@JuLleE извини за упадов, знам дека не си во мк, можеш да се консултираш со доктор дека на пр имаш проблем со доењето и ти треба пумпа за измолзување па тие ќе ти дадат бесплатно. Мислам нешто малку паушално се плаќа, штом завршиш ќе ја вратиш. Јас така направив. Види ако сакаш може и кај вас така е.
Делови за лансинох пумпата јас порачува од нутри Вита....многу се љубезни и одма ми пуштаа. Најди бројче и јави им се.
Мајки ај уште едно прашање, ја исперав цевката и сега има уште капки вода. Што да правам, не се суши. И со фен пробав. Ќе ме фати струја ако така ја уклучам?
Мислам дека нема да те фати струја, оваа би требало да е цевката што ствара притисок за влечење и обично од апаратчето накај самата инка "турка" воздух, па тој притисок би требало да ја исуши. Барем мојата пумпа така работи. Досега не сум имала потреба да ги минам тие цевчиња пошто таму не поминува млеко. А да пробаш да ја вклучиш ама без да го прикачиш делчето до инката и шишенцето, и да ја истурка водата тој притисокот што го објаснив ваљда погоре?
Се измолзив, никако не се тргаат капките. Тоа е всушност воздухот што го пумпа и оди низ нејзе, мислам дека не влегува внатре. Ај да прашам и ова, дали ако има случајно вода или некоја капка во шишето кај што се измолзувам е штетно? И друго ме загрижува, се измолзив 100 мл за некои 5 - 6 мин, максимум 10. И прво имаше млазови млеко, после беа капки и за на крај и скоро да немаше. И прекинав. Бебе последно од таа дојка цицаше накај 5 часот мислам. Не е малку?
Ова мене ми се случуваше од кога имав воспоставено лактација. Во принцип пумпата помалку вади од тоа што бебе може да исцица, ама може доволно му се 100мл. Колкаво е? Еден ден кога не смеев да дојам се молзев и фрлав, измолзев некоја смешна милилитража за која сум сигурна дека цица повеќе од тоа. Не се страшни капките.
@JuLleE не можеш да го извадиш цело млеко, на секој подој се полнат градите, не се троши. Да направиш пауза и да измолзуваш пак уште ќе извадиш.
Да, не може цело да се извади. Сакаш да не го измолзиш до крај во тој момент, тогаш кога ќе почне да капнува прекини. Пошто и тоа кога капнува сигурно не се наполнило плус 50мл туку 5мл. Ќе видиш како ќе ти оди. Може ќе почувстуваш и промена во гради. Нема некој прирачник за сите ист. Јас би молзела вака, ако не му стигне ќе му додадам ад. Зависи ако ти е на долг период па и почесто и треба да премине во ексклузивно доење тогаш може би имала и поинаков пристап. Вака ко што вика @kristina.k со пауза не сум молзела. Молзев колку излезе толку, во принцип се враќав после 4 часа, толку издржуваше. Некогаш ќе испиеше се, некогаш ни пола немаше да испие. На крај неќеше цуцла и се откажав.
Што да правам кога шприца млеко од едната града или нормално е? До сега не ми се десило па се исплашив да не е некој запушен канал. Од сабајле и на доење и на пумпање гледам од исто место на една града шприца.
Здраво девојки. Моето бебе има месец ипол и сме само на доење.Последниве неколку дена се соочувам со проблем на последниот подој пред спиење навечер односно не му е доволно количината на млекото па му додавам од тоа што сум измолзела наутро. Пијам чаеви, сок од јаболко течности и лактил капсули веќе трета недела. Што друго можам да направам во однос на зголемување на количина? Исто така за измолзувањето ме интересира како е исправно на еден подој ако цица од левата јас да ја измолзам десната?
Моеш плус овесни снегулки со млеко, мед и цимет. Плус бебе нон стоп да го ставаш на гради за да стимулираш.
Vareni jajca, meso peceno da ne e przeno, jogurt so ovesni snegulki,salata, vitaminite se bitni ovosje zelencuk