скоро ист редослед како тебе (напишав подолу)... се пробуваме на града без силиконска два дена , а се молзам само на сабалје рано два сати пред да стане . Засега толку, само еднаш. Па понатамо ќе видам , по потребите. Но, на едната града имам повеќе млеко од другата. Дали е тоа нормално?
Јас две недели со силиконска па се плашам да не се навикне. Еве втор ден се навикнуваме полека без силиконска, засега добро тераме.. а млекце си пиеме и од шише молзено навечер
И ние уште од болница почнавме со силиконска со препорака од една сестра ја зедовме од chicco , до еден месец ја користев цело време после почнав само на вечер да ја користам кога ќе се разбудеше сред ноќ по тешко му беше да фати и така една недела и еве сега се доиме без неа и дење и ноќе Совет : Јас вака правев му ја ставав силиконската ќе тргнеше неколку пати ( тогаш брадавицата од вакумот се извлекува и полесно му е ) и сред цицање му ја вадев за да продолжи без брадавка и така полека се навикна
Само кратик коментар на сликата од погоре. Млеко од различни подои СЕ меша само ако е на иста температура. Секој подој се молзи и се става одделно во кеси во обичен фрижидер. Пред мрзнење може да ги измешате.
Мајки бебе е 11дена старо. Цица, млекото ми дојде и си цица убаво. Се нацицува и после си спие, што значи дека е најаден. Но , не кака толку честоо колку што читам овде на секој подој. Во два дена еднаш ќе се искака и тоа не многу . Дали е сеуште рано, некој искуство?
Не е само тоа, скоро цела табела е со погрешни информации. Млеко мајчино на собна тт до 24 степени се чува максимум 6ч, во обичен фрижидер на најдолната полица најдлабоко во фрижидер (не на врата) 1 недела, во замрзнувач комора односно фиоки до 6м а во длабоко замрзнување до 1г. Одмрзнато млеко не се смрзнува или враќа во фрижидер пак, стои 1 ден само а на собна тт е исто препораката до 6ч. Млеко од 2 и повеќе подои се меша само на иста тт, оладено и убаво промешано да се раствори мрснотијата или затоплено во топла вода (шишенцето односно ќесичката) и двете пакувања и се мешаат во едно шише. Мајчиното одмрзнато може да има мирис на пластика, риба и тоа е најнормално, ништо страшно. Најважниот совет, пред да дадеме се мириснува, ако има нормален мирис млекото го даваме без проблем, ако мириса лошо, верувајте мајчино расипано мириса многу лошо, не го даваме и толку.
Здраво. Малечката од некни има по два оброци денот и помалку цица, но сега имам проблем со млекото, постојано градите ми се тврди и ме болат, на левата имам и грутки, доколку се молзам мислам уште повеќе ќе направи тоа да имам млеко, совет како да постапам што да правам?
Во периодот кога бебето јаде оброк (а ако не бил тој оброк би цицало), молзи само по малку колку да ти олесни, не до крај.
Јас имам едни пластични мали чашички со капаче, заедно беа со пумпата. Ама една другарка во мали теглички рече го чувала. Немора специјално нешто
ахамм.. значи ако имам една тегличка од сабалје во 5 30мл да мибостанало и една на пример од вечерта во 21h. 60мл можам да ги спојам двете заедно, само ако си стојат двете во фрижидер на иста температура?