И смета многу, ја удавив ми се чини. Сабајле пола саат се мачеше за ждригнување, полна воздух. А најмногу се нервира ко ќе сака да цица малку за заспивање, а тоа тече не може ред да фати во голтањето. И почна да повраќа често. Сега со рака пред да ја заспијам ја испразнив малку над тетра, само со прст да стегнам шприца од сегде. Ќе мора со пумпа да пробам пред доење.
Јас измолзувам 20-30ml со пумпа колку да се поднамали млазот и да може убаво да фати , ама не секогаш наоѓам време зошто отвара очи и почнува да плаче за цицање, па пак плаче зошто и смета млазот и така во круг
Мајки да прашам и тука ако може помош... Малата ми е месец ипол само на доење сме и еве 5 дена ми се нема искакано. И ги правам сите вежби плус држам топло на стомачето и уште ништо, дали да ставам нешто во газето или да почекам затоа што викаат дека е нормално да не какаат и до 10 дена? А стомачето не и е тврдо се уште. Фала ви и извинете ако постов не е за тука
Девојчето мое цела ноќ си ја преспа. Да се пожалам тука дека имам грижа на совест, прв пат да не цица навечер а и јас комирана Нема уште 4 месеца
Ние сме не полни 2 месеци и последен подој ни е во 12 до 1 и заспива до 7-8 сабајле неколку пати до сега се има разбудено ноќе за цицање , јас не ја будам , супер напредува и така тераме, затоа преку ден цело време цица
Ноќеска и бебко успан беше, ама јас будна и да ја немам таа ,,грижата на совест,, го зедов накај 4. Како си шлапкаше мх мх мх.
Ели вака спие оддамна, дали на почеток се будеше само за цицање ноќе. Еве синоќа заспа околу 23 ч и стана во 7 часот, па сега во 11 ч. Тој и е редот плус минус еден час. Нема ни 3 месеци.
И нир ја имавме таа фаза пред некоја недела. Ми недостига, кратко трае. Еве два дена црла ноќ на цице.
Ели, не е во ред што преспива? Полни пелени, весела е, не плаче па си мислев добро е што си преспива. Сега се замислив да не грешам што не ја будам. На следна контрола секако ќе прашам педијатар дали да ја будам.