Баш до детето, али дете што спие редовно, јаде редовно, многу нормално дека ќе напредува подобро од дете што не спие и квиче што викаш ти. Сонот е најважен за мали бебиња. Али да, секој одбира на што ќе верувам јас одбрав на неонатолог со 55г работно искуство место на интернет, па макар било и СЗО тоа на интернет.
Мами незнам дали е прашањево за тука ама да си ја пробам среќата. Малата ми е 3 месеци и е само на доење, ама мене изгледа многу ме истоштува и постојано сум омалаксана и со благи вртоглавици. Последниот пат кога правев крвна слика железото ми беше ОК. Прашањето ми е дали и на друга мама и се случува ова и дали користите некои витамини или слично за повеќе енергија?
Мамички имам мака околу доењево Син ми недела дена стар многу лакомо влече и обавезно се закашлува а сега почна буквално да се дави на града и од памет ме вади Ве молам кажете некој совет, што да превземам, вака во паника сум
Секако дека е можно бидејќи сите хранливи состојки од храната идат во млекото заедно со витамините. Појачај исхрана, форсирај протеини и секако продолжи си со суплементите од бременоста
Секако дека е до детето. Син ми и покрај грчеви и плачење напредуваше многу првите месеци, првиот 2 кг скоро качи. Пак ке кажам, секоја од нас ке си следи препораки и совети кои мисли дека се подобри. Споделувам мое мислење.
Дали некој има рецепта за чај за доилки? Си земав чајчиња од билна аптека: анасон, ким, босилек, мајчина душица, грчко семе и маточина. Првите 5 чаеви по 100 грама, но не знам колку да ставам чај од маточина. Дали некоја од вас знае? Фала
Во билна аптека кога бев да земам чај за доилки они ми дадоа се што треба да измиксам ,горе доле мислам дека тоа и ти што си земала , сите кесички ги измешав цели , и од тој микс во литар зовриена вода ставав 4 супени лажици да стојат 15мин и да се процеди .
Скроз исто ми се случува, од сабајле станувам со блага вртоглавица и зашеметеност, а витамините во фиока си стојат. Почнувам од денес да ги пијам, се надевам ќе има подобрување.
Женски ова со паѓањево на косава веќе е алармантно. Премногу ми паѓа, се чудам како уште имам коса на главава. Цели топки со коса. Што можам да користам барем да се намали малку паѓањето?
Ништо. Ќе престане кога ќе престане. Секој ден мислам дека сум станала ќелава кога ќе погледнам колку ми паѓа.
Леле еј дај боже да е до тоа уште утре одам да купам Ај баш кажи ми дали ќе имаш подобрување од витамините
Имав и јас вртоглавици, исто железото супер, докторот ми препиша неуробион форте, подобро ми е. Тие симптоми може да се резултат и на вкочанетост во грбот и вратот, ти препорачувам да си посетиш физиотерапевт и редовно вежбање, истегнување и внимавање на положбата на телото, гледај да си исправена, гледање во телефон никако итн. Ако си многу уморна барај помош, нека преземе некој друг трета смена со бебето,наспиј се. Мм презема трета смена кога ми треба да одморам, на 2 3 дена најчесто, многу подобро се осеќам. Дава молзено млеко, јас станувам само еднаш да се измолзам за да не ми пукнат градите, ама тоа е пола саат работа, и назад во кревет. Иначе бебето мое е 2 ипол месеци, почнавме вака пред еден месец.
Жива ненаспана сум Како ви стават навечер бебињата? на 1 ви Ноември 2 месеци правиме, некако деновиве на почесто става, давајте совет грешка дане правам некаде на доење и плус молзено сме како дохрана и давам 4 пати на 6 саати по 90-100 мл по препорака од доктор, уште на почеток послабо ставаше на килажа, таа по 75 мл ми викаше ама јас повеќе секогаш и давам, зошто цицањето и е послабо посебно навечер цицнува 5 пати и одма дреме а и преку ден не е сјајна многу со цицањето. Во 8 навечер и давам молзено и тука првата дремка и е најдолга 3-4 саати после втората цица и тука поспива 2 саати, па пак молзено кај 2 ч и давам и веќе од 3-4 часот става на саат и неш или саат ипол мах и додека јаде и дреме по пола саат на цице и заспие пак ќе дојде време да стане и така до сабајле е. Утепана сум за спиење. Намерно не ја осрсвам повеќе да дреме на цице за да огладни и да влече ма јок па истото, и стискам града за да и тече полесно и да ми омекнат градите пак џабе ке голтне тоа и толку
Пробај да ја будеш чешкајки ја по нози или мени памперс на сред подој. Мојот така се расонува оти мн плаче при пресоблекување и после си продолжува со цицање