Не сум знаела за празот а јас го избегнувам мислам да нема некој проблем. Сега ја доев во тивка соба и малку темна цицаше, ама само што стана од спиење кожеби затоа е цицала подоцна ќе пробам пак така. Што друго поттикнува повеќе млеко?
Овес, јогурт, сок од јаболко, леден чај од праска-ова ми го кажа една другарка, вода 2-3 литри и мене ми доаѓа од лактамикс чајот .
На мене најмногу ми надојде од чајот од анасон. А за празот фала за оваа информација баш се израдував, некна со грижа на совест малку јадев за да не му направам грчеви. Сега секој втор ден мм ќе пржи Јас сега имам многу млеко, ама голем проблем. Бебе воопшто нејќе да цица, едвај се молиме со плачки за да цицне 2-3 пати. И со пумпица на медела вадам 40-50 од двете гради заедно, а градите остануваат полни. Не знам што да правам, како да го вратам бебе на цицање оф аман веќе
Период е. И мојата правеше така. Не се откажувај. Давај и да цица во затемнета просторија кога е полу заспана.
Фала ви Официјално од денес бебе ми спие само во раце, не знам како ќе успевам со молзењето. Се надевам дека нема да снемам млеко или фатам мастит
Мислам дека ковидот е крив. После него , мене како да ми се поднамали млекото а и она послабо почна да цица Јас почнав и АД да нудам некогаш фрлам , некогаш ќе испие по 60 мл, матичната рече тоа не е ништо , ама она си сака да цица , кога го гледа шишето се врти и ме влече за маица . Башка што секоја 2-3та недела ќе протече носе, ќе се подраскашла , од бато си фаќа скоро се
Ние сега без тропка не цицаме, штом ја легнувам за цицање прво плаче па додека да ја наместам и ја давам тропката ја мрда лево десно и цица штом ќе и падне пушта цицка и плаче и ја давам тропката се смирува и продолжува со цицање.
Се вратив на работа, бебе е скоро 10 месеци. Ја дојам еднаш дур сум на работа, после продолжуваме, храна и доење 3-4 пати дур е будна и 3-4 пати во сон. Бебе јаде сѐ, нема проблем со никаква храна, брендирано, пласирани, цело.. парче леб или ѓеврек ѝ е деликатес. Е сега, две прашања до искусни: 1. Бебево не го доев по некој "ред", туку кога сака, колку сака и каде сака. Од една страна поприродно, оти нели доењето не е само за полно меше ами задоволува и други емоционални потреби. Мислев дека доволно си цица и имам млеко, но вчера имав обврски скоро цел ден и не осетив притисок во градите, нит дека се преполнуваат. Почнав да се сомневам дали бебево има воопшто/доволно млеко? Може да се намали млеко до исчезнување? На 10 месеци?
Мајки ние сме 3 месеци. Ноќва првпат ќерка ми 8 часа е без цицање. Таа не стана а јас сум се успала. Најмногу 5 часа до сега била без млеко. 8 часа нели е многу? Душава ме боли, тешко ми е и имам грижа на совест.
Будалче Нормално е. Твоето бебче е веќе големко и ако е гладно биди сигурна дека нема да спие. Никако немој да ја будиш, сама ќе се разбуди ако е гладна или жедна
Сонот е исто така многу битен за бебињата, не само млекото. Нема потреба од грижа на совест, не е веќе толку мало. Моето после првиот месец ја преспиваше цела ноќ, по 12ч.
Нашиве ко договорени. И ќерка ми (4 мес.) ноќеска не стана , првпат сврза од 21ч. до 06 ч. (Јас пак , немам грижа на совест ).
И јас сум од тие што ноќва бебето не и јадеше (2месеци) со тоа што го будев 2 пати и премалку цицаше за разлика од претходно.. само продолжуваше да спие. На контрола сме, па ќе прашам за ова. Не знам него како му било, ама мене ептен тешко
Ама не му се јадело. Да му се јадело , ќе си цицало. Синко пример , навечер стануваше нон стоп, со вриштење за јадење со маж ми како скокавме од кревет, небаре земјотрес има А женскава не, држи линија Сепак прашај си и на контрола.
А јас сум од тие што чека бебе да почна да спие малко повеќе 2 месеци сме и повеќе од 3ипол саати нема сврзено.