Ова ми го дадоа во аптека за пупките, ставам 2 дена па се надевам дека ќе ми пројде таа раничката што прашував. Лепенки за гради нема. А да, и чај од камилица ми кажаа да ставам, еве сега ми текна, па може да пробам. Ако треба некому.
Јас пиев боза, и се' уште пијам, бебето ми е 3 месеци. Имам супер искуство, има ефект во однос на млекото, а и вкусна ми е Инаку имам најтопла препорака и за лакта микс чајот. А јас освен бозата и чајот пијам многу вода, јогурт и сок од јаболко бистар, кај мене комбинацијава помага.
Мајки,во која положба спиете вие?На страна кога ќе се свртам многу млеко ми истекува лом се правам на грб уште не можам да спијам од епизотомијата
Ставај под тебе моч пелени, оние за преслакање. Ќе тече до кај 40 дена ако не и поише ќе тече. Или влошки за гради ако носиш градник на спиење.
Мене секако ми тече. Тетра ставам ноќе, секое сабајле се цеди од млеко. И на грб да сум прска некогаш од повеќе каналчиња ко ќе се преполнат. 2 и пол месеци се борам со зголемена лактација и голем млаз, никако да се стабилизира. Градите ми се претешки и многу често со грутки големи, особено повеќе од 2 саати ако нема цицано.
Единствено полошо да немаш млеко е да имаш премногу. Секој подој со стрес ми е. Се дави, кашла. Пробав со силиконска, подобро е, ама не доцицува, сабајле ќе ми експлодираа. Јас велам камо да имав доволно млеко, ни премалку, ни повеќе. А не сакам да одмолзувам, да не направам уште поголема беља и кога ќе видиш, не чини никако. Се молам само да се стабилизира, ми доаѓа при млеко на ад да го ставам.
Пази да не ти се направат грутки, мастит. Молзи колку да ти олесни. Да не се дави од млеко, молзи кратко пред подој.
@kristina.k @Alexandrite ако ви е толку проблем, јас имав совет ако не се намалаува да пробам со чај од жалфија, ама исчитајте или консултирајте ја Наташа/Јасна.
Молзење кратко пред меѓу подој не поттикнува лактација туку помага. И после подој ладни облоги на гради и зелка. Ако ептен е премногу тогаш се внесува и жалфија дури.
Јас со првото дете имав многу млеко, течеше буквално. Сега можам без лепенки да одам. Видно намалена лактација, а ова бебе подобро напредува од првото. Мислам дека сега е подобро воспоставена лактацијата и бебе си цица доволно. Сепак не плаче, спие и полни пелени. Туку 3 ипол месечно бебе колку измолзено млеко пие отприлика на еден подој? Вчера 100 мл малку и беше и дадов да се доцица.
Освен бебе на града и измолзување, млеко не доаѓа од друго. Кај мене мислам дека е намелена поради тоа што бебка не цица ноќе, а баш ноќните подои се клучни за лактацијата. Така знам од еден консултатнт за доење, имаше фб група и докторката беше Македонка која живее во Канада. Јас мислам пд нејзе доев толку долго.
Не е исто оти на АД се на 3 часа хранат, а мојава знае и на 1 час да побара, и на 3. Порано не го ни допиваше, сега си го испи веднаш и сакаше уште.
@JuLleE и мене со второто ми делува како помалку млеко да имам,а подобро напредува. По проодни му се каналите. Што би рекле, првото дете го изодело веќе патот, за второто полесно е.