Jas imam golemi bradavki , i toa beshe da recham situacija startna , usteto i e malechko kolku brdavkata da ja lapni ama ne i aveolata , sega veke mozam da i ja piknam ... ama mnogu plachenje so zajduvanje , srcevo me boli ...[/QUOTE] Знам, и мене ми плачеше, плачев и јас со него, од шо нема шо да фати. Знам дека го правам најдоброто за него и најадено е, се помирив. Сеа ми е смешно кога ме убедуваат од страна да пробувам да го ставам на града без силиконска и секој обид завршува со вриштење. Као секој твоето гајле го бери...
Можеш и на Јасна или на Наташа ако сакаш да им пишеш можда имаат некои други стручни совети и тактики за ваков случај.
Воопшто не си во право. Некои мајки коа ќе те читаат ќе добијат впечаток дека се помалку мајки од тебе. Од многу причини може мајката да молзи и да даде шише: -физички недостаток кај бебето или -физички недостаток кај мајката. Има многу случаи каде бебињата имаат врзани јазичиња, или пак, мајките имаат проблем со брадавиците и е скоро небозможно да дојат. Еве јас лично ќе ти кажам, молзам и давам од шише и дојам истовремено, и тоа второ дете ми е. @Marie86 најправилно за твоето бебе е да е најадено. Не е битно дали е шише или цуцла. Ништо на сила, бебе не се тера на сила да фати. Сите советници за доење советуваат прво да го смириш гладното бебе, потоа да нудиш града. Ако нејќе да фати пупка, види дали имаш брадавица. Јас имам мали брадавици, не ги фаќа, дојам со силиконска брадавица успешно 2 деца веќе. За шишето не се нервирај и јас купив на Чико шише во облик на града, па врска нема, шише е шише. Најчено е на допир на устето на силикон. Нема што да се нервираш, не е твој неуспех тоа, битно е детето да ти е нарането. И да се молзиш мое мислење е подобро него да се откажрш и да дадеш Ад при млеко. Дете растено со молзено млеко се рачуна подеднакво исто со дете доено на града.[/QUOTE] @Eli23 Зар големината на мајката се мери со тоа дали то дои бебето или му дава шише? Првава реченица што ја напиша нема врска. Нема што некоја мајка да го свати погрешно мојот коментар, оваа тема е за совету за успешно доење, а не фаќање шише. Мојот коментар беше напишан за тие што сакаат да ги дојат екслузивно своите бебиња без проблем, значи доење, а не хранење со мајчино млеко, ако твоето бебе или на некоја друга мајка не одбива цица заради шишето, мнооогу одбиваат и се на крај скроз одбиени од цице и продолжуваат само на шише, да ги знам причините зошто некои бебиња не фаќаат ама и мрзливоста е една од причините. И подполно се сложувам со тебе дека најважно од се е бебето да е најдено и среќно, само мајката побара помош како да фати сега цице, мојот совет беше доколку е се во ред, а упорно некоја мајка сака да го цица бебето, треба да нуди од старт само цице. Јас мајка ми моја сигурно нема да ја наречам помалу мајка од мене оти не ми дала ни ден нејзино млеко. Крај краева не е ни толку битно дали е мајчино или Ад нели?
@Eli23 Зар големината на мајката се мери со тоа дали то дои бебето или му дава шише? Првава реченица што ја напиша нема врска. Нема што некоја мајка да го свати погрешно мојот коментар, оваа тема е за совету за успешно доење, а не фаќање шише. Мојот коментар беше напишан за тие што сакаат да ги дојат екслузивно своите бебиња без проблем, значи доење, а не хранење со мајчино млеко, ако твоето бебе или на некоја друга мајка не одбива цица заради шишето, мнооогу одбиваат и се на крај скроз одбиени од цице и продолжуваат само на шише, да ги знам причините зошто некои бебиња не фаќаат ама и мрзливоста е една од причините. И подполно се сложувам со тебе дека најважно од се е бебето да е најдено и среќно, само мајката побара помош како да фати сега цице, мојот совет беше доколку е се во ред, а упорно некоја мајка сака да го цица бебето, треба да нуди од старт само цице. Јас мајка ми моја сигурно нема да ја наречам помалу мајка од мене оти не ми дала ни ден нејзино млеко. Крај краева не е ни толку битно дали е мајчино или Ад нели? [/QUOTE] Јас напишав бидејќи мене лично ме погоди пишаното. Како мајка која се трудела 2 да дои и морала на крај да даде шише.
Мајки ве молам за совет имам бебе 4 недели од кога си дојдовме од болница еден пододој немаме без да заврши со АД, кога се измолзувам вадам мах по 50мл од двете гради а бебе на почеток цица убаво и после почнува да се нервира да ритка со ножињата и да ја тегне брадавицата, најверојатно снемувам млеко… и додека да и спремам АД секогаш тоа шо исцицала го повраќа а од адаптираното по слабо повраќа, незнам во што е проблемот? Пд постарите сите ми викаа мајка не ти е хранливо млекото, не ја заситува, како може да ме ми биде? Шо треба да јадам да биде заситена, се убив од јадење јајца во сите варијнти и јогурт. Педијатарот ми вика не јади овошје, краставица,зелка, леќа, боранија, грав, кромид, пиперки со лушпа, патлиџан со лушпа.. јас немам идеа шо можам да јадам може и стварно квалитетно не се хранам…а од шо се трудам да ја дојам да ми е цело време на града го научив детето во раце да ми биде Дајте совет незнам шо да правам а многу ми е криво шо и давам адаптирано…
Не давај ад, само нека цица, ако мислиш дека немаш млеко погрешен сигнал праќаш на телото,колку повеќе е на града толку повеќе млеко ке имаш.Може да прета и да плаче од грчеви.Ставај го нека си лежи лај тебе,почесто нека цица и исфрли ад.Капки за грчеви даваш ли?
