Никако! Приготвено па ич. Млеко еднаш извади од фрижидер и не враќај повеќе назад. Мрзнење па ич. Истури го во следната купка. Не е за контаминација колку што е за притоплување и повторно ладење, не смее така, следно нема шанси да го пипне ќе има лош мирис. Не прашувај од каде знам. Што се однесува на молзење кога града капе само, скроз неточно. Се случувало да молзам по 40мин од икс причини, првите 15мин шприца ко лудо, после 5мин нема ни капка, после тоа пак шприца и вадам и поише млеко од првите 15мин. Градите не се тетрапак да се истрошат и затвори капачето. Тој втор млаз всушност се случува најчесто откако еден од каналите ќе се испразни и ќе ги пушти останатите канали. Сите имаме по еден водечки канал од кој најмногу шприца, млазот е најголем. Јас тврдам дека мајка која молзи, во секој момент да повлече има бар по малку млеко, ќе капне, не мора да чека 2ч да се наполни града. Тоа како дете кое цица, цицало и за 10мин да го ставиш пак оно пак голта. @JuLleE не е никаков грев да дадат АД, а ти ако сакаш да оставаш млеко ќе почнеш од одма да молзиш и да складираш, зошто во 4-5 часа ќе ти требаат бар 2 шишенца со по 120мл. Не мора да мрзнеш, земи си чашки за уринокултура и во нив складирај, најдлабоко во фрижидер и кога ќе треба баба само ќе ја стави чашката во топла вода цела и ќе се пригрре млекото. Еднаш пригреаното не го ставаме назад во фрижидер, ако бе го успие за час-2, фрлаш. Ако не го греела, само стоело надвор, може и по 4-6ч да стои зависи колку е топло дома. Молзиш од градата што не цицала, одма после подој.
Да, од лактациски консултант такви напатствија имав кога требаше вака да излегувам по неколку часа и да оставам млеко.
Не молзев екслклузивно, иста ваква потреба имав да излегувам по неколку часа во денот. Инаку не ми успеа пошто не фати шише .
@JuLleE ако нема пиено од шише до сега пробај ја дури си дома, да не не пие. Деновиве чајче од ким и давам со шише, не знае што да му прави на шишето дреми со цуцлата в уста.
Да затоа пишав така се стимулира затоа и да се прекине, претпоставувајќи дека кај нејзе нема потреба, пошто дои, а не молзела до сега. Може беља да си направи. Кај тебе ваљда е друга ситуација затоа поинакви насоки имаш. За складирањево ве читам. Не ми е доволно истражено, ама видете дали мора да е без бпа садот, чашките за урина не се и покрај тоа што се стерилни. Јас се фрцнав шишиња медела да купам пошто имаа капачиња и во такви чував во плитко, па после открив дека и шише од 120 ден има капаче...
Така му доаѓа ко да исцицало бебе колку што цица и после веќе се празни и само капе кога ќе повлече пумпата. Кога се одмолзував за да ми олесни, само неколку пати повлекував со пумпа макс 5 за да не претерам и стално било во млаз, а не капки. Ако почне да капе се испразнила и пак беља со прекумерна стимулација и хиперлактација и сл. Ова не важи кај тебе, пошто ти стимулираш.
Има и бпа чашки за урина, тие се малце поскапи, 30тина ден и собираат 200мл. Во кутивче ги продаваат.
Јас и дојам и молзам, паралелно. Достигнав некока количина млеко и сега ми е сосем доволен капацитетот на града на бебе.
Фала на советите и споделените искуства. Ќе почнам од денес со молзење, па ќе видам како ќе биди. Ќе бидам колку ќе и биде потребно. Ако не оди, ќе земам АД. Ми велат не се мачи, ама моите бубачки не велат така
Јас за тоа ја консултирав , плус имав блистер на градата и рагади ради не добар фат, хиперлактација....ми кажа што како , па се трудам еве неколку дена , ќе видиме како ќе биде
Да прашам за блистер. Имам на десната града, од првата доенечка неуспешна приказна, исчезна скоро после 3г и еве сега се појавува пак, не ми се верува дури, а имам уште 3м до раѓање.
Ти дојде дома за консултација или како? Колку ти е старо бебето? Мене ми фаќаше добро еден период и после што му бидна не знам.