку пати у ден и еднаш ноќе оти немаше млеко. Ама, пиев боза, вода, сокови, чаеви за доилки куп... и дојде млеко. Толку многу што еднаш и 1300 во еден месец качи малата, 4тиот мислам. Ако немаше млеко ке давав АД. АКо ја немав мајка ми да ми каже како да надојде млеко, ако не ме учеше да се одмолзувам по секој подој, за да иде повеќе млеко, ако не ме научеа како да мерам килажа дали качува... И не, не е избор на мајката. Некогаш ете, нема млеко. А ако има млеко и не сака да дои, а да знае колку е подобро за детето, не верувам дека ќе рече која и да е мајка, абе знам јас дека е добро за детето, ама ете ме мрзи... Мајка ќе рече, нека боли, ќе трпам, ама за детето ке дојам. Не за себе. Премногу себично ми звучи - знам дека е подобро за бебе, иам млеко, ама повеќе спие бебето на ад па ке си спијам и јас, а маж ми ке вари ноке. Нема мајка така што ке рече. Мајка ке се мачи, и кога ке види дека нема млеко ке рече, има и АД и тоа ке давам. Барем јас досега не сум запознала ниедна мајка која од личен хир не сака подобро за детето. Дали е избор на мајката да пуши, пие и се дрогира додека е бремена? Ај да не се мешаме, нејзино тело. Дали е избор на мајката која не дои, оти е нејзино тело кое е храна за бебето? АКо мајката дава смоки одма, какао така мајка, давај брокули, а ако има млеко и не сака да дои, ај избор нејзин е. И мој можеби избор е да купувам кашички секој ден и да не готвам, па ке речеете океј е? Мој избор е да пушам додека сум бремена? Факт е дека е себично ако мајката заради свое задоволство пуши у бременост, ама не е себично ако не сака да дои за да не и виснеле цицките. ЈАС лично јас, го сфаќам како себичност недоењето кога мајката има млеко и сама одбрала за да и е полесен животот да не дои. Ама нема да е, оти тешко е доењето првиот месец, после е прелесно. Ама мајката ќе биде врзана да биде дома и со дете оти никој друг не може да ја замени цицката, шишето секој може. А први 6 месеци на бебе само млеко му се дава. Бенефити од доењето се неколку - млекото е достапно секаде, секогаш, не може да се расипе, за 3 секунди е тука, а детето полесно ги поминува болестите. Не е точно дека доените не се разболуваат а недоените се разболуваат, туку кога се болни полесно го минат боледувањето. Мајката веке има развиено имунитет за вирусите кои ги има детето и преку млекото се лачат антитела. Или ако мајката во моментот се бори со вирусот, повторно антителата идат и до бебето. После секое одење на доктор за настинка или вакцина, препрорака од СЕКОЈ доктор била - деновиве повеќе на доење. Не знам дали така викаат на мајките кои не дојат, детево да е повече на млеко деновиве... Кога бебето има тврда столица и викаат на мајката јади сливи. Има случаи кога преку млекото се пробува да се победи првична анемија. И мајките треба да знаат за се ова пред да речат дека не сакаат да дојат. Не е ништо еден месец болка во споредба со мнооогу лесни 12 месеци следни. Затоа треба едукација. За да не ги лажат рекламите мајките дека формулата е иста со мајчиното млеко. За да не е ад избор туку потреба. Се отепаа по групине органско лебче, органски мафини, бејби биф од биф што не пробало трева, само на мајчино што било, семиња од чиа, куркума, жен сен чау чау и не знам што... се било ОРГАНСКО. Ама не ми се дои и ќе пие вештачко. Оу ди ајрони... И тука не зборувам за мајките кои се труделе, ама од разни причини немале млеко. Туку за мајките кои тврдат дека нивни избор било детето да е хрането неорганско Мене ќе ми беше многу потешко да имав сега цврсти цицки, а да стерилизирав секој ден, да мерев грамажа оти не смее повеќе ад од пропишаното, па дали испило или не доволно, па дали е доволно топло или ладно или да ми плаче бебе гладно а јас да чекам млекото да се излади а оно да гледа шише и да вришти. За блискоста за време на доење со бебето...