Мене ми е попрактично кога замрзнувам помали количини. Еве бебе одбива да јаде, еден оброк му е едвај 60мл а мене сите кесички ми се по 120мл. Одмрзнувам, со тоа се загрева млекото, пие едвај 60мл и после другиот дел се расипал. Тек па до 180мл... Сеа со овој памет по 60, 70, 80 ќе замрзнував. Па и по 30 мл дури. За кашичка 30 ќе треба, не верувам појќе.
Ако го одмрзнеш бавно во фрижидер можеш да го поделиш на 3 пати и да го дадеш тазе стоплено секогаш. Значи од вечерта ќесичката ја оставаш во обичен фрижидер и таа до сабајле е одмрзната, подели си ја на 3 и стопли го млекцето, можеш да додадеш малку тазе молзено млекце и да го измешаш и да понудиш. Одмрзнатото може да стои 24ч во обичен фрижидер слободно.
Одмрзнував скоро така и многу лошо ми мирисаше, од страв го фрлив. Мислам неколку кесички така. Се онерасположив и престанав да молзам за замрзнување. Ама еве сеа иде период на кашички, некоја шо тазе правела кашичка да каже колку млеко става во кашичка?
Од вчера измолзено да го пие во среда може? И ако се молзам од утре и собирам до петок е во ред нели? Да не мрзнам ми е.
Ели има Аптимил во шише, 200 мл, види дали го има во Мк. Мислам дека стои во фрижидер до 3 дена. Таман за кашички. Јас скорз заборавив што се ставаше во каши. Вода нели беше?
Ама мириса лошо, нормално е, на риба, пластика или хартија, нормално е верувај, тоа е од маснотијата во млекото. Затоа ти викам мешај со тазе ќе се смени мирисот. Можеш, до 1 недела можеш да го собираш ама цело време да е во фрижидер најдлабоко во фрижидер најдоле на полица. Ако сакаш да го измешаш само целото да е оладено убаво во фрижидер.
Не сум видела во Мк, ама сакам со молзено да се. Или тогаш ќе шприцнам или да замрзнам по 30 мл мислев.
И јас имав еден куп замрзнато, по одвратно нешто немав мириснато и вкусено, мене ми доаѓаше нагон за повраќање, еве и сега ми се враќа миризбата и вкусот. Ама читав нормално дека е, пробав неколку пати да дадам, бебе не сакаше и на крај поминаа повеќе од 7-8 месеци и се фрлив. Скоро е 1 година и јас млеко во каша уште не сум ставила. Си продолжи со цицање кога сака колку сака и сметам дека си ги задоволува потребите за млеко затоа и не додавав во кашите.
Жени ХЕЛП. Од нигде никаде качив температура 39, левата градата ме боли ме кине накај пазувата. Пробав топла облога, топла вода, бебе уште заспива кога го ставам на града, масирав, пумпав пак боли. Легнав као ќе помине станав со температурава. Кажувајте спас, негде грршам сигурно или тррба малку време и повеќе обиди?
Ова личи на мастит. Обавезно доење на таа града, другата одмолзувај ја. Пред подој топли облоги, а по подој зелка. Внимавај зелката да не е на ареолата туку околу. Валда ќе треба и парацетамол за температурата, а ако не се симнува можеби и антибиотик секако во согласност со твојот матичен доктор.
Ставај бебе на таа града почесто да цица, топли облоги или топол туш па молзење, пумпање, масажи (тука и сопругот може да помогне), кога легнуваш ставај зелка или облоги со ациди борици за ладење. Не пиј многу течности. И упорност. За температура можеш парацетамол. Ќе помине.
@Bibi_23 и мене пред неколку дена ми се случи слично, само не кренав температура ама имав треска и болки во цело тело. Од страна ми беше тврда и црвена градата, болна на допир веќе пред мастит. Држев топол туш неколку пати на местото, и давав од неа цело време и почна да омекнува. Ако не се подобри може ќе треба антибиотик, следи кожата како е, ако е црвена и затегната и како сјајна оди на доктор.
Од лично искуство, антибиотик. Панцеф или оспен ако не си алергична на пеницилин. Од грло отиде на уво и 3 недели се влечев.