Малата ми е месец и пол и досега сме само на доење но последниве два дена нешто не е како што треба. Како да не сака да цица, прво фаќа убаво на почеток но за кратко почнува да се лигави да се нервира, прета, не сака да влече така си седи. Нудам друга града иста приказна, на почеток убаво после се нервира. Лактација досега супер имам, гради меки и убаво фаќа. Најлошо е што гомцето и смени боја, иде на кај зелено. Можно е да не и е доволно моето млеко? Или е некој скок па да чекам да помине. Не знам дали да купувам ад да нудам...
Сега на саат и пол, два максимум. Претходно на три саати цицаше и тоа еден подој беше само од една града. Сега двете ги нудам
Јас во текот на денот ги мијам со Фрош бејби детергентот и жешка вода, а навечер пред спиење ги ставам да стојат во врела вода по 5мин за да се стерилизираат. Не знам, можеби и јас не ги одржувам соодветно . Мајки јас да прашам, на колку време ги доите бебуши. Ќерка ми е скоро 2 месеци, искрено ептен ретко цица на 2 саати, најчесто на 45мин/1саат/некогаш ако издржиме до саат и пол. Многу плаче и само така се смирува па не знам дали е во ред така? На мисла ми е да не и правам грчеви од често доење, не ми е проблем друго. Инаку го исклучивме АД еднаш/два пати на ден по подој, сега сме на екслузивно доење
Се си мислам и со синко ми беше вака. Почнав да паничам дека снемува млеко, па отпосле ми текна дека имаше нешто
И јас со циклусот нели се жалев. Ги прекинав Лактил, требало пауза еден месец. Сеа на штрек. Слабо цица деновице, т.е. кога ќе се удостои да фати, цица, ама 2 3 пати фаќа, 2 3 пати не. Нудам со шише, ќе шмркне 60 мл итолку, плука, одбива млеко. Па и капак на се, заборавам да молзам на 2 саата дека меки градите, па автоматски се намалува тоа.
Моето преку ден е скоро по цел ден на цице. Се си мислам дека и како лажливка ме користи. И едно глупо прашење. Кога знаете дека млеко има и бебе цица?
Го слушаш/гледаш дали голта. Плус моеш да тргнеш цице и ако има млекце во уста сеуште има. Или па да извадиш цице и да стиснеш, ако тече млеко може да цица уште.
И мојата сака цел ден да цица. За се не користат и како лажливка, и за заспивање и за смирување. Јас имам хиперлактација и силен млаз и почнав да ја залажувам со други работи ко ќе знам дека не е гладна и не и се спие, одиме на тараса, ја шетам, пуштам песнички или звуци за смирување инаку почна да повраќа од прецицана. За млеко дека цица се слуша ко ќе голтаат и најбитно е да мочкаат редовно.
И јас имам хиперлактација , почнав на секој подој да менувам града , плус тоа си врзува навечер по 6 саати сабајле морам прво да одмолзам малку па да почне да цица , преоолни , течат мислам ќе ми пукнат како се справуваш ти , ќе се среди ли ?
@Srcka28 јас имав и за првото, ми се среди ко почна да дои по помалку време на подој и со поголеми паузи измеѓу. Деновиве ми се преполни, нонстоп течат особено навечер. Исто насабајле морам рачно малце да одмолзам, се задавува многу и ако излезе од уста случајно прска на сите страни. Плус чувството многу ме нервира ко ќе се полнат. Само да не се направи мастит инаку ќе се среди, ќе издржиме.
И мене од тоа ми е страв , ми тежат цело време се надрвам уште малку ќе почне да се средува , плус и блистерче имав на едната офффф
да ти кажам јас ги изврив првиот пат, а од тогаш натамо само со жешка вода ги мијам и сјај (моментално имам фрош, бидејќи го купив пред пораѓај. Да немав, сигурно и со обичен би ги миела)
Блазе си ви. Ние имаме две недели.Читав цело време за силиконските различни искуства. Повеќето сега се со позитивно искуство. И јас ги користам медела, и добро ми пријаат за градите а и тој побрзо цица. Ама сакам да фаќа и од града. Сакам да успеам во тоа. Првата силиконска ми ја дадоа во болница, бидејќи нели одма со препорака доење и надоаѓање на млеко (мисија успешна фала богу). Но сега несакам до година да терам со силиконска иако читав на друг пост за бебенциња што со силиконска пораснале здрави-прави, јунаци и лепотици.. Па, еве денеска ни е втор ден без силиконска и да видиме. Имам само и јас страв како што читав погоре дека нема да е нацицан, оти заспива на града а веќе сигурно е во скок и ќе треба после повеќе цицање. Мрзливо бебе е малку Инаку се молзам само еднаш, на сабалје-и тоа го чувам одма за ноќта или денот кога е критична ситуацијата, остатокот цицаме
па не е потребен, сигурно ќе се снаоѓаш и со обичен. Но практични се. Мене ми донесоа 2во1, крем и црн од HM, и баш ми се супер. Напред цак ја откачуваш прерамката и бебе си цица, после цак одма затвораш и си ставаш тампон за града за да не ти тече млекото и така. Јас така барем правам