Пред скоро време една мајка бараше мајчино млеко, ѝ препорачал педијатар поради некоја имунолошка болест. Јас би пробала, ништо нема да изгубиш.
Девојки едно прашање дали некоја од вас замрзнувала млеко во шишиња за урина оние стерилизирани што се продаваат во аптека ?
Дали некоја се соочила со болка во града по подој? Истата болка ја имав пред 3 месеци, требаше баш време дур помине може 2-3 недели. Сега повторно левата града, боли на почеток премногу, рипам од болка. И исто после подој. Како игли да ме бодат. А немам ни грутка ни ништо, мека е градата. Болката ја осеќам кај ареолата ама од внатре.
Дали ви цицаат вашите бебиња доволно? Мојава почна да изведува не можам да ја легнам за цицање веднаш почнува да се врти лево десно, почнува да плаче, а не можам да стасам цице да и дадам. Највеќе цица ноќе кога се буди и се спие и мирна е и кога станува од спиење.
Ако имаш толку многу простор да смрзнеш во такви ок, не е проблем. Само ќе ги набавиш тие поскапите бпа што се, мислам ги зимав во Еурофарм, ама не сум сигурна. Во картонско кутивче се продаваат. Инаку во такви можеш максимум да спакуваш 120мл, повеќе не, зошто мразот се крева и ќе ти испука или претече ако ставиш повеќе. Не ти се исплати малку, ама ти си знаеш. Ќеси имаше во тоа горе во Сити мол Нук кај што продаваат 400ден 25 ќеси, ти иде по помалку од 20ден ќесичка, а можеш 180мл да складираш и помалку простор зафаќа. А овие помалку собираат, повеќе простор зафаќаат и не се баш практични. Сум ги користела и обичните, ама за чување во обичен фрижидер и на 2 до 3 миење сум фрлала.
Што може да јадеме што има железо а не прави грчеви? Телешко и цвекло м? Пошто леќа не, спанаќ не, зелени работи не.
Мамички бебето ми е една недела старо, цица на некои 2-3 сати. Навечер знае да се успие и до 3 ипол сати да не бара да цица. Полни пелени цело време ама каките му се со мала количина, некогаш зеленкасти некогаш златно жолти. Се мислам да не е многу спиење и детето да е гладно
На таа возраст треба да го будиш на 3 часа најмногу иако не бара само. Битно е за раст и секако за лактација.
Јас и дење и ноќе сама го нудам да цица,пробав вчера да го оставам преку ноќ да огладни и да бара и јок спие не мрда го земав се нацица како гладен да е, има мрзливи бебиња, јас не би го оставала да спие барем не до 6 месеци.
Не мора да значи. Син ми беше дехидриран, на 15 дена беше на систем за рехидрација, неонатологот ни рече дека доколку од 6 наутро до 12 на полноќ има редовни подои/оброци на 3ч, ноќта од 6ч не е проблем да ја преспие. На децата за раст и развој и сон им треба, на овие маливе без сила па уште повеќе. Нашиот неонатолог проф.др. Пиперкова е една од најстарите доктори неонатолози кај нас, и верувам многу, ми спаси бебе од 15 дена кое беше дехидрирано до степен да се намали веќе и дишење и функција на срце, мозок, бубрези... Со тој режим успеавме да пребродиме и да се вратиме уште посилни, бебе на 6м веќе ги достигна врсничињата и фала богу сите органи му функционираат нормално, страшно голема концентрација има и меморија голема, значи нема оштетувања никакви. После 6м веќе од 9 до 9 спиеше со едно или ниедно будење во 12ч за млеко, кога како. Еве 6ипол години има сон цврст и редовен, до пред 6м имаше сеуште и денски дремки, не му менуваа многу во ноќниот сон.
Препораките на СЗО се поинкави. Подолу ке го ставам линкот, па секоја мајка нека си прочита придобивки и нека си одлучи. Ноќно доење е особено битно за бебиња од една недела. Будење за доење не подразбира бебето да е будно. Се нуди града кај успиено бебе. Си има и знаци дали бебето е гладно и премногу успиено за да побара самото. Секоја си бира на кој доктор ке верува, затоа има некои мајки што сакаат антибиотик на растечено носе па си бираат такви доктори, други ке проверат кс и тогаш ке реагираат итн. Јас лично одлучив да следам препораки од СЗО и синко напредуваше како по книга па и повеќе. https://www.laleche.org.uk/breastfeeding-at-night/
На е-lactancia ако ги побараш башка сите 3 компоненти ќе видиш, пошто самиот лек е комбинација од 3ве. Парацетамол е very low risk нели, другите две low risk
Доев со силиконски брадавици. Има веќе 2,3 недели не сака со силиконски и цица без нив. Арно ама кога почнува да цица овие денови страшно ме болат брадавиците. Некој со слично искуство да ми даде некој совет.
Еве и јас ќе ти кажам дека ќе помине, мораш да издржиш. Најбитно е добро да се местите, да фаќа убаво и ќе пројде. Мачкај ланолин, можеш слободно и јекодерм. Јас се полевав мислам дека нон стоп бев намачкана, маиците лом
Во затемнета и тивка просторија пробај да доиш. Бебето ти приметува повеќе бои, облици и звукови и му одвраќаат внимание од доењето. Претпоставувам сеуште е мало за мултитаскинг.
Колку не си во право и врска нема она на нет или книги со реалноста. Син ми цицаше ноќе до 2 години. И тоа често. Ќерка ми ја преспива ноќта од еден месец. Ќерка ми напредува подобро, бебе по книга што би рекла ти. Син ми качуваше едвај 600- 700 г, ќерка ми прв месец 1200, втор 800 г. Синко квичеше, сакаше во раце итн, ова е бајче, спие, јаде. Така да, до детето е.