Ооо никако не укинуваш ноќен подој. Ставај гк бебето на града и коа мислиш дека немаш млеко, па ако не дојде млекце, дај дохрана. Ама млекото доаѓа кога бебето ќе лежи на града, 5 мин барем. Така ќе ја зголемиш лактацијата. Имаш чај Лакта микс, таблети Лактил, овесни снегулки, сок од јаболко, безалкохолно пиво...ќе ти се зголеми. Мене ми фалеа така еден до два оброка секој ден, ама упорна бев, после секое цицање молзев и се стимулираше за нијанса повеќе млеко.
Фала на одговорот. Кога се крати ноќен подој? Мојата матична докторка ми предложи да укинам ноќен подој, као после првиот месец може... Дури и ми препорача да кажам, па ајде си викам да пробам. Лош совет, м?
Мене ми рекоа да не го будам за да го дојам на 3-4 саати, туку сам да се остави да си бара. На тоа да не мислеле?
И на 9 месеци ако тргнеш на работа, а доиш, автоматски толку од доење? Така сите подои ти се скратени.
Не, конкретно да го укинам оброкот кај 12 1. А иначе одамна не ја будам, таа ме буди мене кога е гладна. Се зезнав неколку пати кога ја разбудив од длабок сон.
Јас не ја будам , и педијатарот ми рече да не ја будам , ако ми се преполни градите многу, малку одмолзувам колку да може убаво да фати , ако бебето е гладно ноќе само ќе си стане
@TheGoldenPeach мислам по 150-200 грама неделно. Првиот месец обично повеќе ставаат надоместуваат за изгубената килажа, и почесто цицаат. Штом си напредува нормално не се секирај што не е исто секој месец.
Мало е бебето, значи има потреба од млекото. Не знам дали има правило кога се укинува, ама јас не би. Друго е ако само не бара, ама ако бара, значи му треба.
3 подои сигурно ќе имаш што е и доволно за 9м бебе си јаде. Доиш сабајле, од работа излегуваш 1ч порано и пред спиење
Важно за паузата за доење е дека истата важи исклучиво во работно време. Ако работите од 8-16 пауза за доење е од 11.30-13 часот. Не може да го напуштите работното место во 14.30 поради паузата за доење.