1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    3.219
    И кај мене менување пелени функционира, иначе гладна заспиваше на града, и постојано се будеше за да доцица уште малку
     
    На Anturium и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  2. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.832
    Јас ако го оставам подолго од 4 часа после наредното мочкање во пелената урината му има жолтеникава боја...
     
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    5.249
    Некој да не разбере погрешно. Не намерно да се остави туку ако се успиела ми рече може 5 6 часа, а после веќе да ја разбудам за цицање.
    Не, мене не ми се случило тоа, ако мислиш дека е знак на дехидратација. Преку ден си цица често и добро напредува? Не би требало. Ако се сомневаш на тоа апсолутно не го оставај подолго без цицање.
     
    На Mari-Li и Freckles. им се допаѓа ова.
  4. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.175
    @Mucika Мојата нема никаков проблем мочка таман, не сум приметила разлика никаква. Само што почна да ми врзува многу време и тоа ме буни, макс сум ја оставила 7 часа кога ќе се успијам она абер нема да викне. Затоа ми е прашањето дали има некој со искуство повеќе од 5-6 часа навечер. Не ми е проблем да и давам, ама и кога и давам ќе цицне 5 мин и толку не се ни буди. Ни пелена не помага, заспива одма како ќе и ја сменам.
    @JuLleE мислам тебе ти преспиваше малата подолго, како ти е искуството?
     
  5. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    5.462
    Пол:
    Женски
    3 месеци има? Педијатар што вика?
    После вториот месец педијатар ни рече нема потреба веќе од будење, океј напредува и го оставав сам да побара. Е арно ама не бараше, спиеше по 12ч без будење, денски пиеше млеко и повеќе од доволно. Се изнаспавме :D
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.659
    Пол:
    Женски
    Кога го читам ова си викам зар можно е :?: блазе вие
    Жива ненаспана сум :whew:
     
    На TeddyGrey и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  7. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.407
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас ги пие или има пиено овие витамини и како е задоволна
     

    Прикачени фајлови:

  8. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    5.462
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебето? Ехее ќе менува, не се секирај, сите имаат периоди на спиење и неспиење. Еве сега има 1 година и повеќе се буди ноќе отколку кога беше новороденче, плус болен, ко зомби сум (facepalm)
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.359
    Допаѓања:
    125.910
    Ептен некоја сува кашлица имам ,надразнета сум и неможам да се смирам
    Имам хербион дома исландски лишај сируп и лижавчиња од синко на др.Тајс
    Смеам?
     
  10. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.175
    А со градите како се справуваше? Мене многу ми се пунат, дури знаат и да болат после неколку часа.
    Педијатар уште не сум прашала за повеќе, последен пат на контрола прашав за тие 5-6 часа. Ама сега како расте се повеќе спие, а нема уште 3 месеци 11 недели е. Не знам ни дали и би плачела ако е гладна, до сега се нема десено. :?:
     
  11. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    42
    Јас денес ја однесов на вакцина и докторката таму ми рече дека бебе од 2м треба да цица на 2 саати и преку ден и во текот на ноќта на мојава навечер првата дремка и е 5 саати после се буди почесто. Ми рече дека ми е малечка и да почнам да давам дохрана а досега е само на доење. Од последното мерење за 20 дена ми качила 600 гр. Педијатарот вчера ми рече дека е супер, оваа денес вака...и сега одма имам сомнеж дека немам доволно млеко, толку ми фалеше
     
  12. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.659
    Пол:
    Женски
    Бебето на 1 ви 2 месеца :D
    Малечко е знам ама ме утепа со станување:?:
     
  13. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.175
    Педијатарот да си го слушаш, супер ти напредува бебето.
     
    На Freckles. и V.N. им се допаѓа ова.
  14. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    5.462
    Пол:
    Женски
    Никако не се справував, не ми се преполнуваа ама ич (facepalm) Малку млеко имав, после 3 месец се префрливме скроз на ад.
    За ова подобро да те советуваат членки што се на ексклузивно доење. :)
     
    На Bibi_23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    5.249
    Мојата многу спиеше тој период ама јас ја земав да цица и продолжуваше. Некако неќев да го арчам млекото, а и мала беше па си викав подобро да јаде почесто да не ја оставам цела ноќ. Ќе плаче ако е гладно, може се најадува повеќе од што мислиш и го држи повеќе.

    Е после престана и почна да се буди и да плаче и така. Нема правил, може сега да преспива, за 2 дена да почне да се буди, па 5 месеци да спие и на 10 месеци да реши да се буди како новороденче.

    Ако сакаш ти да не го доиш тој период и е дозволено од педијатар градите ќе ти се навикнат. Можеш минимално да одмолзиш, ама на 3 месеци веќе брзо се регулира лактација па ќе се прилагодат после ден два.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.175
    Не ми е проблем, ќе си продолжам да и давам. Само ме буни што не станува и не знаев дали да ја будам или да ја оставам. Еве синојка 8 часа сврза, јас сум се успала она абер нема да стане а си цицаше убаво. Инаку кога не цица убаво морам да пумпам накај 6-7 сабајле така да подобро ми е да си јаде, јас секако станувам ќе и давам.

    Фала на споделените искуства. :inlove:
     
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.341
    Допаѓања:
    51.245
    Пол:
    Женски
    Во 3ти месец колку грама треба да качува бебе?
    Пред некој ден ја меривме околу 700грама качила, а последно ја меривме пред еден месец.
     
  18. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    1.411
    Пол:
    Женски
    Сите бебиња различно качуваат, мислам дека опсегот е 500-1500 грама, ама во просек по кило валда.
    Мојот син качуваше по 500-600 првите 3 месеци, па сега по 700. Само на доење е и мнооогу ретко формула.
    Треба до 6 месеци да биде околу дупло од родилната килажа.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.407
    Пол:
    Женски
    Според педијатрите 700 гр е идеално покачување на тежина за 1 месец во таа возраст
     
    На shz и cocopuff им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.754
    Пол:
    Женски
    Многу има врска и тоа колкаво бебе си родила, не може бебе од 4кг да биде исто со бебе од 2ипол кг пример. Мое мислење, не знам, може грешам. Ама мислам дека 700гр е сосема ок за бебе од 3м.
     
    На Fudbalgirl му/ѝ се допаѓа ова.