Јас до крај носев. Полни 15 месеци. Нема правило. Еве и сега носам цело време. Меки ми се, не ми сметаат. Тетрата мене ми ја иритира брадавицата. Немаш простор за паника, супер се 10 пелени. Првото дете ич не ми е ждригано, ова исто не го ждригам. Ова само знае да ждригне, се прецицува често и го бљуцка вишокот. Ништо страшно ако не ждригне и ако бљуцне. Нема потреба да се грижиш затоа.
Уште носам 9 месеци, ќе се регулира ама пак знае да прокапе, или дур доиш од едната пак ќе знае и другата да протече. Не е како на почеток ама ќе си имаш за секој случај. Кај некои и нема потреба. Ама јас и по дома носев цело време и навечер (сега не, само за надвор) башка кога ќе се исуши ми мириса и не го трпам па вака полесно со влошките ми е. Од лансинох ми се најубави, скоро све пробав овие ми се најпријатни и најтенки, може затоа па и не ми сметаат.
Јас си носам инаку како чешма сум и јас се правам лом и малава. Додека се регулира лактација вајда сум заборавила од првото, ама не е цело време додека доиме не се плаши
Како јас да се читам исто , и мојава цело време е на града , значи ќе се нацица и еден саат не поминал пак бара, а добро напредува мочка , кака , незнам веќе колку пати на ден , педијатарот вика супер е а јас незнам некако немам мир , дали е нормално цело време да сака да цица Исто и со ждригнувањето , првите неколку дена раце ни паднаа со мм не сака и не сака , зошто е комирана после цицање , и докторката исто ми рече ако не сака легни ја ништо страшно , бљуцка после тоа ама што да и правам , малку лакома е
Јас носам спортски градник и ги лепам на него.. Градникот за доење џабе го купив ме стегаше тврд беше па додека откачиш закачиш воопшто непрактичен. Спортскиов ми се погоди и многу ми е практично со него вадиш цицка и доиш. Значи влошки ќе си купувам до крај Не ми сметаат воопшто, чисто информативно прашав
На тема градници за доење, јас земав од ваикики за околу 500 ден. Меки, без жици многу пријатни за носење. Може на некој ќе му се најде информацијата
Дали кога доите се праите жива вода под градите? Не можам да одгатнам дали е нормално или е од некое алиште.
Денес цел ден нешто нервозна е. И не сака да цица од мене од левава страна и така и така ама од деснава града не сака. А млеко имам тече дури од десната страна повеќе имам. Почнува да цица и нервозно почнува да прета и со раце и со нозе и се трга плаче вришти. Кога ја земам во раце се смирува колку толку. Не знам што и е, што да и правам. И не спие од кај 13часот. А кака и мочка.
И мојава е таква два дена , додека да почне да цица една песна иде, прета ќе почне се трга незнам што и е
Како се рачунаат неделиве. За некој ден правиме 40 дена. Тоа значи дека сме полни пет недели а сега ја тераме 6та? И во бременост ми беа збунувачки неделите
И со јадењето што правите? Тоа ми паѓа најтешко што не јаде многу. Цело време ја мислам дека е гладна. Таа обично ги празни градиве цица многу лакомо. Сега ќе почне малку ќе поцица и почнува нервозно со рацете нозете прета кенка и одеднаш пиштење. Тоа е многу малку за неа. Не знам дали да се одмолзам ама не сакам па од шише да и давам.