Ни јас не пијам А да е срамот поголем, нит имам испитано како ми е крвната слика. До толку сум за никаде
Тука сум и јас во неодговорните за своето здравје. Нит витамини, нит минерали, нит бутур. Крвната слика ми беше крш пред пораѓај, сега Бог знае
Имам една нејаснотија во врска со молзењево. Нели со доењето не се зголемува количина на млеко туку се менува неговата хранливост за да ги задоволи потребите на бебе. Е сега ако сакам да давам млеко што било смрзнато кога бебе било 1 месец, а сега е 3-4-5 ќе ги задоволи ли потребите или треба да се даде поголема количина? И како давате од млекото во комбинација со доење… после подој дохранувате или цел подој со молзеното?
Ние цицаме и плус молзено како дохрана даваам 4 пати на 6 саати, направив таков ред и нон стоп така и давам, За 10 дена сме 3 месеци и ќере пие 90-100-110-120 зависи кога како и и го давам како цел подој после тоа 2 саати не бара јадење. Ама пак ќе си видеш според бебе се осеќа кога треба да се зголеми на мл.
И ние вака исто на 10 мес утре, јаде 3 оброка, измеѓу цица и стануваше навечер на секој саат, сега на 2 за да цица и си презаспива. Ама не помислив дека му е малку, супер напредува. Сигурно ќе престане по некое време, јас често му давам и ужинка пола банана.
Здраво Јас сакам да купам школки што поскоро - нарачав од али али додека стигнат... Колку ги зема ти од тука? Поздрав
Ако немаш млеко, стимулирај со по 15мин одмолзување од двете гради на неколку часа. Види на уoutube имаш доста техники за стимулирање на мајчиното млеко
Бебе цица денес на секој пола саат, спиеше два саати и две дремки по 15 мин, сеа ме мачи да не немам доволно млеко па затоа цица на пола саат или може сме во скок па затоа цица толку често можно е да немам млеко ?
Да се обидеш од двете гради да му даваш на секој подој? Колкаво е бебчето? Ти како ги осеќаш градите, полни или празни пред и по подој? Можно е и да е скок во развој ама прво елеминирај го овој сомнеж да не е гладно. Ако е доволно старо можеш да даваш цврста храна за да му ги задоволиш потребите за храна па да видиш дали ќе има промена во спиењето. И моево има кратки дремки од 30-40мин ама па 15мин некако многу кратко ми се чини
Три месеци е сум немала проблем предходно дури и навечер кога спие се измолзував и ми беа тешки градите ми течеше млеко, но овие два дена е цел ден на града слушам голта овие два дена празни меки ги осеќам затоа и се исплашив. Ќе следам ќе видам може сме во скок башка си врза 6 саати сон а викаат гладно бебе не спие
Е тоа и јас се мислам хаха. Ама не ми останало мднд млеко толку да чека замрзнато. Стално сум борба со количината млеко. Само моето ли штрајкува со нејадење? 4 месеци сме и 10 дена, ноќе нејќе да цица, а сњ буди цело време дека гладно. Пишти. Ни цицка фаќа ни шише. Уморна сум веќе, има ли крај?
Нема врска што ги осеќаш меки, кај сите е така после одредено време. Меки гради не значи дека немаш млеко, само телото се прилагодува на потребите на бебчето и толку млеко и се лачи. Штом сврзува 6 саати спиење не ќе да е гладно Можно е да е скок во развој, можеби грчеви, можеби забчиња не се секирај. Се додека напредува во развој нема гајле
Пробај почни да воведуваш цврста храна малку по малку. Или евентуално навечер понуди му млеко во шишенце, твое измолзено или АД. И моево имаше периоди кога не сакаше да цица навечер а гладно пишти плаче, па му давав кашички и нив ги јадеше. Не знам дали е до забчињата да ги мачат па не фаќаат града или што е, ама кашичките ми се најдоја многу во 3-4-5 часот наутро кога ќе се разбудеше со пиштење гладно
Млеко нудам, да, чекам да призаспие па давам. Некогаш ќе се најаде па се буди, некогаш презаспива. Не би ми текнало кашичка да дадам тоа време. Мислејќи дека не треба да јаде ноќе нели као нас.
Мамички по колку време ги доите бебињата моето е две недели и цица по 1 час а се буди на 3 часа секогаш дури некогаш и на помалку, се мислам да не е многу тоа 1 час доење?