Гинеколозите се речиси секогаш против. Ми кажа веднаш да ја одбијам. Јас одолговлекувам само ради запчињата, тандем не би пошто ќе биде веќе големка. Уште две недели би пробала макс,повеќе нема да издржам мислам
Мој најдобронамерен совет… ќе си се измолзеш после цицањето и ќе му дадеш и молзено млеко, мало е неможе да влече а вака ќе го научиш на поголема количина оддеднаш и ќе бидеш раат. Во болница спиело зашто му давале адаптирано. Ние бевме на комбинирано прво цицаше па ад и си спиеше по неколку сати, после сменивме шема почнав со молзење и веќе на два ипол месеци бевме само на доење и тоа на три сати некаде. Не се секирај нема да се одвикне од града ако му дадеш шише, моето со шишенцето цело време па немаше гајле еве јас бремена а он уште си цица
Не сум бројала до сега мочкани пелени на ден колку има. Влошки за гради носам, мене ми тече само кога повеќе време не цица и кога цица од едната тече додека од другата цица и тогаш До 4 часа највеќе.
Син ми е 15 месеци а јас сум 8 месец бремена, до сега цица цело време но не му е замена за ниеден оброк едноставно само за заспивање. Како ќе биде понатаму незнам ама ако сам не се одбие не сум во план да го одбијам
Адаптирано, колку време смее да стои на собна температура? Капките што треба да му ги дадам, треба да стојат 30 мин во подготвено млеко
Треба да се искористи во рок од 2 часа, ако не е почнато пиењето. Ако бебето веќе пиело тогаш има рок за пиење еден час. Претпоставувам дека чекаш за Колиеф, јас ретко ги чекав повеќе од 5 мин, бидејќи немаше шанси да држам бебе гладно што вришти за јадење половина час.
Јас колиеф ги давав на првото синче со лажиче со измолзено млеко,зошто да стојат 30 мин?Не сум ни знаела,и биогаја давав така.
Колиефот пишува да стои 30мин за да се активира ензимот. Но јас не чекав толку. Колипрев може веднаш да се дава, бидејќи ензимот е веќе активиран. И Биогаја може веднаш да се дава без да се чека.
И нас ни ги дадоа денес, ама ова да се чека пола саат е со ад, а за доење не пишува да се чека туку само да се капне млеко заедно со капките. Колку што го разбирам
Мислам дека за двете важи. Ама како и да е не чекав повеќе од 5 мин, ниту со мајчино, ниту со АД. Ќе им се активира ензимот во мешето.