Ова Јадранка ти го рече? Инаку јас некогаш кога и давав ад или кога се одмолзував и давав со авентот стакленото. Убаво го прифати. И не се одвикна од цицање
Незнам како се викаше сестра мислам е, таа ми покажуваше обука и за шише. И се нема гајле со цицање после значи, ама се зависи и до детето ваљда. Се надевам нема паники да кренам дома.
@Cloverrrr жива и здрава да е мама. Ако имаш млеко само на цице да биде бебе, цело време. Гледај пелените дали мочка дали кака, ако да, ништо друго не ти треба. Авент шишето ти е многу профи. Има жолтица бебе или не?
Извини сега прочитав дека утре ќе ве пуштат дома. Епа ако ти дојде Јадранка на визита пред да ве пуштат дома гарант ќе ти рече доење и плус ад да даваш. Мене таков совет ми даде а имав млеко. Првиот ден дома ја послушав и мајка ми ме праша а зошто даваш ад кога имаш млеко и сакаш да доиш и тогаш се свеснав. Ако имаш млеко и сакаш да доиш не ти треба ад. Секако ќе те викнат на контрола во ремедика за 2,3 дена и ќе видиш како качува килажа. Јас бев после два дена и ми се погоди Марина а не Јадранка. И ми рече супер напредувате чим сте на доење само, одлични сте не ти треба ад.
Марина мислам утре ќе е, а на визита беше денес другата докторка и само визита како е бебуле и не спомна тоа само рече имаш млеко цицајте денес повеќе. да баш слушнав кај цимерката за 3 дена на контрола дека се оди.
Најнормално. Следиш мочкани пелени и тоа е тоа @Cloverrrr супер што нема жолтица нема да е успано и ќе си цица
И мојот совет е, ако имаш млеко и си влече бебе убаво, не давај шише. Со поголемото ја направив таа грешка дадов шише и толку беше веќе цице не фати, а имав млеко и многу ми беше криво дека не успеавме да се доиме. Сега бев решена со второто ако имам млеко во никој случај не давам шише, еден месец успешно се доиме, поминавме и жолтица и триста мисли ми се вртеа во глава, дали му доволно, дали влече и сл. На контрола пред некој ден беше накачил 1500гр од родилната килажа, дури не искараа дека било многу. Ќе видиш по пелените ако мочка, кака нема гајле доволно му е твоето млекце. Е ние сега имаме мака со какање 2 дена се нема искакно, само прди и тоа смрдат прдешките ко возрасен да прднал Што да пијам јадам за полесно да се искака?
Сливи модри. Или суви остави ги во вода навечер и водата наредно утро може да ја испиеш. Ако весуваш млеко намали или исфрли, знае да им смета на бебушите. Секакви овошје има влакна кои добро ке влијаат и на бебе. И за каки и за витамини.
И моето бебе е старо 4 дена,почна да цица,вчера беше цел ден кај мене во соба,цицаше,имав колострум,беше мирен после ми се јави сестрата сум немала млеко,сува му била пелената,мн ме изнервира.Денес цел ден е кај мене и цел ден цица,млеко имам се полнат градите дури тече,си цица цело време.Е сега многу спие,едвај очи ке отвори на минута две и пак спие,викаат нормално било,прашав за жолтица да не има ми рекоа пред одење дека ке проверат утре.Ми рекоа што е мал е спанко.Бато беше страстен цицач се надевам дека и ова ке цица јас ад незнам ни како се прави.
Јас па ич овошје не јадам, ама ќе пробам од утре, па може ќе му олеснам. Млеко не пијам, многу малку само во кафето наутро, ама си пијам јогурт, сирење, кашкавал. Може и тие да сметаат?
Си цица убаво по 15 минути, е сега некогаш е повеќе успана, некогаш не, ама битно цица. Ќе видам дома баш и со пелените како ги полни, зошто тука не гледам тие ја пресоблекуваат.
Носите влошки за гради? Без нив алиштава кругови ќе ми се направат. Многу ми тече млеко. Е сега ме интересира вие што сте доеле и порано да споделите искуство до кога вака со влошкиве, се додека дојам?
Не носам ме нервираат, ама лом сум цела по алишта. Стари маици носам. Ко ќе дојам ставам тетра на другата, ко чешма тече. За надвор ќе мора со влошка. Се средува течењето ко ќе се воспостави лактација добро, ко ќе има некој ред, си прават млеко колку што е потребно.
Денес сменив 10 пелени и мочкани и какани. Ме фаќа паника дека нешто не правам добро, плус после цицање не знае да ждригне па се молиме па некогаш бљуцка значи скроз сум изгубен случај со доењево
Аии исто викам па ова ако е вака ќе неможам надвор да излезам, улошките сигурно би се топеле одма. Ми рекоа дека се средува со лактацијата според бебе после колку има потреба толку ќе се произведува. Али сепак благодарни што имаме