Од доењето е Јас немам огромна потреба за благо, ама осеќам ми треба баш солиден оброк. Исто килограми имам како кога излегов од болница
Од доењето е. Ама до кај 3-4 месец, тогаш и слабеев, а јадев за 3ца мислам дека. И многу чуден феномен ми беше потребата за вода, ама буквално штом ја ставев на цицка ко да се конектираше некоја наредба во мозоков за вода, ако заборавев шише одма трчаше маж ми да ми го донесе. Е од тогаш секој месец по едно кило плус, жглуп. Сега сум ко во 7 месец тешка.
Прво немав воопшто апетит, ама после оп наеднаш, затоа сега не можам во огледало да се гледам. Почнав сама рестрикции да си ставам во однос на благо, зашто и јас многу јадев, леб не јадам ии онака две кришки и тоа само за ручек. Доручекот ми се стандард овесни со јогурт, а вечера или супа или геврек, бадеми,лешници. Рацете и стомакот ми се хаос.
Исто. Нели немав апетит, ослабев дури 8 кг, ама сега колку ми се јаде благо. Друго не ама благо многу. Во првото такс,се поправив повеќе отколку во бременоста. Сега зедов чис семе, овесни, ќе се ставам на режим, ама еве секој ден одложувам за утре Пола чизкејк си го изедов инаку
@JuLleE и јас секој ден почнувам со здрав режим ама никако да почнам или само на појадокот здрав останувам со лесно ко ќе стартуваш, па ќе споделиш како оди.
Сабајле јадам јајца на секаков начин, варени, на око, омлет, поширани, за ручек супа од на малиот кашичката ако остане плус коцка и морковче и што има ручек, за вечера јогурт и леб. Симнав нешто ама пак сум мецана. Одн, од бременоста симнав 10 кила, после 6 мес уште 3 ама еве натака тешко ми иде. Си лапкам чоколади и сладоледи. Не знам што да правам.
Кога ЌЕ!!! Многу битно До тогаш и шеќер ќе добијам Специјално ќе е програмата пост партум? Јас се мислев од кај Мери, ама може и ова да го видам.
Од доењето е. Исцрпува, троши, и организмот бара благо за енергија. Ова го научив во првата бременост кога всушност пројадов благо за цел живот и се чудев што ми се дешава. И сега исто. Не стасувам да доручкувам ама киндер јајце јадам пошто ќерка ми не јаде благо ама ја сака играчката. Потреба за благо имам голема.. еве после 2 ипол скоро месеци почнав да намалувам. Кога велам намалувам, мислам забранив да се купува иначе ќе пождерам се од благо што ќе дофатам без нималку грижа на совест.