Не мила, не може ефридол. Само бруфен и кетонал. Има едни Парафен се викаат комбинација од парацетамол и бруфен многу ми помагаат мене.
@Eli23 со помин нека е мила. Ослабен е вирусот сега, а и ти антитела од доење ќе му пренесуваш. Ајде хелп малку. Како да го научам пак да ја фаќа цицката убаво. Значи устето само за брадавица ја отвара најчесто. Дали два - три пати во ден убаво ќе фати...
Пробај прво легната на колк и ти и бебе кон тебе свртено со устата во висина на градата. Треба да ја лапне и ареолата не само пупката и се создава вакум ко ке почне да цица. Вака мислам е најлесно и за тебе и бебе добра позиција да има
Мајки, знам дека имате пишувано наназад на темава за прашањево што ќе го поставам, ама во кнап време сум да листам искрено. Бебка е 4 месеци. Сакам да почнам да се измолзувам за да има млекце кога ќе искочам негде да може мајка ми или тој што ќе ја чува да и даде. Ако може некоја да ми објасни што како се чува,колку време каде итн? Фала ви
Дали нависитна не и се покажува храна на доилка? На една другарка и пратив да виде како е аранжирано. Има бебе 2 месеци. И ми се налути, демек не смеело. И исто така не се идело кај доилка ако имаш добиено. Каков е вашиот став за ова?
Заради покачен холестерол ми препорачаа да пијам Омега 3. Е сега најдов некои омега 3 со вит Е Прво пиел ли некој Омега 3 за холестерол и видел бенефит? Второ дали доилки смеат да пијат вит Е?
Свашта. Младо девојче а така да мисли, штета Иако искрено првпат слушам за ова, некогаш слатко си се смеам за ваквите глупоштини
Да си се поканам сама на темата Дали е нормално бебуш да се буди на пола саат, саат за јадење. Прво го ставам на цицка, де на една, де на друга, му тече по обравче, се гледа дека влече нешто, плус се измолзувам по 20 мл од една града, за другата немам време, дека бебуш се буди и бара да цица. Цел ден е залепено на мене и јаде. Не знам дали е најадено, си запишувам на лист кога јаде, од сабајле веќе ни ред не можам да фатам. Ако нешто значи има жолтица.
Неможе ред да има новороденче. Нормално е цел ден да е на гради, од глад, од милост, заради топлина ... Ако има жолтица мора да го будиш максимум н 2 часа за да јаде. Следи мочкани пелени, тоа е најважно. Нека е живо и здраво
Не го будам, само станува на 1 саат, сега рачунав 50 мл молзено млеко има испиено и плус доење, што не знам колку влечело. Мочкаше сабајле, сега се уште не се напонила пелената. Тоа што би значело? А пува растура.