1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Не знам во која држава се наоѓаш ама претежно во странство им настојуваат на родилките да дојат(тие што имаат млеко), дури и тие што однапред одлучуваат да не дојат пробуваат да ги предомислат, ги охрабруваат мајките, не им дозволуваат после првите неуспешни обиди веднаш да се откажаат, да се дава вештачко млеко.
    Кај мене во Австралија тоа е една од најбитните работи што ги учаат уште во болница, си имаме на работа сестри на кои им е тоа единствена работа-lactation specialist, се држаат и часови за доење значи се настојува да се дојат бебињата затоа што нема ништо поздраво од мајчиното млеко :)
     
    На koritsaki, Annath, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Поентата со доењето не е во комоцијата и слободата на мајката, туку во хранливите состојки кои бебето НЕ МОЖЕ да ги добие преку АД млеката, ма колку добри и скапи тие биле. Значи, бебето пред се` ;)
    И не, бебето нема АМА НИКАКВИ ФРУСТРАЦИИ од доењето, баш напротив. Проблемите кои евентуално би се појавиле на почеток се фаза на привикнување, ништо друго. Се` се издржува и ТРЕБА да се издржи, оти е даааааалеку поздраво (и не само од нутритивен аспект) доењето од вештачките млека.

    Да не се разбериме погрешно - мајките кои немаат млеко - немаат ни избор. Ама не се согласувам, ниту поддржувам, мајката од старт да прави избор без никакво логично оправдување.
    Како и да е, секоја мајка за своето бебе е одговорна.

    И навистина, во која земја е тоа каде предност му даваат на АД млекото пред доењето?
     
    На soncicko, Annath, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.959
    Допаѓања:
    41.695
    Пол:
    Женски
    Епа не е лесна работа мајчинството :D
    А ако мислите дека со ад млеко е полесно се лажете ;) бебето кога е гладно и ке почне да плаче нема да ве чека вас додека стоплите вода и го направите млекото ... а ако доите во секое време и место брзо ке го нахраните :D
    Плус знаете ли колку ке заштедите првите месеци ако само го доите детето.. еве по мене гледам
    млекото на керками чини 600 и нешто денари а ни трае недела дена :!:
    Друго колку работа се отвара со миење , стерилизирање шишиња после секое користење
    Додека се доевме супер беше , навечер немаше станувања за да правам млеко , кога бебето ке си побараше ке ја надоев и пак си заспиваше брзо :)

    др да се надоврзам на муабетот на bittersweet
    уште пред да се породам на подготвителните курсеви не учеа дека најздраво и најубаво е доењето
    Кога се породив имаше сестри кои ми покажуваа и помагаа при доење :)
    Ако сте гледали на самите реклами за ад млека пр. Хипп кажуваат дека доењето е најдоброто за вашето дете
    Така да ..
     
    На koritsaki, bittersweet, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Доењето е едно прекрасно искуство! Да, не е лесно да се фати ритамот, кај некој ќе трае подолго, кај некои побрзо самата адаптација, но ништо на светот не може да го замени мајчиното млеко и близината која самото доење ја придонесува. Јас бев многу упорна за доење, далеку поздраво е од АД млекото.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Како што пиша грл, воопшто не е лесно дур се фати ритамот. Не дека и после е нешто лесно.
    Моето не сакаше да пие млеко од шише (ниту АД ниту пак измолзено од мене), си сакаше рп црп директно на цице., па да си го гали, да го гмече :D , не бираше место и време :$ И дур го доев (до 8 месеци) си напредуваше супер, откако прекинав стагнираше во килажата, па еве дури после 6 месеца почна пак да накачува. Исто како телињата, штом ги одбијат од цицање, слабеат :D :lol:

    Да не се лажеме, можеби со АД не го поминуваш оној период на разранување на пупки, течело-не течело, било хранливо или не, ама ништо не губете доколку се обидете да доете.
    Здравјето на децата ни е на прво место,а за новороденче најздраво е мајчиното млеко!
     
    На girl1985 и Annath им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.706
    Допаѓања:
    202.400
    Пол:
    Женски
    Јас колку мака видов додека ми заздравија брадавиците, ама си бев упорна... два месеци ми крвареа, давав како дохрана и ад млеко, многу лесно можев да го прекинам доењето, ама не сакав, го доев, колку што имав, толку му давав. И еве, цицаше до 15 месеци и тоа беше единствено млеко што сакаше да го пие.
    Оние мајки кои немаат млеко или не можат да дојат од здравствени причини, ги поддржувам, ама оние мајки кои не сакаат малку да се помачат или пак од каприц (читај да не им свиснеле градите) не ги дојат своите деца, е тие не ги разбирам. Бебето секако нема да остане гладно. Ама свесно да го лишиш од најдоброто што може да го добие - тоа никогаш нема да го разберам.
     
