Незнам ништо не ми кажа докторката само пред цициање да го давам и тоа тоа. Тука од што прочитав и го земав упатството да видам и за ад само пишува така .
Здраво мајки Ќе правиме веќе 40дена. Ама загрижена сум и тажна. Деновиве а еве и денес поизразено е тоа што не сака да цица почнува фаќа млекото тече по неа по мене лом се правам таа почнува да ржи и со рацете и нозете истовремено нервозно мрда и ја пушта градата и почнува вриштење заоѓање. Цел ден скоро приплачува одвај ја смирувам. Стварно не знам што и е. Марина рече стомакот и бил полн со гасови и затоа плачела. А за тоа што одбива да јаде прво да ја смирам па да и дадам да не давам одмолзено. Арно ама лесно е да се каже таа не се смирува или ако е смирена и давам да јаде и истото сценарио. Ноќта и сабајлето успана убаво цица ама преку ден се дешава тоа. Еве пред малку конечно цицаше убаво од двете гради. Што може да е ова? И како да постапам веќе немам памет. Ама не сакам да се одмолзувам а најмалку ад да давам. Не сакам да пие од шише кога имам млеко. Многу сакам да ја дојам, ми е страв да не се одвикне од цицање.
Имам, како мравки да ми шетаат миљон внатре. После доење обично, ако е за таква болка читав дека тоа е зашто се пунат градите со млеко.
Здраво мајки, Кои суплементи се дозволени за намалено железо, во текот на доењето? Искуство со некои, кои сте ги користеле? @Erika.greeneyes Во иста фаза сме и ние, бебето ми е 40 и некој ден. Одбива да цица, ако почне да цица е со нервоза, мрдање 'ржење едвааај значи. Цел ден е недоспиено, расплачено. Се вртиме во круг, плаче од што не е спиен, а не може да заспие од што не е јаден убаво.... Градите ми се полнат и ми се тврди и не ги испразнува, буквално нешто смука како да се лажливки......шприцам директ од градава за да сфати дека тоа е млекце и да потегне убаво , ама ништоо тече по него млекото...... Многу ми е мака.... буквално еднаш на ден ќе се случи да земе да се нацица без нервоза, и да потегне убаво. Друго се е борба. Се надевам е фаза некоја или скок во развој и ќе помине. Само мислам мора да сме упорни со доењето и нудењето града колку и да одбиваат бебенцата
@Bizbiz @Erika.greeneyes Фаза е. Две недели траеше. Ноќе цицаше нормално, дење буквално истото како што сте пишале го поминавме. Пробајте фудбалска позиција, само таа не спаси. Биз пијам тотхема за железото. Обавезно со витамин Ц за да се врзе.
@Erika.greeneyes @Bizbiz исто, уште некој ден па месец правиме. Значи буквално 'рже, па и клоца со нозете и мава асално. Мислите може да е од грчеви така насилни да се?
@Kolache na mama Фала за одговорот, да се надеваме ќе помине наскоро. Инаку, каква е таа фудбалска позиција да пробаме? @Freckles. Се е можно. Следи го, обично се грчат во ноџињата кога имаат грчеви, се стегаат цели и во лицето дури може да помодрат од стегање.
"Фудбалско држење Од положбите за доење, оваа е честопати една од првите што ја учат мајките. Со држење на главата на бебето, бебето е спуштено под раката настрана (да, како фудбалска топка) и се држи со едната рака додека ги поддржувате градите со другата рака. Ако го држите бебето од десната страна, бебето ќе се закачи за вашата десна града додека го поддржувате со левата рака."
@Bizbiz исто, после 40 дена престана да цица само плачеше нервозно и правеше фати пушти. Давав и АД не сакаше. Ја однесов на педијатар за 10 дена напреднала 200 гр . ама и педијатарот се чудеше викаше обично доенечка криза ги фаќа 4 месец. Траеше две недели. Цицаше само навечер
Ние сме 23 дена и буквално истото ни се случува од пред два дена , вчера до 4 ноќта се тегнеше , нервозна , раскенкана цел ден , јадена - не дојадена , само бара да цица штом ја ставам на града прво се тегне , прета после ќе заспие , да ја тргнам се буди и се така во круг , не знам што да направам дали јас грешам нешто , памет немам веќе
Со лесно нека ни е на сите, и побрзо да заврши оваа фаза/криза во доење.... И важно да напредуваат бебенцата да не се гладни, дека мене само натака ми оди паметот
@Bizbiz јас јадам семе од коприва со мед Во бременоста ми беше супер од оваа комбинација, сега ќе видам дали ќе ме оправи. Инаку и мене никогаш не ми било вака ниско железото како сега
Zenski, dojam i imam temp 39, u 09 se napiv paracetamol i eve veke sega pak krevam. Dali e ograniceno kolku moze da se pie i dali smeqm tajlolhot ili nesto drugo?
Издржете ко ќе се тие фази, мора да се поминат. Имате и млекце и не се гладни, секакви кризи се поминуваат во првата година. Ние сме на почеток на грчеви, синоќа цицаше од 2 и пол до 4, поврати еднаш и пак продолжи. И давам секогаш ко ќе побара, нема на друг начин како да се утеши дури е овој период. После ќе фатат кризите, па скокови, па тек со заби е претешко, со малиот од 2 и пол години доење само периодот на вадење први заби со силиконски доев од што беше неподносливо болно. Ќе помине се.