Се јадам. Не пазам на ништо, да не ја урочам по протокол е и со полнење пелени и со гасови. Намерно јадам се, за да се навикне организмот да и вари и да не и се прават после алергии.
Железото како ти е? Мене Михајло ко ми ги вадеше конците венски ми даде железо оти сум му личела многу бледа и изморена баш ко ти. И во право беше, 4 ка ми беше (долна граница 9).
@fana последно ми беше 6, пиев терапија до царски. Во Плодност дури бев секој ден ми земаа крв, ама не кажаа ништо дека е ниско многу, само Фраксипарин за димерите имав на отпусното препишана терапија. Ќе направам крвна слика секако, таблетите не ги продолжив од што не ми текнува да се напијам.
Мајки има ли нешто барем за слабеење а да не штети на доењето? Јас намерно јадев повеќе да се поправам бидејќи на ништо не личев ама ич и сега сум супер одлична таман, ама фацата не ми се бендиса иако сите викаат илјада пати сум подобра сега и во фацата и во телото , ми се враќа како во раните години по природа.. ама фацата сакам да ја ослабнам нешто по малку
Перница за доење користите? Јас не можам во раце да го држам, незгодно ми, како да ми фали една рака, па секогаш во лежеќа позиција го дојам. Е сега мислам со перницава позгодно ќе ми е или грешам?
Јас користам перница за доење и сега ми е криво што и за синко не си купив. Искрено со перница многу помалку ме болат рацете и грбот, а и бебе не се поти залепено за мене. Плус како цица ќере по 30-45мин и повеќе од потребна ми е
Користам перница за доење без неа не можам да ја дојам, не мoжам убаво да ја држам. Највеќе користена работа ми е тоа.
Ич не се мисли, ќе се препородиш верувај... Штом и твоето е страствен цицач ептен ќе ти олесни перницава
Јас си ја користам перницата за трудници, не секогаш ама стварно е позгодно и на мислење сум да купам за доење дека оваа поголема е.
А вие што имате перница за доење од каде ви е и колку ја зедовте? Гледав различни има некои беа 500 некои околу 1000ден.