Дали им се бели јазичињата на бебињата ваши од доењето или соор е секогаш ко ќе е бело? Ме предупредуваат на контрола да го чистам со сода секогаш, ама е повнатре и нема мака во доењето, а не знам како да го исчистам толку внатре.
Има, никој не ми кажал да го чистам посебно не со сода. Не сум во Мк можда и затоа не сум наишла на таков совет. Таков и се прави после цицање и после некој сат и чисти не и е цело време бел.
Цело време и е бело и секогаш на контроли ми кажуваат да и го чистам со нистатин капки на газичка и директно на јазичето, некако ми е страв така маж ми тоа правеше и се очисти малку сега пак има. А со сода ништо не ми имаат кажано.
На моето постојано и е бело. Кога ја прашав Марина рече ова не е сорос и нема потреба од чистење, од млекото е.
Мене на контролата ми рекоа дека тоа е од млекото, не е соор и не треба да се чисти. Ако е соор ќе има и од страна и он се лечи со капки.
И мојата има, не е соор, повеќе има после доење иако цело време има само на средина на јазичето. Ми кажа педијатарот превриена вода со сода ама заборавив колку сооднос вода/сода? Може на шпатула или лажичка мала пластична да намоташ газичка и да исчистиш повнатре.
Фала ви, и јас така мислев од млекцето дека е ама дека спомнуваат на секое. Ќе ја оставам засега вака, не ни прави проблем со доењето секако.
@kristina.k јас на показалец намотував стерилна газа, натопував во сода и чистев. Кога ќе почнеше да плаче посилно убаво ја отвораше устата и јазикот и можев да исчистам подлабоко. Е сега нагони за повраќање имаше, ама бар чист му беше јазикот.
Добар ден, нова сум во темава бидејќи од неодамна сум мајка. Ве молам, искуства и контакт од консултант за доење (не сум од Скопје). Ви благодарам.
Мајки имам едно прашање пред 4 месеци се породив со царски и сме само на доење, ми нема дојдено воопшто дали тоа има врска со доењето ?
Мајка јас пред 9 м со царски и сеуште ми нема дојдено исто само на доење. Но, мислам дека е сосем нормално.
А косата ви паѓа? Ова е страшно колку ми паѓа, ќе ми падне целата коса. 3 месеци како сум породена дури сега почна да паѓа, пијам витамини ама џабе има ли некое решение? Користите ли нешто? Илои да чекам само од себе да престане.