Јас немав никој да ми помогне и затоа помагам каде ќе осетам дека треба и можам. Верувај, најлошите совети ги добив од медицински лица, затоа се нервирам на толку слободно советување и по секоја цена нудење АД. Да, ако мајката одлучи од старт АД и тоа е ок, ама ако е решена да дои нема зошто да се нуди АД и шише кога подобра опција од бебе на града не постои за таа мајка. Со секое шишенце бебе има ризик да се одбие а мајката има млеко, зошто да ризикува.
Te obozavam. Zlatna si ❤️ I da, najdobrite soveti proizlezeni se od majki koi eve vaka tuka spodelile, dale sovet i pomognale. Poveke od tuka nauciv. I ke ucam. Doenjeto ke mi bide nova epizoda, se nadevam ke umeam so deteto... Te guskam
Мене ми се креваше притисокот две три недели по царски секој ден, добив терапија метилдопа, за тахикардијата верапамилот по потреба ми рече доктор и за паничните само бедоксини и магнезиум, диазепам ми е страв да пијам иако мислам дека е дозволено.
Мајка јас ја имав истата ситуација, качен притисок и панични напади после царскиот, но сеуште бев во болница кога ми се случи, ми дадоа дијазепам 5ка и памтам неколку часа после не доев, пиев метилдопа за притисокот до 40те дена (безбеден при доење).. постепено го прекинав, фала богу сега ми се нема повратено ниту притисок ниту паничен напад... но, консултација со доктор те молам.. мене ми се качи до 180 со 110 што е стварно високо
Фала девојки ,еве ми дадоа метилдопа...многу се уплашив....ама кога ве читам ваљда нормално е после операција да се качува притисок? Мене цела бременост ми беше низок и сега ова ме уплаши...и од тоа ги добив и паничните.....фала многу стварно е од помош да се читаат вакви искуства
Не се секирај и цимерката моја на гак бешесо притисок. И кажа редовно да мери и да пие метилдопа, не е страшно.
Мојата е, скоро 2 години, уште ја дојам, ги има сите заби дури и 5ките, имаше период помала кај 10 месеци си играше и пробуваше да гриза, неколку пати и реков отсечно не и ја тргнував да не цица, еве до денес нема се случено повторно.
Ако си сензитивец во карактер тоа не се менува. Кај мене немаше везе со хормони, од премор добивав панични, нормално проследени со висок притисок, кај мене не иде едно без друго. На интернист бев и по 100ти пат да ме смири дека сум органски здрава само тазе испаничена мама. Ако ептен си тазе не пиј магнезиум без консултација со гинеколог, б витамини можеш. Ако ти е ова новина тогаш преглед кај кардиолог, можда и психолог. Ако ти е позната територија знаеш дека од паничен напад не се умира.
Мајки вчера морав бебо во раце да го носам едно саат ипол зашто иначе плачеше до затајување и се разбудив со болка во колкот, ама позади. Дефинитивно е од кичма. Е сега што смеам освен Мг? Смеам да мачкам на Алгасан интензив гелот? Смеам руска вода? Смеам да ставам магнетен појас (ова последното ми делува дека е безбедно, ама да си прашам).
И јас така имав многу јаки болки во кичмата и бев на преглед ми кажаа дека имам спазам најверојатно од непријатни положби при доење, држење на бебе и сл. Ми препорачаа да се мачкам со гел што лади - мене лично ми помогна Ice Power, и многу вежби за истегање. Сепак можеш да се консултираш со лекар да видиш што ќе ти кажат.
Си порачав скраб за тело и кога ми стигна кефој бев и одма да го пробам(на мастика мириса) и дојде време да го дојам бебето и почна да ме мириса и да се трга. Леле кога ми текна по напрајв одма под туш со неутрален сапун колку толку да се тргни миризбата оти немаше шанса да цица.
Мајки ја дојам малата. Млеко имам,може уште не убаво ама имам она си цица. Е сега, ја ставам на едната града,цица убаво 20 минути . После на другата не сака никако ,спие,затвара уста се мршти. Јас од што се плашам дека е гладна и давам и аптамил ,ни тоа не го сака многу ,ке поцица ептен малце. Едната града ми е цела грутки....дали и доволно? Каките и се жолти ,си кака редовно....30мл на еден подој се доволно?
Скоро секое бебе си преферира една града затоа многу е важно после секој подој да ја понудиш и другата. Значи, почнуваш пример со лева, ја “празни” градата, крени ја да ждригне, да се подразбуди и понуди ја десната. Малку да повлече доволно е, колку за стимулација. И следен подој обавезно почнуваш со десната. Најважно, бебе се дои раскомотено, расоблечено за да не заспива. Аптамилот фрли го, греота е на активно цицалче и млекце, да даваш ад.
Ке пробам после првата да биде другата града. Го земав од што се плашев дека ке е гладна ....ама ке избегнувам да го давам....грев ми е Кажете ми што да правам со грутките?
Ама така изгледа доењето кај сите бебиња на почеток. Малку им е потребно, а реално градите прават до 200 мл млеко, некаде и повеќе. Затоа се измолзуваме сите скоро на почетокот. Да не фатиме мастит. Ако не ти се молзи, трпи. Извини вака, може ќе речеш сум дрска, ама гледам се нервираш 2 3 дена. Сите го поминавме истото, тебе ти е шок дека ти е прво( така беше, нели). Бебе е тоа, неможе да јаде како сакаме ние, кога сакаме и колку сакаме. Молзи, нуди го молзеното да не ти е мисла. Ама чим трга глава на страна значи доста и е. Ад ти се расипува на еден час, мајчиното млеко може на собна во шишенце до 4 часа да го чуваш. Ако имаш некои дилеми, пиши ми лп. Двете ги родив царски на Гак, со првото бев така во шок, не очекував царски, слабо цицаа, молзам сеа 5 месеци...
Нема потреба да молзи, па да дава со шише, зошто да си го ризикува доењето? Може да го замрзнува, да го фрла, како сака. Моите да цицаа така без проблем ќе бев пресреќна. А во право си за другото, малку им треба, на 6 дена старост 30мл ад давав.
Масажа на градите под топол туш, бебе на града кога и колку и да посака и Аптамилот настрана ако гледаш дека бебето полни пелени нормално.