Јас му давам молзено. Еден оброк унапред имам спремено стално. Цица, па давам шише. Ако немам млеко, давам Ад. Ми се полнат градите на 3 4 саати, порано и да сакам нема млеко. Нема гладно да седи.
Ако има мочани пелени цицала. Ќе плаче ако е гладна. А може и побрзо да се нацицува како што расте влече повеќе.
Доење за време на бременост, да/не? 19 месеци е малата, останавме на ноќните подои уште, ги има 2-3. Вади запчиња,тројки,има тт и болки па греота ми е да ја одбијам кога се мачи апла Беше голем цицач, со по 6-7 подои на ден, од пред две недели намалувавме и стигнавме до ноќни. И за заспивање еден овие два дена,инаку се навикна без цице да спие
Ништо и јас се одмолзав сега. 100мл ама испи само 80мл. Ама не сака да спие. Цел ден спие како зајче по 5 минути и одма се разбудува а очиве и паѓаат за спиење.
И моиве имаат такви испади, ама не секогаш, се сомневав дека се нервираат што поспоро тече, поготово кога ќе се испразни градата ама ме чуди зашто некогаш се нервираат некогаш не.
Што мислите, до кога е најубаво да ги доите бебињата? Моето е скоро 8, матичниот ми рече до 9 и толку. Сака да цица цело време, имаме ручек, не знам кога доручек да му воведам, а со вкусови почнав рано, на 4ипол. Мислам дека сум дома дека е поубаво што подолго да цица.
Ова нешто има во воздухот Се бориме цел ден за спиење и на крај во кола се успавме - кругче низ населба. Зајде од плачење .
Што подолго тоа подобро. Син ми цицаше до 3 години без месец. До 1 година мајчино млеко е главна храна. До 2 е ако сакаш. До кај 1 година е најбезболно одбивањето. Иако кај мене изгледа бевме спремни и двајцата ама не сакавме да прекинеме да сме доенечки пар, па речиси една година цицаше за заспивање само. Ако имам второ дете би го доела исто толку.
Зошто до 9, па и ако си дома и ако сакаш да доиш.. Па до година им е уште главна храна. Не сум истражувала многу ама викаат сега и до 2 да не се прекинува, со тоа што после година веќе млекото не им е главен извор на храна. Ако имате сега 1 оброк, на 8 месеци воведи уште еден, за месец ипол до два на 9ипол-10 ќе воведеш и трет. Околу година ќе почнеш и со ужинки. А како напредува бебе? Ние сме 9м, моја груба процена е дека е сеуште 90% на млеко, затоа што не јаде многу цврста храна, не сака. И немам скратено ни еден подој. Сега како да ми стагнира во килажа, чекам преглед да видам дали си ја следи нејзината крива за тежина за да видам дали ќе кратам подој и да зголемам цврста храна. Инаку немав намера да го правам тоа. Цица на 3-4-5 саати сеуште ама не ми смета.
Супер си е, јаде све, правам по книга и си јаде. Ама пак си цица нон стоп и навечер се буди на 2 саата за цицање. Добро викаш, ќе воведам доручек, а за спиење нека цица. Он кога ќе стане од спиење цица после пак за да заспие пак цица. Не знам како ќе го откажам, ваљда нема уште, ем ќе биде гладно ем нервозно. Навечер мислам дека се воведува чај или вода.