    На AIT, blond и bittersweet им се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Доењето е прв контакт на мајката со детето. Додека го дои му овозможува чувство на сигурност и заштитеност. Доењето има во голем дел улога во психичкиот развој на детето.

    Од друга страна во првите 6 месеци детето нема ни имунитет,во главно заштитата ја добива од мајчиното млеко.

    Затоа мислам дека кога се станува мајка треба потребите на детето да одат на прво место. Не можам да разберам мајки што не дојат за да не им се упропастат градите и сл.
     
    На Moira, Li0ness, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ова е потполно неточно (чисто да знаат останатите, да не се лажат дека нема да им се промене цврстината на градите). Другарка моја не доеше бидејќи бебето никако не сакаше да фати града иако таа имаше млеко, значи не цицаше ни 1 час, а пак и се градите како да го доела 1 година :)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Прочитав информација од одредена студија која вели дека таа деформација на градите се случува во текот на бременоста и не можеме ништо против тоа ако нашето тело има таква конструкција на гради. Доењето не ги деформира градите, туку самата бременост може да допринесе до таков изглед на градите.

    Инаку најголема глупост и себичност е да се размислува на тоа како градите ќе се деформираат и за сметка на тоа да не се дои. Таквите не заслужуваат да се мајки, кога веќе се толку себични и самобендисани. Не се секирајте, со внимателна исхрана и доволно физичка активност повторно ќе изгледате убаво. Инаку, моето искуство со бременоста и доењето е исход кој допринесе да имам малку поголеми гради кои сеуште се такви иако веќе не дојам. Супер :D

    А еве и јас веќе внимавам на исхраната за да подослабам, затоа што веќе не ми е важно толку колку сум внела, веќе не сум доилка.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.797
    Допаѓања:
    107.371
    Пол:
    Женски

    Јас со вас двете воопшто не се согласувам. |(
    Прво , ниедно млеко неможе да го замени мајчиното. Во мајчиното млеко има антитела кои го формираат имуниот систем на детето и обезбедува правилно созревање на дигестивните патишта што го намалува бројот на алергии на храна во иднина.

    Па ке се помачите малку бе , што мислевте вие лесно е да се биде мајка туку така? А и тоа со шишињата не е лесно како што си мислите вие. Миј , стерилизирај , па детето ти плаче а ти се брзаш да го приготвиш млекото па да чекаш да се олади, а и едно пакување ад млеко чини околу 11 евра. А мајчиното млеко е без пари.. Но вие си знаете за вашите деца , ова беше мој совет


    Еве нешто да прочитате која е разликата помеѓу АД млекото и мајчиното

    Истражувања
    Денес се знае дека децата кои цицаат најмалку шест месеци помалку заболуваат од респираторни инфекции, астма, дијабетес, срцеви заболувања, воспаление на увото и слепо црево. Исто така доените деца имаат подобра емоционална врска со мајката.
    Иднина
    Истражувањата покажаа дека мајчиното млеко содржи матични клетки. Сега засега постои само надеж дека тие клетки ќе можат да се користат како терапија против дијабетес, Паркинсонова болест, или повреда на `рбетниот мозок.
    Вода
    Процентуално гледано, мајчиното млеко најмногу содржи вода. Затоа се смета дека на бебето, додека е на исклучиво доење не му е потребна дополнителна количина на вода
    Колострум
    Драгоценото прво млеко, кое почнува да се лачи многу брзо по породувањето преполно е го готови антитела (имуноглобулини) кои на новороденчето му обезбедуваат заштита од вируси и бактерии.
    Витамини и минерали
    Витамините и минералите во мајчиното млеко се добро избалансирани. Бебето може да искористи повеќе од 50% железо од мајчиното млеко, додека од формула се искористуваат околу 5-10%, а од кравјото млеко помалку од 1%
    Јагленохидрати
    Јагленохидратите се важен извор на енергија. Ензимот лактаза во мајчиното млеко ја зголемува ресорпцијата на млечниот шеќер – лактоза, а големите количини лактоза допринесуваат во развојот на цревната флора
    Протеини
    Протеините во мајчиното млеко полесно се варат, па бебето кое цица побрзо ќе огладни од она кое се храни со кравјо млеко или адаптирана формула. Сепак, доените деца добро напредуваат и со помала количина на храна, бидејќи успеваат во потполност да ги иско
    Масти
    За разлика од адаптираната формула, мастите на мајчиното млеко содржат доволно холестерол, кој многу добро се апсорбира. Количината на мастите се прилагодува на возраста на детето.
     
