Моето има 8 дена од 5 ден така прави обично дење,се лути,се гура со рачињата,врти глава не сака да фати,ме штипе,или лошо ке ја фати градата лом ме направи,ноќе цица поубаво,млеко имам,не сакам да давам одмолзено,ниту ад, со трпение ке се привикнеме.
И ние за некој ден правиме 40 дена, ќере беше иста како што опишувате до пред 3-4 дена. Сега се стабилизира и цица како што треба, ама нон стоп се грчи дури жал ме фаќа што не можам да и помогнам . Давам сируп Nurse Harvey's, капки Co-lactase и Babytol Neonate пробиотик, топлиме меше... не знам дали да и сменам или да тераме вака за да не и направам проблем со менување капки цело време
Како што гледам и многу други членки се соочуваат со истиов проблем што го споделив. Мене ме боли душава да не е гладна, зошто не можам да го наречам тоа цицање. Одбива да цица и плаче сигурно е гладна. И цело време ко нераат сум. Вака ако продолжи ќе мора да дадам и ад иако не сакам, не ќе ја оставам гладна. Се надевам побрзо ќе помине оваа фаза или што и да е. Поддршка до сите мајки
кај мене е на комбинирано ад+ доење, не го допива ад, па претпоставувам дека се нахранува од цицање (иако борби водиме со цицањето)
Пред 3 дена се породив, млеко немам сеуште, бебе не сака да цица јас се трудам со рачна пумпа ама тешко ми оди. Некој совет? И бебе ми е поспано па да го будам да го ставам на града или што да правам?
Зошто молзеш со пумпа,ставај го бебето на града почесто,млеко ке надојде,јас син ми прв го доев скоро 2 год а неможев да измолзам ич со пумпа едвај 50мл со жив зор а син ми цицаше супер и беше многу напреден.Ја сега се породив царски уште првата ден ми го ставија на града за да стимулира,и втората ден исто го става почесто,до вечер ми се појави колострум.Пиј течности,гали си го бебето и стави си го на гради да лежи врз тебе на кожа,и ке си дојде млеко.
Мамички моето бебе старо 5 дена сакам да цице, ама немам оште како што треба млеко. Му давам и ад. Е сега требаше да јаде во 8, ама во 7 го ставев на града влечеше и заспа. Во делема сум незнам дали да давам и 60мл ад плус на града или...
Ќе ти надојде млеко ставај го почесто на града. Прво на града па после му давај ад. Јас така правев цицаше прво па ад, сега веќе не сака да пие ад и на цицање е само.
А што правете кога заспива на града. Едноставо го ставам влече 10 15мин и заспива и не се буди. И пак во дилема дачи да правам ад и да давам или да го оставам да спие.
Жолтица има ли? Ќе го расоблечеш, од топло заспиваат. Ќе го штипнуваш, ако треба и скубнуваш малку да не заспие додека цица.
Додека цица штом гледаш дека почнува да заспива скокотни го на стапалото и ќе се размрда или како што напиша членката ќе го штипнеш или скубнеш малку.
Има ама не многу не бил за терапија така ми кажаа. Не живеам во Мк па тука и не е толку жешко. Иначе фала многу ама прво дете ми е плус сама па ќе ви досадувам малко
И моето не беше за терапија ама цело време беше заспано, едвај го будев. Кога цицаше го соблекував само по пелена или боди.
Мајки здраво После 1г и 4м мојата доенечка приказна заврши. Веќе беше време да се одбие, тешко за мене, бебе мислам не забележува на гости е. Е сега градиве полни се со млеко Како да го престанам? Фала ви
Мајки дали внимавате на вашата исхрана за време на доење, незнам веќе како да се хранам, јадам само тестенини, ориз,компир… што јадете од овошје и зеленчук а да не прават грчеви на бебе. (првите 3 месеци)
И како со грчеви? И мене во болница ми рекоа се, само да не се претерува пример со цитрусни овошја, патлиџан, краставица. Ама јас да каснам едно залче кошмар ме чека следните 24 часа Исто се хранам ко @feminka#11 пукнав веќе
Има, ама не беа страшни Со синко внимавав, па пак имаше . И патронажната исто ми рече да јадам се, да внимавам со чоколадо, грав и леќа. Да јадам ама умерено .