@Bibi_23 таков е доенечкиот живот, ќе се навикнеш. Еве 5ипол мссеци така си тераме. Пред да излегуваме некаде дојам, и најмногу 2 часа може да бидеме задржани без доење. Ако мора, во кола, настрана. И моево нема пробано цуцла, ни шише. Се смирува, заспива, гаси жед, се гали, се тегне на цице . Јас и со првото не дадов цуцла ама кога сега ќе се сетам поограничена бев во однос на излегување, одбивав да шетам. Сега, морам, носам- земам дете од школо, сметки, маркет, пазарење па и анимирање на големово, се е на мене. Навика е, доколку успееш да се привикнеш нема да има проблем.
Шише е ризик. Некое ке се одбие некое не. Син ми пиеше од шише кога сум излезена без него, или во јавност, не доев. Дури кога ке му дадев да цица не можеше да земе воздух од што сака цице. Еден период не сакаше да види шише само цице. Сега од оваа точка мислам дека сум будала што не доев. Поточно само на плажа доев. Финта со молзење е што може да дојде до хиперлактација. Јас имав многу многу многу млеко и молзев секој ден. Фрижидер со залиха имав. Ама ако ти е глупо да доиш во јавност молзено е закон.
@Bibi_23 моите се на цицање плус ад дохрана зашто немам доволно млеко. Фатија шише од прва, давав и лажливка ама не ми сакаат многу, ги плукаат. После доење ако одма им давам ад се лигават на шише не сакаат да фатат па се молиме минута две, мене па ми е страв од шише да не се одбијат За доење у јавност ама ич гајле не ми е, кафана, кафич ако има простор некаде на страна ако не било каде со пеленка покриени малце. Ако на некој му е непријатно нека не гледа. И ти препорачувам да си се опуштиш и да не се стегаш да доиш ако бебе е гладно. Нема тука ништо срамно и страшно.
@Bibi_23 ти сигурно не планираше секој ден да одиш по кафани на ручеци по неколку часа. Молзено во шише е супер, од неколку пати месечно што ќе пие молзено дефинитивно нема да се одбие. Моето е на ад и доење од старт ама цице бара нон стоп и многу сака да цица иако пие ад од шише. 47 дена е
Здраво мамички.. ние денес направивме 40 дена и никако неке да фати цице.. цело време се одмолзувам и му давам од шишенце а навечер два оброка има со АД. На прва месечна контрола супер напредуваме кило и 200г за еден месец. Кога се измолзувам едната брадавица ужасно ме боли додека протече тие 3,4 пати.. исто и градата цело време ме боли. Некој да не го имал истиот проблем со болки во градата и дали треба да се обратам на лекар или е нормално тоа.. таа града ми вади повеке млеко од другата.
Мајки бебе цица и заспива, ама кога ќе го исправам да жригне се буди и несака да спие пак. Што да правам? Ако не жригне ќе поврати.
Јас ко ке заспие не ја кревам да ждригни, ја оставам да спие. Ми нема повратено така...можи откако ќе стани некогаш да врати ама не често.
Мајки има ли нешто барем за слабеење а да не штети на доењето? Јас намерно јадев повеќе да се поправам бидејќи на ништо не личев ама ич и сега сум супер одлична таман, ама фацата не ми се бендиса иако сите викаат илјада пати сум подобра сега и во фацата и во телото , ми се враќа како во раните години по природа.. ама фацата сакам да ја ослабнам нешто по малку
И јас се пријавувам со истиот проблем. Тешко ждрига и ако евентуално успее да ждригне се буди и пак бара да цица. Ако не ждригне, ја оставам така, па по десет минути повраќа и пак се буди при повраќање и пак бара да цица. Цела ноќ така во круг.
Мајки со што да ја ублажам болката во брадавиците? Ме болат од што бебе цело време ми е на гради и влече. Млеко немам а бебе многу сака да си е на гради ете не знам зошто ко лажливка ме користи... Да напоменам дека правилно е наместен и немам рани туку баш болка е. Би помогнало за таква болка ланолин? Имам на лансинох дома.
Фана имаш ли Инстаграм? Има еден профил со совети за доење,ми го препорача блиска и многу е задоволна. Да и пишеш,женава е обучена за доење. Инаку јас си излегувам и си ја дојам надвор. Ќе седнам настрана,врз мене тетра пелена и дојам. Денес мајка во кафич си седеше,јадеше, пиеше кафе,а бебево на дојка и беше. Не се ни покри. Сосема нормална работа е овде. Само нашиве зјапаат како ненормални. Еден таков денес зјапаше. Нема зошто да седете дома,сепак не е еден месец или два, може и две години ќе доите.
Од кога почнавте да пиете чај за трудници и доилки? Пишува на пакувањето може при крај на бременост и период на доење.
Дали имате апетит многу и потреба за благо? Ќе се направам поголема од во бременоста, постојано глад осеќам, не знам дали е од доењето.