Бебето е 2 месеци, а мене ми дојде менструација. Еве два дена откако ми дојде менструација немам ич млеко, многу се нервирам. Кај едвај стигнав до 200мл на ден па уште и ова сега. Дали да продолжам да се пумпам ( т.е да нарачам пумпа дека сега имам позајмена) или да не се мачам ич? Дали е можно и менструација и доење?
При менструација се намалува испуштање односно излачување на млеко. Тоа не е причина да престанеш. Секоја капка е битна. Доев 3 години, добив по 9 месеци.
Мами, бебушка е месец ипол и заради грчеви ограничена сум на 3-4 јадења и толку. Сега мислам дека олабави малце со грчеви па викам да проширам листа на исхрана Што јадете вие? Дајте некој предлог... мислев за грашок ама еднаш јадев спанаќ и мислам дека јас ќе почнев да плачам од грчеви што имаше она, па сеа на се што е зелено ,,дувам,, да не се изгорам
Леле јас со грашок имам лошо искуство. Јадев грашок манџа и тој ден ни беше хорор толку плачење удри бебуш, страшно. Другиот ден на педијатар. И ми кажува низ муабет што треба да не се јаде и кога спомна грашок. Се ми беше јасно.
Јас тоа го поминав со спанаќот, ама па више пукнав незнам што да јадам. Грашак, спанаќ, леќа, гравче, боранија си ги јадам без месо и баш веќе ми се пријаде нешто манџиче така полесно ама ништо не ми паѓа на памет
Мајки бебе е 4 дена, веќе надојде млекото и кога ќе ја фати брадавицата па јас нз толкава сила од каде и мн боли. Дали има чаре за тоа, мн заболува и еве и сегаа почна да ме болат на допир. Треба да мачкам нешто или може со силиконска.
Мачкај ланолин, колку можеш почесто седи гола без маица. Силиконски само ако имаш проблем да цицаш поинаку, инаку не. И изгуглај за deep latch technique, можеби многу плитко ја фаќа брадавицата, па ја разранува.
Не се сеќирај, за ден два ќе се врати лактацијата. Но мораш да пумпаш редовно и тоа дури воведи и пауер памп, ќе се врати. Таман работа ако престануваше лактација после добивање циклус, немаше мајки по 3г да дојат. Иначе рачунај секој месец на добивање дека ќе биде вака, ќе се намалува лактација, ама ти биди упорна.
Ова често го читам тука дека со циклус се намалува млекото. Ова значи дека во тој период бебето се дохранува со ад? Уште немам добиено па да знам што би ме очекувало.
Не бе нема потреба АД да даваш зашто си добила. Негде читав дека се менува вкусот на млекото кога ќе добиеме, па и поради тоа одбиваат да цицаат, ама исто како во скок кога се само упорност му е мајката. Еве моментално имам добиено, малиов со 2 цврсти оброци, цица како новороденче а има 7м
Педијатар ми рече овој период да се избегнува грозје и пченка правеле грчеви, а освен компир манџа со телешко друго не јадам, ние сме комбинирано доење и дохрана но пак пазам, мислам дека црвена леќа може но не сум јадела.
Не, се е најнормално. Има бебиња што ад никогаш не пробале, нема потреба. Можеби ќе се трга, ќе се мршти, ќе бара почесто, но тоа се е нормално.
Пак јас каков антиперспирант користите? Од овие без алуминиум не се трпам сама Ќе ми идат гости во недела, плус 40 дена правиме, па на прегледи се оди, на контроли, мора да се средам некако. Знам дека е хормонски, а обичен ми е страв да користам, обично ми се затнуваат жлездите ама мора решение да најдам за пред луѓе барем.
И мене ми се затнуваат жлездите од секакви антиперспиранти и јас со години користам сода бикарбона помешана со вода. Се потам нормално, ама нема никаква миризба. Пробај ден-два може ќе ти одговара