Бебка не сака цуцла и не сака. Останува да земам онаа каучкова, кафената, а овде најдов само на Бибс и се 20 евра. Ај да прифати, ама ако пак не сака, не знам што ќе правам. Гладна седи, ама цуцла никако не сака. Душа ме боли кога го фрлам млекото.
Исто сме и ние, пробав 2-3 пати се гади. Од кои еднаш некако испи 100мл и кога исповрати млазови млеко се извадив од памет и не ја мачам више. Ако ти е за утеха, мада знам дека тебе ти е стварно кнап. Јас поише за комодитет гледам да ја научам. Пробајте во темно и во поза исто како за доење, мојата така фати. И пополека нека пие за да не ве извади од памет како мене. Инаку е невозможно.
И јас ги имам оние на авент филипс и не ми ги сака. Баш денеска ги мислев на бибс, ама па не ми се фрлаат само пари за цуцли и да не ми фати.
Уште они ми останаа како надеж. Во породилиштето јас и имав дадено да пие од шише додека да ми дојде млеко. Знам еднаш пак испи од шоше на 3 недели, ама еве сега не сака. Ќе дадам пари, што да правам, немам опција за жал. А тие пак прескапи се.
Мојата фати од едно никакво најефтино обично. Пробај и такво. На другарка исто од бејбинова од зегин обичните.
Помири се Слатки се, ама цуцлите потоа се и проблем, па одвикнувањето е тешко. Јас инаку за 15 минути денес од една дојка измолзив 160 мл. И тоа од таа што помалку вадев. Се надевам ова нема да го фрлам. Ќе пробам со шприц од сируп. Не се откажувам.
https://www.zegin.com.mk/mk/medela-calma-shishe-so-inovativna-cucla-150-ml ова конкретно го користиме. Млекото не тече, мора да влече исто како при доење. Авент би требало да се на ист принцип, ама не го сакаше тоа
Како да намалам силен млаз на почетокот од подој? Со рака чекам да дошприцаат каналите па и давам, ама штом почне да трга пак јак е млазот. Дали да измолзувам пред подој?
Ако се тргне бебче баш тогаш, ставав/м тетра. Инаку си тече во вратче или на блузичка. Сите блузички имаат кругови од млеко. На синко не му смета, кај вас ако смета одмолзи прво малку.