Кај мене не е така, се договоривме саат ипол порано да се гасам. Ако работам од 7 до 3, јас веќе во 1ипол се гасам. Така да ствар на договор е.
Дури сега видов. Камен тврда града може и после 6м да се деси. Испумпај само за да ти олесни и толку, следен подој на таа града нека е да ја испразни, па после пак на другата. Ама ако не е тврда не мора да е таа, така нема да стимулира. Ако си воспоставила лактација јас не би пиела повеќе чај и што и да користиш за лактација. Враќање во фрижидер не, ама на собна може да стои да почека следно пиење млекце. Може да стои исто како и тазе молзеното. Не, не е така. Може да стои исто како тазе молзеното со тоа што во термо торбичка може и да се продолжи за 2 часа. Зависи до работодавачот. Ако работиш во Илинден а живееш во Кисела Вода која е логиката да користиш среде работно време. Нема логика. Кај мене колешките сите користеа на крајот од работното време, а си користеа и пауза за доручек и плус пола саат на крај од работно време. Само на една колешка не и дозволија, она не доела и си кажала на работа дека не дои и од Човечки рекле па ти не доиш како ќе искачаш, што реално и така е.
Со второ сум, уште од првото не сме наспани. Те разбирам како ти е, ама бебето е мало за да му кратиш подој ноќе. Евентуално ако самото си скрати, до тогаш ти си тука да одговориш на неговата потреба во било кое време. Ноќен подој можеш да почнеш со кратење на 6 месеци, односно кога ќе почнеш со цврста храна. Со првото имав ноќни подои полни 12 месеци. Сега планирам да ги кратам со воведувањето оброци ако сам не си ги скрати порано, тогаш не знаев.
Какви електрични пумпи имате, јас имам една од сестра ми, малку пожатела од стоење кај цревото, ја вриев, стерлизирав де и ја измив во машина. Се мислам дали да ја користам сега. Доволно е исчистена нели? Бебка сама си ги скрати ноќните подои,цица и заспива и се буди дури сабајлето. Минимум 5 часа спие.
Ако е од надвор ништо не и е. Црево само се купува, провери по брендот кај тебе кај ја има. Пробај ја зошто пумпите електрични имаат часови работни, после ослабуваат.
Марката е Spectra некоја, од Мк е земена. Ќе ја пробам, чекам цревото да се исуши. Гледав нова да земам, ама скапи многу, и над 100 евра одат. Една кутија адаптирано колку трае?
Спектра розевата? И јас ја имам таа, на цице личи со тоа копчето мислиш брадавица е Ништо не и е од цревото, млекото не допира до таму, само пази тие плавите како вентилчиња дали ги има, да не се изгубени.
Мембрани. Тие на Меделата конкретно се менуваат на 2 месеци. Провери си за твојата зашто тие ако се истрошени нема да влече добро. Цревото е само за да направи вакум. Јас имам Медела ама мислам сите се на ист принцип.
Можеш мембраните на Медела да ми ги сликаш? Јас имам Лансинох, нема кај нас резервни делови, сакам Медела да купам, ама нејќат Медела да ми одговорат дали пасуваат.
Епа тие во пумпата, се како пластични капачиња и имаат една гумичка, мора да се комплет за да работи. Гледај тие да се чисти зошто од таму млекото излегува.