Ме интересира дали бебе цица со ист капацитет како пумпа? Пример ако за 10 минути вадам 70мл дали исто и бебе би исцицало толку ако цица активно цело време? Со овој скок изгледа почна да сфаќа кога е најадена и плука цице, а временски пократко цица и ако се најаде не сака да отвори уста за друга. Се секирам што не знам дали се заситува од малку зашто за тоа време што она цица јас со пумпа вадам помалку од што е предвидено.
Имате промена во цицањето деновиве? Претходно малава ми цицаше лакомо маратонски и за 10тина минути беше готова. Сега горе доле цица по 25мин. И пак почна да повраќа. Ама ако ја тргнам од града, плаче.
Абе по цел ден виси не знам што сака ... Пие и ад додуша ама мерак за цицање огрооомен. Тргни го плаче. Без цице не заспива а кога ќе го оставам заспан се буди дека не ждригнал така во круг. Ќе помини... Шо знам кога ...
На цицка заспива. Ја легнувам се буди. Ја кревам да уждригне, чим уждригне почнува да ика. И ние се вртиме во круг. Невидено.
Бидејќи е контроверзна тема со поддржувачи и противници. Сум ја имал оваа дискусија со неколку луѓе и ме интересира колку ја поддржуват и ја практикуват. Зборувам контроверзна кај нас, не на запад каде е нормална појава Позз
Досега не сум имала потреба затоа што не сме биле толку долго излезени со бебе, ама ако треба би доела.
Бебе е 6 месеци, еднаш се случи да дојам во игротека за роденденот од големиов и сите нормално си се однесуваа, дури и неочекувано добив поддршка да не одам во кола, туку да си се најаде раат детето. Темпираме да ги обавуваме обврските кога е добро надоен, но ако има потреба никој и ништо не ме интересира, би го доела кај и да е. П.С цело лето мајки во парк си доеја деца, мислам дека веќе не е толку ,,табу,, тема и кај нас
Еднаш да и пак би го направила ако треба, ако и се руча кај и да е ќе и дадам гладна сигурно нема да ја оставам.
Ако спие, исправи го на раменце и нека ждригне. Нема да се буди. Додуша мојот поише ждригнуваше од чешкање на грпчето горе доле со дланката како за тапкање отколку од тапкање.
Од 24часа 20 е на цицка. Мислам ќе пукне, ама има грчеви и само цицка сака. Само мокра, а не кака. 2 дена без престан се витка и плаче, а јас полудевам. Можно ли е бебе толку да биде на града?
Ме караа педијатрите да дојам на 2-3 саати, не помалку, дека и од постојано јадење им се правеле повеќе грчеви. Јас никако поинаку не успеав во тоа освен со молзено млеко и од шише да и давам. Сега не знам никогаш дали е доволно најдена кога цица, а малку е и мрза за да трга до крај. Едно решив, друго се зезнав, хахаха, хаос жив, не знам кај терам
Вчера извадив градс у сред Лептокарија во кафиќ. Ми беше срам признавам, веќе не. Маж ми ме освести со еден муабет, тоа е храна и готово. И така ќе биде ќе си дојам сегде од сега, вчера си го реков тоа. Нема срам бебе нема дс ми е гладно и јас нрма да трчам дома како блесава секогаш кога бебе е гладно ❤️