Првите 2 месеци не пиев кафе од страв од грчеви, па си направив едно најмало на свет и немаше последици, па почнав пак да пијам по 2 дневно. А за благото, тогаш приметив дека чоколадо кога јадев имаше повеќе гасови, ама јадев и покрај тоа пошто ми се смачи од пазење Грчеви или имаат или немаат, нема средина. Не се оскудевајте со јадење мајки- новородки, уште тоа ви фали сега. Јадете што ви се јаде и одмарајте што е можно повеќе.
Леле ова со водата комплетно исто ми се случува, ако неам до себе кога ги ставам да цицаат обавезно барам некој да ми донесе. За останатото исто ко сите, апетит поголем него у бременост, што симнав симнав после болница кога бев за никаде и не јадев ич, сега стагнирам дури и качувам. А демек со доење се губеле калории, еве две дојам ич не ослабев
Незнам во која тема да пишам па решив тука,имам огромен проблем со варирање на крвниот притисок,вчера ми се слоши,почнав да гледам како цик цак,цела слика ми беше ко скршена, неможев да фокусирам поглед, ми измерија притисок 180 со 110.После пола саат испив сок и благо се спушти.После 3-4 часа пак мерам пак 180 со 110,отидов на ургентен ми измерија 120 со 80.Сабајле пак кога станав истата болка и пак проблеми со вид, пак 180 притисокот, додека дојде брза помош 130 со 90 ми измерија.Отидов на интернист, ми направи ехо на срце на каротиди,на штитната,ми рече само срцето малку оптеретено,левата комора проширена,ми даде едни таблети релика плус,ама го мерам дома притисокот 110-120 е со 80-90 и матичната ми вика да не ги пијам дека ептен ке ми падне, а докторот ми рече да ги пијам континуирано 2 недели.Тие биле дозволени со доење.Дали има некоја членка што се соочила со сличен проблем со толку нагли варирања на притисок.
@macalavica иста бев после царски, баш пишував таму. Само кај мене не се качуваше толку, до кај 150. Ми даде гинекологот метилдопа и требаше на интернист да одам, ама ми се стабилизира сам и не бев. Еве 20 дена по царски сега, немам осетено да ми е покачен, а и ко ќе мерам нормален е. Од царскиот ми рече матичната дека е, дури се стабилизира телото.
А метилдопа пиеше ли, по колку,цело апче или пола? Многу ме вознемири тоа со видот што ми се случи,страв ми е најголем од мозочен удар недај боже.Имам метилдопа и јас ама кај мене многу брзо се крева и нагло се спушта ако испијам плус лек па незнам да не направам полошо,и матичната исто ми кажа.
@macalavica првите дена пиев по едно насабајле, после по потреба, почна да се спушта сам. Гинекологот ми рече дека најслаби се овие, ама ако ти делуваат така не земај на своја рака. Мери си два-три пати на ден, ќе видиш дали ќе се стабилизира без апчиња.
Контракциите што ги предизвикува матаката при собирање, би се намалиле при пиење на магнезиум, и заради тоа не се препорачува (така ги разбрав јас, може и грешка да сум )
Бебка не сака да јаде 2 3 дена, почнав да мислам дека млекото ми има мирис/вкус. Настинати сме сите, па и бебе, изгледа сме сите позитивни на Ковид, чекам резултати. Бебе е без терапија, само на често доење, а тоа плаче на цицка, се тегне, се трга, не се смирува никако. Замрзнувам доста млеко, ао назнака дека е настинка, читав антитела има во мајчиното соодветно на настинката, вирусот и потоа тоа млеко го користеле како бустерче на имунитет при слична настинка. Гледам премногу инстаграм инфлуенсерки, нели? Е сеа дилемата ми е дали ,,ковид молзено"млеко може да се пие и кога е здраво, дали би предизвикало разболување? Може звучи глупаво нз. И за главоболка што смееме освен парацетамолче?
Му веруваш на интернистот ли? Оди и на второ мислење. Ти кажаа да мериш притисок сабајле и вечер и да запишуваш? Апаратот дали ти чини, како мериш притисок, дали си добро позиционирана, смирена и сл. Мене често пред и после бременост ми се качувал најчесто од вознемиреност некоја и во рок од пола саат знам осцилации да си направам сама, ама интернистот што ме следи ме знае и знае дека не е сериозно. На клиника пример ми препишаа малтене доживотна дијагноза. На друг дежурен не можеа да установат што е. И така. Него ова со очите што ти било испрекршено цик цак да не е визуелна аура? Прво се појавува како една точка во видното поле како да си гледал во светло, после се шири во вид на цик цак виножито кон аголот на видното поле и после пола саат го снемува. И тоа не мора да значи дека е сериозно. Сликава во спојлер имав намера да ја ставам ама не знам како. нека ме просветли некој.