За навечер ќе мислиме после година, може ќе си преспиваат до тогаш. Кај поголеми деца не се препорачува доаѓа како цел оброк, а дур се спие не се јаде, пошто се расипуваат заби, се таложат непотребни калории навечер, па се разредува млеко постепено или вода.
Која крема за брадавици користите,бебето некако лошо фаќа и ми направи рагади,мн ми е болно доењето.Трњба ли да се одвиваат пред доење? Вчера не пуштија дома,во болница очи не отвори 4 дена а вчера дома никако да заспие,не сака во креветче само во раце,цела ноќ на града буквално,уморна сум ми се спие ми се плаче,плус лом ми ги направи градите ужасно ме болат,сабајле само што се смири околу 6 таман затворив очи стана бато како торнадо пак го вознемири и пак цело утро до сега на града,конечно маж ми го изнесе синчето а бебево заспа а јас се чудам што ме чека и како ке се справам.
Јас ланолин на медела, има што не се одмива, таков побарај. Ќе му здосади на синко. 2 3 дена и ние кога дојдовме од болница така беше. Доста викав по ќере хахаба признавам. После многу зборење олабави со однесувањето.
Ми треба совет од поискусни: Бебе е 2.5 месеци на доење+АД. Циклус ми дојде, дали тоа значи дека ќе се намали и ова малку млеко што го имам?
И ние го имавме истиот проблем, додека се навикнаа еден на друг Големиот цело време викаше, тропаше кога ќе заспиеше. Малово цело време беше вознемирено од него. Јас мачкав ланолин на медела.
Земи си на Медела Пурелан, не се одмива а само он ме спаси со синко. Сега со ќере од старт си го купив, плус користам и силиконски брадавици на Чико. Пробај и ти со силиконски, спас се за рагади... мене на десна дури парченце ми фали од доење со синко кој висеше на града 24/7
Искуство немам, ама јас би доела. Многу сакам да дојам тандем и ако ми се на мала разлика децата, би терала така, се разбира доколку не постои ризик по бременоста. Колку шо имам читано, не е проблем кај уредна бременост. Сепак консултирај го гинекологот што ти ја води бременоста.
Отвори една мајка тема ама нема нови мислења, еве можда ќе си споделите искуство. https://forum.femina.mk/threads/Тандем-доење.33974/
@macalavica ланолин на Лансинох, не се мие пред доење. И за првото и сега од него сум презадоволна, одма ми поминаа брадавиците.
Сируп за имунитет дозволено е во доење? На контрола бевме денес, докторката ми вели не знам дали неа или тебе да те прегледам, едвај стоиш на нозе изморена сум и бледа, нормално со често доење, ама не мислев дека толку страшно изгледам, дури столче ми даде да седнам. Го имам дома zell oxygen сирупот за имунитет, ми рече и витамини и за железото да си продолжам да пијам, ама за него не се сетив да прашам дали е дозволено.