Мамички што да почнам да внесувам од храна за да ми надојде млеко, царски сум денес трет ден веќе, бебо фаќа цице ама млеко нема уште.
Можеш на лактамикс чајот, на холе, боза, сок од јаболко, безалкохолно пиво. Ама пази, рано ти е се уште, јас слушајќи од сите страни пропагирање за доење, си направив хиперлактација и сега не можам да ја решам.
Мајки на доење сме, е сега сакам да почнам со одмолзување за да имам за да го оставам на чување ,сакам да прашам колку мл е доволно за еден оброк?
Тука сте најактивни, пробав во соодветна тема ама ништо. Тие што сте имале маститис после опоравување колку време требаше да ви се врати нормално лактација. Исто гледам и кога имам млеко бебе се мршти, се тегне читав дека вкусот на млекото бил посолен. За колку време би се вратил нормалниот вкус и некои препораки како да го решам и овој проблем. Со маститисот расчистив сега за сега, фала ви на сите што ме советувавте.
Мене на таа града ми се врати лактација експресно, ама пошто форсирав доење на таа страна, другата града значително намали лактација и уште тера така после 6 месеци. Ама бива и вака, не му смета на малото у раст и развој.
Мамички поголемото синче почесто цицаше од левата града и сега кога се роди и другото синче приметив дека левата града ми е значително поголема и полна со млеко за разлика од десната. Многу се нервирам, ми е страв да не ми остане така поголема Малото цица и од двете гради наизменично но сепак таа града има повеќе млеко
@pikabu5 @Srcka28 Јас се раководам според оваа табела на адаптирано млеко. Синче ми е еден месец и молзено му давам по 90мл
Здраво Бебуш ми има 8ипол месеци и покрај воведени 3 цврсти оброци во денот сеуште го дојам измеѓу оброците. Но, забележав дека некаде околу 5ти-6ти месец бебуш многу кратко цицаше и млекото кое го имав на претек ми се намали премногу и сега не му стига ни за еден подој (од двете гради цица на еден подој). Дали можам некако да ја зголемам лактацијата сега на 8ипол месеци? Чајот за доилки може ли да помогне? Забележувам дека навечер често се буди за да цица зошто е гладно бидејќи претходниот подој му бил малку
Нормално е да се намали лактацијата ако помалку цица. Млекото иде на принцип колку бара толку добива. Нека цица од двете гради почесто така ќе се зголеми млекото, ти пиј си чај од хип во кесички( барем мене ми помага) и ако имаш време одмолзувај се за да стимулираш млеко
Мајчино млеко и Ад не е исто. Мајчинито млеко се менува по состав според потребите на бебото, а Ад не се менува. Само се менува количината. Ад млекото е потешко за стомачето, додека пак мајчиното е поводесто. Многу е погрешно да се водите по табела за Ад за молзено млеко. Даваш молзено колку сака и кога сака. Моето е на молзење и цицање од сам старт. Може на 2 месеци да испие и 120 мл а може и 60мл. Еден оброк може да биде пообемен, а следниот помал. Можеби 100мл молзено ќе е доста, а можеби малку. Јас секогаш гледам да одмолзам 120/130мл. Се слулувало да го испие цело, а се случувало да го фрлам. Најсигурно ќе знаете ако дадете на бебе да пие во ваше просуство и видите колку ќе испие молзено. После здригање нудите уште 30мл. Прашење, дали може да внесувам калциум, магнезиум, милтивитамини со вит.А во нив? @fana љубави?
Фала многу , до сега сум немала потреба да и оставам , но во случај да треба да знам од прилика , и измолзено така без да го ставам во фрижидер колку може да стои?
@Eli23 не дали може, туку и препорачливо е доилките да внесуваат мултивитамини и минерали ко и трудниците, така што слободно
Дали треба да сме внимателни со внес на витамин А ако доиме? Знам во бременост требаше да се пази. И дали е дозволен алое вера гелот на Форевер?
Не бев сигурна срцка за вит А. Имам пренатални вит на Џејмисон, имаат во нив калциум, железо, вит А меѓу другото. За во бременост ми рекоа да ги избегнувам, затоа
Така стои 4 саати непробано од бебе. Еднаш пробано да го испие за 2 саата. Е сеа не значи дека одма над 2 саати се расипува, ама треба да мириснеш. Млекото се двои, на изглед ќе ти боде чудно. Со кружно движење повеќе пати се соединува маснотијата со водестиот дел од млекото и не е тоа расипано. Ако е расипано се прави варници буквално... (Оставам молзено недопиено преку цела ноќ баш да видам какво ќе стане ова). Нормалнп е да мириса на железо, на риба и на прашок за перење. На вкус е слатко млекото. Ако е расипано мироса ептен гадно, не сум мириснала искрено.
Пробав со одмолзување со електрична пумпа ама немаше млеко воопшто така и заклучив дека уствари немам млеко доволно за да си се нацица бебуш убаво. Затоа сакам да пробам ако можам некако да ја зголемам лактацијата барем навечер кога станува за цицање да има доволно
Препорачливо е ама јас пример да си кажам за себе нон стоп ги заборавам. А хемоглобинот уште не ми е среден. И тоа вчера дознав крвна слика што правев дека болна инаку ни крв не сум испитала ете до толку сум. Тебе како ти е железото и хемоглобинот сега, дека во бременоста ти беа под граница.