А зошто толку многу го ставаш на града? Може и се прејадува па тешко да му е на стомачето. А и толку часа што цица? сигурно те користи како лажливка. Пробај во тие моменти дади лажливка Јас обично на 2 часа дојам. Лакомо маратонски за 10тина минути. Последно време 20-30мин знае да цица и обавезно после повраќа. Тие ја сакаат нашата близина затоа висат на града не може нон стоп гладно да е бебето. Или не значи секогаш кога плаче дека е гладно. Пробај занимавај го одвлечи му внимание. Колку месеци имате?
За 5 дена 1 месец. Вришти ако не го ставам, а лажливка не сака. На цице и заспива. Ај кажете што да правам.
И моево е залепено за мене цел ден. Спие по 10 мин, дали два три пати, цело време цица. Слушам дека голта, не е дека си игра. Ако не дојдам за 1 минута и дадам цице, цела зграда во воздух ќе ја крене. Среќа навечер врзува по 2-3 саати, па и јас користам. Инаку што се однесува до доење во јавност. Мислев дека ќе ми биде срам и бев со став дека ќе се покривам. Денес за прв пат ми побара да цица надвор. Си ги извадив на послужавник, какво покривање, надвор беше претопло. Треба срам на тој/таа што буља да му/и биде, не на мене.
@AngelOfArh ајде мислење дај ми. Молзено млеко сабајле, одма го ставам во фрижидер, обичен. Го давам пред малку, притоплено во топла вода, малку. Лижна малку и го остави. Дали можам да го замрзнам бидејќи имам потазе, или треба да го дадам во период од 2 часа од почнувањето и да го истурам потоа?
Ако веќе лизнала не е за мрзнење. Контаминирано е со лиги. Ако го испие во следниот час ок, ако не фрли.
Да се разбереме, имам и друго молзено, него 100 мл стоплив, му дадов за да плукне 3 пати. Душа ме боли коа треба да истурам. Вообичаено топлам малку по малку, остатокот одма враќам во фрижидер (тој што останал во недопреното шише и кратко на собна темп). Ама сеа дека цицаше без силиконска брадавица, на негова иницојатива, сигурна бев дека само ,,замезил" и е гладен. А он да ти испразнил изгледа цела града.
Од понеделник почнувам со предавања, и бебе ќе седи со мајка ми некои 4-5 часа. Значи мора еднаш да јаде. Имам електрична пумпа, досега се немам никогаш измолзувано. Ни со првото дете. Ќе пробам сега, ама не знам кога да се измолзам. И како да складирам. Знам не се меша млеко ако не е на иста температура. Друго, освен во ќесе, во што да складирам? Трето, се топли ли молзено млеко? И четврто, ако не ми успее молзењето, колкав грев е да пие еднаш во денот АД? Мене самата помисла ми ствара грижа на совест, ама ова ми е прилика и можност да учам и знам дека децата се на прво место, ама едноставно сакам да ја искористам можноста. Не знам, ќе пробам со молзењето, барем додека да почне да јаде, ама еве се мислам да давам еднаш и АД.
Молзи наутро, или после секој подој по малце. Чуваш во шишенце за млеко, во фрижидер, стаклени теглички, било што, стерилизирано. Можеш од повеќе молзења да го оладиш, значи ова го спремаш претходниот ден и кпга ќе се сите млекца оладени, мешаш во едно шише, добиваш еден оброк. Се затоплува во сад со топла/жешка вода колку да се замлачи ептен малку.
јас давам 1-2 пати дневно (не секој ден) АД кога не сум во можност да дојам , не гледам ништо страшно. Молзењето за мене беше прекомплицирано
Ќе се измолзиш пред да излезеш од градата што ти е на ред. Немој да молзиш ако млеко капе, а не шприца. Јас искрено во ќеси не складирав за во плитко, само за во длабоко. Земи најефтини било какви шишиња за млеко што имаат капачиња сите се безбедни за бебе и во плитко чувај во нив. Ако молзиш од два термини и сакаш да ги споиш за да ги замрзнеш треба да се оладени на иста тт, инаку мислам не треба ако се дава веднаш, не гледам зошто да треба, ама нека потврди и друг некој. Можеш да затоплиш молзено, шишето стави го во топла вода некоја тт околу 35 степени. Не, не е грев ова со давање ад, не го сфаќајте како најцрно можно сценарио. Буквално и едното и другото е храна за бебиња. Опушти се ако измолзиш арно, ако не измолзиш има ад и готово. Секој со свои потреби и можности.
Од брадавицата дур се молзиш би требало да има млаз како да шприца млеко, ќе видиш во инката, како кога се испушта рефлексот дур цица бебе пример. Ако капнува, а нема млаз, тогаш веќе може да прејде во дополнителна стимулација и јас тогаш не молзев. Не знам каква пумпа имаш, почнуваш пример со послаби вакуми и после посилни и почнува да тече повеќе млеко, дур тече молзи или дур не си наполниш колку што сакаш, ако гледаш да намалува млаз и дека почнува да капе јас би прекинала.
Ке молзеш наутро. Син ми врзуваше ноќе по 5+ часа и наутро од една страна цицаше а другата ја молзев затоа што течеше млеко. Ке складираш во кеси ако мрзнеш. Ако ти е за од денес за утре или денес за денес само во шише во обичен фрижидер на крај, не на врата. Така може повеќе денови ама јас макс 2 дена го чував. На собна температура може 2 часа, јас толку чував. Ке топлиш под млаз топла вода. Или ке затоплиш сад со вода и ке го ставиш шишето. Млеко на жешко никако. Не е грев да дадеш ад.
Јас ова прв пат слушам. Твој заклучок е или од стручно лице? Сум молзела и кога шприца и коа капе, ама не ми се зголемила лактацијата дополнително.
Прв пат слушам и јас ама има логика. Кај мене кога молзев шприцаше а кога ке почнеше да капе престанував. Тогаш и градата ја чувствував празна.
Јас што гледав видеа на инста, тоа шприцање го викаат let down као се отпушувале поише каналчиња. И дека еден подој може да има поише такви шприцања.