Ова за квалитет на млекото? Читав еднаш дека квалитетот на млекото не зависи од исхраната на мајката. Пожелно е да е разновидна, ама ради мајката, зашто како во бременост што се врпат резервите на мајката, така и со доењето. Баш имаше пишано дека и мајките во Африка што имаат недоволно храна имаат супер квалитет на млеко.
И да ја измолзеш едната другата ке има. Биди спремна да не сака да проба ад. Моево не сакаше да помириса ад, со молзено правев каши. А молзено пиеше без мака. Пробај друга цуцла, друг облик, поинаков принцип на течење или со шприц. Син ми од чико цуцла не умеше да пие, оние како брадавица, од авент сакаше од оние класични со стаклено шише.
Мајки доилки, до колку месеци внимававте на вашата исхрана заради грчеви кај малите? И дали на поголемите дечиња на кои им давате сирупи за имунитет како бимунал и дефендил, им ги давате и додека се настинати/болни, заедно со другата терапија или правите пауза па кога ќе оздрават продолжувате?
Да ти кажам право денес се настегав грав прв пат по скоро 4 месеци внимавање и до сега е мирна ситуација , а за витамини давам на ќерката оти оди во градинка воопшто без прекин и да зема антибиотик
Тоа што ми рекоа не јадам сеуште, а грчеви имаше до 40 дена и тоа 3-4 пати само, се надевам дека нема да се појават пак, сега има 3 месеци.
Здраво, Сакам да прашам дали може во текот на денот шо се измолзуваме млекокото да го складирам во едно шише во фрижидер, само да го додавам измолзеното млекото и кога ќе соберам 80-90мл да речеме да му го стоплам на бебето? Да не го складирам во различни шишиња или кеси зошто по многу малце вадам а имам од овие на кикка бу шо се пумпите електрична
Сега кога се молзев ме болеше многу. Претходно само на почетокот. Зошто? Прекинав и уште ме боли, како на почетокот кога бебе почнуваше да цица. Друго пумпата ја мијам само со вода, исто и шишињата кај што молзам млеко и знае да има капки вода. Мислам не е штетно за млекото или? И последно од вчера млекото кое е во фрижидер и денес кое го дтавив во фрижидер, смеам ли да го измешам?
Мора да го разладиш новото и да го измешаш со старото, бидејќи ако го измешаш неразладено ќе се затопли постарото и побрзо ќе се расипе. Најди некое шишенце во кое ќе го собираш од цел ден.
Препорачливо е да се стерилизираат еднаш во денот. Не знам колку често молзиш, но од време на време стерилизирај. Посебно ако млекото го складираш или чуваш за подолго време.
Молзам еднаш дневно и не секој ден. Ќе го чувам најмногу два дена. Знам дека се стерилизираат ама не мислев секој ден. Како стерилизираш?
Наслаги од млекото.. Ама немој само со вода, сјај оној бебешкиот и со топла вода ако не стерилизираш. Ова што те боли да не е од пумпата, да не ја ставаш многу јако да влече. Брадавиците или внатрешно те боли? Мачкај ланолин. Едит пумпата мислев како типот на инката да не не ти е соодветна и слично.
Брадавицата ме боли да, ама на почетокот и внатре. Молзам на максимум. Во ДМ има ли бебешки сјај? Јас се молзам, ама ова мојава не сака да пие уште од цуцла Ќе одам сега по друга цуцла и друго шише. Ќе земам како брадавицата па може ќе сака.
Има сјај во ДМ кај бебешкиот дел кај нас. Мене блистери ми се направија од така прејако пумпање може и тоа да те боли, на крај ја сменив пумпата. Пробај со послабо ниво. И мојата не фаќаше, т.е. фати едвај по малку после некое време пошто не се откажав, ама ми набија страв дека може да се откаже од цицање и прекинав. По заморно е ама може да пробаш и од отворена чашка, тој метод го фалат многу како замена на шишево.