не мпжам да речам дека не е посебен специфичен моментот кога дете на кое му се цицало целото сречно ке фати цицка и ке се намсее и ке те погледне со очи... таа задоволна и среќна фаца мислам дека ми го опишува периодов. Ама таа фаца ја има и кога си играме, кога се гушкаме... Да не заборавиме дека доилките освен парацетамол ништо друго не пијат за болка. Дека не смеат да си доволат болест оти не смеат лекови освен ако се мора. И мигрени со повеќање сум трпела, со болки за кои пред бременост сум одела на инекции, ама кога мора за дете, боли и трпам и не пијам. И Камелијо, како мислиш ти да имаш дете безболно? У бременост боли кичма, ете ти една болка. Бидејќи не сакаш породилни болки, ке раѓаш со царски, ама сите викаат дека боли раната неколу дена после. И после пораѓај, знаеш колкку боли да се искакаш? И со чепиња боли, 2 опнав и пак плачев на прво какање. Еве избегни ги а и б, ама со какањево ке видиш мака И нека не болат брадавици за доење, ама боли кичма после од думкање. И сите овие физички болки се апсолутна нула по сите скали со моментот кога ќе ти го боцнат детето само за крв зимање,не па за друго. Боли у пичку матер. Боли кај што го боцнале, те боли и твојот и неговиот прст, те боли душата, те болат коските... сите тие болки се страшно поболни од едно раѓање. Барем мене ми се. Да разимирам оти 2 дена го пишувам ова... едукација пред пораѓај, па после нека одлучуваат. Никој не ти кажува како се дои. И се мачиш и бебе слабее, само оти никој не те научил. Даваш шише и бебе сфаќа дека од шише е послесно и не сака цицка. После викаат епа бебето не сака цицка. Да, оти така му олеснуваш со шишето. Треба трпени, треба учење, треба дохрана со шприц без шише, треба одмолзувае по подој на почеток, треба силена маж до себе кој ќе помага и треба желба. Ако слабее бебе само на цицање, дај ад, со шприц. Техниката од болница што ми ја кажаа, доиш, прекинува да цица, се молзиш одма по подој, даваш со шприц, па даваш ад колку сака. И пак од почеток. Еден месец гола нагоре, ама после е прелесно. Некој пишал и за задушување за време на доење... и тоа може од премор, не дај Боже ама има техника и тоа, ако заспие мајката какао да не се преврти врз бебе. Ама кога сме трудни мислиме само на пораѓајот и да е живо и здраво, а после немаме време да учиме. Телото на жената е создадено за да создаде бебе во себе, и да го храни додека му треба. не заборавајте дека природата така не создала. А кај што не сме ја послушале, има АД. АД не е отров, само вештачка храна која помага кога нема органска Крај, упм. ТЛДР, нели?
Нoсoт им се искривувa сo тек нa време нa oние сo aд. Пишaнo е некoлку пaти кoи се придoбивките oд мaјчинo млекo штo ги немa сo aд. И нa кoј друг нaчин дa ги хрaнaт бебињaтa не рaзбирaм? А зa лигли пoтсмевaј се дoдекa не видиш бaрем еднa тaквa кoјa дрaми мислиш пред умирaње е oти брaдaвиците јa бoлеле, дoдекa другите си ќутaт и дoјaт. Утре тaквa лиглa и oд сoн кoгa ќе јa буди мaлoтo зa хрaнење нa секoи 2 или 3 чaсa сo хистерии ќе стaнувa.
Па од каде да знам јас каков друг начин. Но ако АДто толку не го бива, придобивките од мајчиното млеко, ете, се кристално јасни.. оти за овие не се обезбеди поинаков начин, подобар од АДто? Оти овие кутри жени кои не се лигли и плачки да не можат здраво да си ги нахранат бебињата, туку им буткаат АД кое е толку плукано? Или плукаме лигли е муабетов?
Ад е нaјблиску дo мaјчинoтo, кaжaнo е, дa билo некoе другo тoa ќе се пиелo. Нo тoa -нaјблиску штo мoже, не знaчи декa е сo исти свoјствa. Кo штo кoцкa oд телешкa супa купенa вo мaркет е нaјблиску дo вкус нa дoмaшнa телешкa супa. И дa, зa мене имaш прaвo, јaс им се нaфрлaм нa лиглите, пo млекoтo не мoжaм и не сaкaм oти е дoбрa зaменa зa oригинaлoт кoгa другo не е извoдливo.
Според постот ( не само цитираното, туку целосно) добив впечаток дека тие што не успеале да дојат до крај не биле упорни и не биле доволно едуцирани? Дека природата сите ги создала со предиспозиции да бидат доилки, и сите надворешни и индивидуелни фактори ќе ги тргнеме на страна. Не викам дека нема такви, ама генерализирање за ваква осетлива тематика и да се рече ете, таа не била толку упорна како другата...за мене е преостро. Оти секој си ја знае својата проказна и само делче од туѓата и тоа што другиот минел или го правел. Ама ете, со она не е отров, ќе се тешиме.
