Да ти е живо и здраво Ред, рано е за ред. Бебе ќе ти виси на цицка по цели денови, за утеха, за храна, за гушкање. Штом е со жолтица, јас преку ден ја будев на 2 саати, ноќе на 2,5-3. Следи пелени, мочкани какани. Мочканите се побитни за жолтицата колку што памтам
Почетокот на млекото се вода/шеќери,јаглехидрати, следно се протеините и мастите.Доколку на сред се менуваат, не се користат сите хранливи вредности од млекото.
Првите недели се менува за да пие колострум, после една града на подој за да стигнува до мрсното млеко.
Може да се менува ако ја исцицува едната и е гладно да продолжи на другата. Но, во суштина еден подој треба да е на една града, а не да се прекинува намерно.
Да, цело време ја проверувам пелената. 50 мл плус доење до сега има испиено. Сега накај 10 го будам, демек за два саати, па ќе проверам. Во болница ми рекоа дека си мочка си кака полно. Сега нешто не сака.
Во моментов имаш молзено млеко? Долг период нема мочкано А како да знам кога завршило со едната града?
Валгда ја исцицало едната ако е многу мека. Некогаш гледам во силиконската нема собрано млеко, а тегне...тогаш префрлам на другата. Патронажната ми рече 15 мин на една, 15 мин на друга града. Мене ме нервира што ѕаман ќе речам се нацицало убаво, гледам под образ му се слевало млекцето на кревет или на перницата. Незнам дали вишакот му се слева или воопшто не цицало. Одма мислам да не има врзано јазиче, ама ќе кажеа да имаше.
Јас ја оставам до крај на една. Не давам од другата. После за нареден подој е полна и за брзо се најадува, ко ќе е готова сама се трга. Така и малиот го доев, таков совет добив и тогаш од советник за доење. И одма после доење ко ќе бара пак давам од истата, одма се прави млеко како што трга. Ако се меки и не се измолзува многу не значи дека нема млеко, јас ни во лажичка не можам неколку капки да измолзам за капки и цело време ми се меки, ама ако помине повеќе од 2-3 саати да нема доено сами течат од преполнети. Малиот по 1 и пол кг ставаше месечно, а ни 30 мл со пумпа не вадев.
Ќе ја плукне или извади ја градата после 10 мин. ако уште тече назад во уста и така дур не омекне скроз и на стискање нема ништо.
Млекото се двои во 3 фази, предно, масно и задно млеко. Предно е вода, средно е масното за најадување, задно е мислам шеќерот, за задново не сум сигурна ама мислам така беше. Зошто е битно да исцица до крај (ако молзиш да измолзиш до крај), затоа што само така се стимулира повеќе лачење на млеко, зошто доењето е понуда и побарувачка, односно колку цица толку повеќе ствара. Ако ти му дадеш да цица малку ваму, малку таму, ај што нема да напредува, па и нема да лачиш повеќе млеко бидејќи не даваш сигнали на телото, тоа смета дека градите е полни. Зошто градите не се тетрапак, тоа постојано се полнат. Намерно се обраќам како кон 1, а уствари мислам на сите.