    На kallias и girl1985 им се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа мајките да ги дојат своите деца затоа што тоа е најдоброто за нив ,а до некаде и за мајката затоа што тоа спречувало во некој процент појава на канцер.Значи сум за доење ,но и тоа само доколку мајката навистина сака.Мислам дека во спротивно доколку мајката не сака и тоа и прави нервоза тогаш подобро и да не дои бидејќи сите тие работи како информација му се пренесуваат на бебето ,а тие пак може да го направат плачливо,раздразливо и нерасположено,а бебињата не треба да се такви.
     
    На Mama25 и girl1985 им се допаѓа ова.
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    незнам кој пробал и кој непробал да дои јас пробав ми беше тешко бидејќи не фати а имав млеко. со шолтица се вратив и лешев на болница и тука докторите многу настојуваат да доиш.мене ми рекоја дека јас сакам сама да го одбијам а бебето не цицше. ги мерев сите подој 0гр 10 грама 20 драма. се имаше случено 5-6- подои да се со 0грама и то беше моја вина..?а во другите дршави не прават разлика измеѓу доење и ад млеко то си е твоја одлука а не да те гледат како кизнај што да му правиш на детето ако не го доиш.мене ми е многуууу полесно со шише и сум рает и знам колку и дали е најадено.имам роднини грција и нивните бебиња од раѓање се со ад млеко. мајката го става на града ама после му дава ад млеко.то е мноу убо за да си накрени бебето а не мене на болница ми рекоја ,,ние немаме млеко за сите пробвај доиго,, а јас ни млеко имамв ни то тргаше и беше гладно една недела и шо е то ?? поубо било да го доиш да го слушаш кај со пишти и ти незнајш зошто оти го клаваш на гради и мислиш дека цица а то само си шлапка....
     
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мамички пак јас.. бебушка моја не сака да цица , уствари влече ама изгледа не извлекува доволно секогаш е гладна, се одмолзував рачно бидејќи сакам да си пие мое млекце ама веќе не можам многу време ми одзема , имам рачна пумпица на Чико ама изгледа треба нешто со појак вакум бидејќи со нејзе никако не успевам да се одмолзам..
    Би ве замолила да ми препорачате некоја електрична пумпица што влече добро, да не бидат пак џабе фрлени парите..
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Јуник, јас зедов рачна на Медела и сум презадоволна.Мене ми се згрутчија малку градите дека млеко многу ми дојде, а бебушко мој му требаше време да се привикне да цица.Така да се одмолзив, ама тоа млеко не му го дадов, туку го ставив малку после тоа на града и почна да си влече,фати некој ритам, па сега ќе си цицне 2 2 и пол саати ќе си поспие, па пак на цице. Е денес кога почна да бара, ми с чини дека се исцица и кај да му најдам екстра :lol: ама одма надоаѓа млеко самиот организам знае. И биди упорна, ставај ја на града, макар и ако цел ден зема и јас така првиве дена и еве од вчера фала му на Бога си фативме некој ред.Мамичите феминки многу ме поддржаа и тоа му е.Само упорност, само на града, колку повеќе на града толку повеќе млеко ќе ти се направи.Пробај и со среќа и лес.
     
    На Moira, AIT и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ноел пивце и житарици(овесни ,јачменови) се мајката за повеќе млеко,а и пивцето како добро смирува,па и успива :lol:
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.959
    Допаѓања:
    41.695
    Пол:
    Женски
    AIT во право си за пивцето , не да смирува хехех
    Јас си пивнував секоја вечер по едно пивце :$
    плус пиев и чај за доилки од ХИП за повеке млекце :lol: :lol:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Гледаш чајот го заборавив :x Изгледа пивцево подобро ми легнало :rofl:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    За повеќе млеко пијте и боза ( ако можете ) јас пиев по 500мл во денот .
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    аха успева.кај мене ништо не успеа само се подув од квасецот во бозата :( :( :o :o :@
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Еве не и нас со мали маки. Бебушко јако да ме штипнал, а јас не видов, па сакав малку да се измолзам и да му дадам Д3 капки со малку мајчино млеко. Ама кога почнав да се измолсувам гледам крв помешано со млекото.А Тоа бебушко ми направил рана. Во меѓу време стана и морав да му дадам да цица, ама страв ми беше некако. Ама тој веднаш ја фати градата, па еве го сега спие.Не знам веќе што да мислам. Се намачкав со маст па да видиме како ќе се покаже.И боли, не да не боли ама дури се научи нека боли, па после белким ќе е полесно.Вам ви се случило вакво нешто?