@pineapple93 не постои нехранливо млеко. Исто ко во бременоста што телото троши се за да има за бебето, без разлика дали мајката не јаде или повраќа цела бременост, така и млекото кај секоја жена содржи се што треба за бебето. Јас ниту пијам ниту јадам ко што треба, јас сум исцрпена ама млекото е во ред. Се нервира и мојата така, најчесто е од што сака да ждригне, па ја кревам да и олесни и продолжуваме со доење. Се нервира и за какање ко ќе не можи и од грчеви, некогаш и повраќа, се е нормално. Ако нема доволно млеко нема што да поврати, плус баш тогаш ко ќе мислиш дека нема млеко треба да продолжи да е на града за да се направи одма и нареден пат да се создава повеќе. Колку повеќе дои, толку повеќе млеко.
Чим повраќа значи дека убаво се нацицало, дури и повеќе од што треба. Кога ќе почне да прета и да се тегне крени го да ждригне, па ако сака уште дај му пак да цица. Нехранливо млеко нема, не ги слушај постарите. 50мл не е малку да извлечеш со пумпа, јас неможам ич да измолзам само по некоја капка, а бебе е само на цицање и накачи 1500 гр за еден месец. Пробај еден ден не му давај ад па види како ќе биде.
Да, почнав со капки за грчеви Ко Лактаза и од тогаш нема грчеви, изгледа како налутена растревожена и кога ќе и дадам ад се смирува и после си е супер а инаку во секое време е радположена да цица кога и да ја ставиш на града ќе си цица цело време само кога ќе се налути и ќе почне да ја тегне градата почнувам и јас да се нервирам си викам еве снемав млеко и некој од постарите кога ќе дофрли некој коментар крај… А пупкиве ме болат од влечење…
Ооф страв ми е да пробам ад да не и дадам ако не и дадам цел ден ќе биде на града и ќе плаче ама ќе пробам да видам колку ќе издржиме а постариве од кај со коментариве те тепаат дека ти е нехрснливо млекото ми викаа еве сега му горчи твоето млекото затоа ти го поврати
Извини вака, ама многу се нервирам за такви коментари од страна Да им кажеш ти на тие што ти зборат така да го пробаат млекото дали горчи Ако си решена да доиш биди упорна, бебе почесто на града и не слушај постари. На крај и да даваш ад, голема работа, најбитно бебе да не е гладно.
Па ако продолжат да те трујат и скроз ќе немаш млеко. Срамота и греота што ти набиваат чувство на вина а правиш се што е во твоја моќ. Бебето е премало за да има ред. Млеко имаш! Твоето млеко не може да горчи ниту да е нехранливо. Знам се осеќаш виновно што можеби немаш доволно млеко колку што сака бебе, но давањето ад не е смртен грев. Ќе ти кажам што мене ми рекоа за моето бебе. И моето пие ад, но исто ко твоето многу сака да цица. Не знам колку цица, ама неколку педијатри (вклучително и неонатолози од детска клиника) ми рекоа дека за него е бенефит и 10 мл да исцица. Немој никако да се откажуваш од доењето млеко имаш. Најубаво и највкусно на најубваа температура за бебе со сите антитела што го бустаат имунитетот. Остави ја пумпата, таа не е мерка за тоа колку млеко има во градите. Ниедна пумпа ни најскапата не ги празни градите како бебе. Коментарите од старите нека ти влегуваат од едното а нека ти излегуваат од другото уво. Бевте на контрола? Како напредува? По колку даваш ад на колку време?
Девојки здраво, ми треба совет. Најпрво имав многу млеко но никако неможеше да цица, не сакаше на града, вриштеше плачеше, се измолзував. После извесно време цицаше по еднаш на ден бидејќи млекото ми се намали. Прашањето ми е дали смее бебе да се поврати на града? Изразува желба за цицање сам, но незнам дали да се обидам да му дадам секако доколку ми се поврати млекото.. Инаку сме на АД и сме 3 месеци, извинете доколку прашањето ми е во погрешна тема.
Пробај повеќе пози на доење,види која ќе и одговара повеќе, сака брзо да се нацица, се уморува и нема доволно сила да продолжи и го фаќа нервоза, биди само смирена, понишкај, прошетај низ дневна и пробај пак, пиј чаеви за доилки, чај од ким, јади ориз и продолжи со јогурт пиење. Тие работи што ти ги набројал педијатарот највеќе важат и за грчевите, стрписе 3-4 месеци без тие намирници, после постепено додавај во исхраната. Повраќањето или блуцкањето не е ништо страшно, тоа значи јадело добро,а и обилно повраќање млеко не е страшно, филтерот помеѓу хронопроводот и желудникот не му е доволно развиено, малата моја имаше нон стоп повраќање до 6 месеци додека не почна со поцврста храна, јас испаничена на почеток по доктори одма, пошо едно боди не остануваше суво после подој и секаде ист одговор добив. Млекото не мојт да ти е нехранливо, напротив. Не чекај да помине време од подој, давај да цица на захтев, нема да е толку нервозно. Слушај доктори, има доста на инста профили кои нудат поддршка за доење, мајки баби жаби батали.
Незнам... Постарите викаат тоа млеко веќе не било добро и секакви работи се изнаслушав. Тотално се збунив
Ау стариве аман веќе! И мене ми даваа комрнтсри тенко ми било млекото. Не го заситувало бебето. Затоа ми барала толку често да цица. Гладна била и ад да давам.имаш млеко ама тенко ти е. Само ги прашав на кој факултет дипломирале за таа област и дали пробале од млеката па да споредат кое е тенко кое дебело.