Мамички здраво, бебушко ми е скоро три месеци си пие млекце на три саати со измолзување. Градите ми беа константно полни и на секое измолзување вадев по 220-230 на три саати. Неделава ме фати вирувчето, вчера со диареа и млекото ми се намали неможам ни 100тче да извадам. Дали ви се има ова случено и дали може да е од диареата да снемам млеко.. и дали ке се врати млекцето или за жал толку ќе ни биде ☹️
И јас го имав истот проблем не сакаше да цица од многу млеко. Се нервира од што многу шприца. Првин измолзи ја градата малку со пумпа или рачно па потоа нека цица
Имам тврд дел на едната града и како вжештена ми е и црвен тој дел. Почнувам и тт да качувам 37.3. Топла облога, па масажа за разбивање, друго што? Место зелка што може облоги?
Ох ова звучи на мастит. Јас немам фатено, но од тоа што знам зелка навистина многу помага. Мене ми помагаше за грутки. Под туш масажа, држи шише, термофор или топла крпа пред подој. Инаку имам пробано и толчен магдонос со масло пример маслиново ама малку терсене е за ставање и вадење. Ова за грутки сум користела, но зелка е сепак најдобра опција. Доење или молзење почесто да се празни градата. Со лесно и брзо да ти помине.
Молзење или доење ако бебе влечи добро. Вчера јас го имав истото, со масажа топла тетра и на крај молзење ми помина
Здраво мајки. Имам 5 ипол месечно бебе на ексклузивно доење. Нажалост ќе треба да почнам да го одбивам наскоро бидејќи ќе треба да почнам со една терапија некомпатибилна со доење. Бебето не ми прифаќа ни шише ни адаптирано млеко. Се грози и плука. Се соочувал некој со ваков проблем да бебето не му прифаќа друго? Како да му воведам?
Мајки здраво, ние сме три дена само, но бебе слабо цица, јас уште немам млеко ама проблем е што и хранењето со шише тешко му оди...ние сме уште во болница но ете јас сум мнпгу загрижена, докторката рече оди кон подобро ќе му треба време пошо има и малку вовлечена долна вилица ама рекоа дека не е страшно ама јас еве три дена седам во соба и си плачам многу ми е страв..благодарам многу
Масажа под топла вода и молзи убаво од сите страни , давај да цица од таа града и листови зелка , малку ќе ги разгмечиш пред да ги ставиш , зелката мене многу ми помогна
@Srcka28 @Anturium @AngelOfArh како иде редоследот? Топла вода, масажа па цицање, на крај ладни облоги од зелка?
Да , јас така правев , упорно само, кога ќе правиш масажа ќе одмолзуваш со рака убаво од сите страни на градата. Ако имаш пумпа и со пумпа малку одмолзи пред да цица да се отпушат каналите , и после подој листови зелка изгмечени со рака убаво , чувај ја во фрижидер ладна да биде
Мало е уште нема сила да цица , и јас така го поминав периодот додека бевме во болница , плачејки зошто не сака да цица , и млеко ми дојде и не сакаше , кога дојдовме дома беше друга песна , одма си фати , ќе ти кажат во болница како да го местиш да фаќа убаво , штом ти рекле дека нема проблем да не се секираш, само упорност , мене лично ми требаа два месеци да конечно кажам дека е супер доењето, на неколку пати сакав да се откажам
Да јас и плус пред молзење или цицање ставам топла тетра на гради да ми постои. Масажата прави ја првото со едната рака горе другата доле, после раката лево другата десно, и на крај само брадавицата ја масирај
Здраво мајки. Пред една недела правев ренген и ми рекоа 48 часа да не дојам. Тие два дена се молзев на неколку часа кога ке ми се стврднеа градите а давав адаптирано бидејќи сме на комбинирано за бебуш не беше проблем си пиеше од шише. Е сега после тие 48 часа многу ми се намали млекото. Јас и онака немав многу млеко околу 60 мл од подој. Сега само неколку капки 10 мл најмногу. Каде згрешив ? Можеби требаше да се молзам почесто а јас на 5 6 часа … помагајте како да си го вратам млекото?
Ај пробај пред молзење загреј тетра со пегла и држи на гради малку, масажа, па тогаш молзи. Јас вака вадам по 80 мл, а без ова по 40. Исто после молзење или подој масажи со масло од босилок можеш да правиш. 2-3 капки од маслото помешано со маслиново масло и со цели дланки кружно ја масирај цела града
Зошто да молзеш,стави го бебето на гради,нека цица,плус наспиј се убаво,не се нервирај и не мисли дека немаш млеко,све е во главата.Почесто гушкај го бебето и давај му нека цица,макар по 2 минута и млекото ке се стимулира.Јас со пумпа не вадам количина а бебе си цица и напредува,колку беше ситно кога се роди и слабо а сега е баш убаво бебе со обравчиња,не дадов ад и шише никогаш .
Да, баш така. И ако видиш дека таа града со грутките стално ти се праи така ќе мораш да ја празниш редовно, дали да цица на неа или да ја молзиш ако не ја цица. Само редовно молзење на 2-3 часа ако не дои, ако дои само доење. Ќе се врати.
Мајки кои имате и поголемки деца, дали сте дале одмолзено млеко на поголемо детенце? Се мислам да му дадам на поголемото синче без да знае со несквик или со бисквити можда ке оздрави побрзо, што мислите,ја прашав мајка ми ме направи чукната,не се давало одпосле мајчино млеко.Детето ми го отруја со антибиотици,ослабнат е скроз,јас мислам дека така ке му помогнам, што мислите?Зборам за некои 50-100 мл на пример дневно да му ги давам подметнато некако.
Во америчките групи даваат. Јас не знам колку би му помогнало да му давам, што знам, не сум на чисто. Штетно не е секако, ама дали ќе има некој ефект не знам.