Бидејќи веројатно ова е најдоброто што се може, иако сигурно се обидуваат да се подобрат. Сепак, мајчиното млеко е невозможно да се копира по состав бидејќи има активни материи и се прилагодува на потребите на детето. Ад млекото не е базирано на мајчино млеко. http://www.mayoclinic.org/healthy-l...r-health/in-depth/infant-formula/art-20045782
Ок, сфативме: Секоја има млеко, само не знае да дои, не е упорна и не се едуцира. Оние кои не дојат, освен немајки, се и лигли. Ад е приближно до отров за кревко бебе, кој го измислил во пеколот да гори. И темава веќе стана досадна. А, сега легнете си, поспијте додека не станале малите, да не ви е после форумов крив оти сте уморни и не спиете, а која ќе вади цицка или ќе грее млеко (а, можеби сопругот ќе се сожали да стане од спиење што чисто сумњам) нејзин проблем. Добра ноќ.
Можеби била упорна, ама не знаела како. Никој не и кажал дека боли само 1 месец. Оти на почеток боли многу и си рекла, ова не е во ред, ставам крај. Јас ништо не знаев, па научив оти до мене имав добри учитело, не само дома туку и тука на форумов. Ама има мајки на кои им викаат констатно дека немаат млеко, дека им било слабо, дека џабе дојат, и сите тие муабети заедно со болката и рекламата за АД си го прават своето. Да им викаат обратно и да рекламираат природно, ситуацијата ќе е обратна. И нема што да викаме секој си ја знае својата приказна, јас пишував за мајките кои имаат млеко ама НИВНИ БИЛ ИЗБОРОТ и не сакале да дојат па ај да не им се мешаме. За таа приказна пишував. Доењето е природен процес, не е чудо. А тие што немаат млеко или од која и да е причина не дојат имаат ад.. Аугуст оти се сомневаш дека таткото ќе стане? И он е родител. И брачен другар. Кога и се спие на мајката таткото думка.
@Cka јас се сметав за профи кога ја доев втората ќерка баш поради искуството и тон совети од првата бременост. Добро познато ми беше сето оба што го кажа па со добри техники и финти успеав да ги избегнам и сите непријатности. Верувам, а и знам дека направив се од себе што подолго да го правам истото и вториот пат, затоа велам дека упорност и едукација не помага секогаш. Некогаш ете, други фактори имоколности имале поголемо влијание. Да не навлегувам во детали, ама што меретно ќе молзиш кога ниту капка плус од тие исцицани 10 мл не капнува... Само на овој дел сакав да реплицирам. Дека се суди, можеби и сосема несвесно и со намера да се помогне, а баш секоја приказна е различна.
Среќа моето не станува навечер, а бракот, па и родителството може да функционира беспрекорно само на форуми, во реалност 90%од жени сами думкаат. Боли, ама тоа е. Не измислив јас.
Тажно е за тие 90% тогаш. Зарем не им е жал за вас? Зарем немаат осет? Ај тоа е друга тема ама поддршка од сопругот е потребна. Ама јас не верувам дека толку многу татковци се безосетни. Кога веќе спомнавме татковци и поддршката за доење од нив е битна. Мојот сурфаше бараше чаеви готвеше супи чекаше пред Апче за боза и си идеше дома за пауза од работа за да јадам оти цел ден бевме на цицка. И вареше млеко на почеток додека воспоставиме лактација. Оти после нив им е најлесно оти не мора да прават млеко ноќе и се поодморени. Ама има ноќи кога нема млеко па таткото треба да думка за да одмори мајката оти освен јадење и течности треба и спиење.
@Cka мм и одмор зеде ко видовме дека тешко ќе е доењето и ми го местеше на града. На прва контрола ја натера сестрата да му покаже како да го намести, зошто не сакаше да фати. После ко го доев од лежење се сменувавме кој ќе го пази, да не заспијам од премор. Спремаше АД секоја ноќ за секој случај да не не сака пак. Ама не, 90% лажен брак имаме овде, не е можно ова.
Да не беше маж ми јас може и скроз ќе се откажев од доењето. Никако не успевав да ја наместам, он многу ми помогна во тој дел. Тој ми ја местеше, оти јас ете не знаев како. Ниту во болница ми покажаа како што треба, ниту пак патронажната.
Nema problem Kako sakate, pitesi antibiotici za se i sesto. Niti na dete sum dala ni za sebe sum zela poslednive 25 god pa seuste funkcioniram, ili mozda mojot duh pisuva ovde. Dobro dosta bese, temata bese ne sum doela , a sepak zdravo dete bez lekovi izrasnav i sum za Pikomil i nemu slicni.
Прилично си контрадикторна. Не пиеш антибиотици оти се штетни претпоставувам, ама затоа пропагираш исхрана со АД која ако размислиш поубаво исто така е хемија.