Знам дека е пишувано наназад ама да не барам. Просветлете ме колку часа може да стои измолзено млеко сега на собна температура а колку во фрижидер ако го ставам. И дали може ако сега измолзам пример 30мл. После еден час или 2 пак да измолзам мслку во истото да го ставам да го помешам. За да добијам поголема количина. И дали кога ќе се извади од фрижидер може да се затопли да не биде ладно. Имам работа после пладне па ако успеам да извадам нешто со пумпа да не бидам на трчање. @AngelOfArh
Јас знам дека може да се меша млекце на иста температура, значи ако претходното ти е во фрижидер, треба и другото да го изладиш па да ги смешаш. На собна температура може да седи до 4 часа. Кога ќе го извадам од фрижидер го ставам шишенцето во топла вода за да се згрее па го давам на бебе. @AngelOfArh нека ме поправи ако грешам.
Значи сега ако измолзам пример 30мл. И го чувам на собна температура и после еден час или два измолзам уште 30 и ги соединам заедно. И ги ставам во фрижидер од тој момент уште колку може да седи млекото во фрижидер?
Мислам најдобро е сега тоа што ќе го измолзиш да го ставиш во фрижидер, затоа што на собна малата количина брзо се лади и не знам дали ќе е баш слична температура со свежо молзеното, нека кажат поискусните членки. Во фрижидер од кога ќе го ставиш јас колку што знам може да стои до 4 дена.
Најдобро е првото млеко да го ставиш во фрижидер одма после молзење. Потоа и второто веднаш после молзење ќе го ставиш да се олади. Пред да дадат на бебето ќе го спојат во едно и ќе се стопли во сад со топла вода или под млаз топла вода. Во фрижидер може да стои до 3-4 дена позади на полица. На собна температура до 3-4 часа.
А зашто сега више не можам толку да измолзам како порано? 4 месеци без некој ден како дојам. @AngelOfArh
Same here баш пред некој ден пишав од кога ми се среди лактацијата сега скоро, помалку вадам на пумпа, ама кај мене и разлика е не цица со силиконските веќе а додека цицаше со нив повеќе вадев. Незнам дали е до тоа или се погоди со лактацијата во исто време ама битно помалку вадам, а се пумпам секој ден во исто време.
Во фрижидер може да стои 4 дена, треба да се чува во внатрешноста на фрижидерот никако во врати. На собна температура може да стои 4 саати, а ако ти е извадено од фрижидер и затоплено тогаш еден саат. Можеш да додаваш во исти сад измолзено млеко, но се препорачува од истиот ден како не би се збунила со тоа колку ке ти трае. Јас имам чашки авент и си лепев фластер со ден и точно време и ги ставав во фрижидер.
Како што ти пишала Ирис, олади ги и двете. А на собна може 4ч слободно ако е поладно и 6ч може. Ама мора и тазе молзеното да е на собна бар 1ч стоено да се изедначи. Најдобро да ти се оладени двете. После спој ги и загреј ги во чаша со топла вода шишето. Во фрижидер може да стои 1 недела, немаш гајле за тоа, и можеш да мешаш и од денес и од утре млеко. Ама да го пие одма. А ако чуваш подолго ќе го земеш датумот првото млеко што си го измолзила. Нормално е, ако дои бебе не можеш со пумпа да вадиш многу многу. За да вадиш со пумпа треба бар еднаш дневно да молзиш за да одржиш континуитет.
Ова инфо многу ми требаше, фала ти. Мислев скроз да се префрлам на доење ама ќе продолжам еднаш дневно да молзам за да можам да земам или да оставам шишенце кога ќе сум некаде затоа што сега и над 150мл знам да измолзам.
Абе ти молзи, ама не го давај со шише зошто немаш потреба. Смрзнувај го, сигурно нема секој ден да искачаш, а и да искачаш, ќе имаш секогаш млекце за да дадат а тоа што си го измолзила пред 5 дена пример, смрзни го, ќе ти се најде за каши, за кога ќе ти треба повеќе млеко и слично. Вака ем ќе поттикнуваш лактација ем нема да се одбие бебе. Идеално е да нема мака со напоредно доење и шише, ама како растат така им уклучува кликерчето и ќе почне да ти одбива цице зошто полесно е шише. Ако дои без проблем, не ти треба шише, верувај.
А колку мл е доволно да се молзи за пример две недели од раѓање? Јас пола саат молзам за околу 60мл. Тоа е малце млеко? Или таман?
Дали од доењето толку се отвара апетитот? До пред два дена со сила јадев, од вчера наеднаш прегладнувам и имам потреба за благо.