Нормално е бебе да исцицува се, два дена под ред измолзувам до 80 мл најмногу, а претходно од 100 до 125 мл од една града. Бебка е 4 + месеци. Ми заврши циклусот.
Се извинувам ако е малку глупо прашањево, ама нова сум во ова бебе е 2 месеци скоро, само на доење. До сега се немам измолзувано но сакам да почнам, за да оставам млеко ако излегувам. Кога е најдобро да се измолзувам, дали веднаш откако ќе заврши со цицање? Страв ми е бидејќи често бара да цица, на 2 саати максимум, па да има доволно.
Кога ве читам на 2 3 часа ви цицат бебињата се замислувам за моето да не непти не е во ред. Да не му е доволно бидејки цица и на полаа саат некогаш. Буквално кога сака и колку сака.
А од кај знаеш дека плаче за цице, дека е гладно? Моето беше на мајчино ама молзено и пиеше на 3 саата, ако заплаче во меѓувреме се гушкаме, добива цуцла, го земам во раце да се гушкаме... и напредуваше по 1.200 до 1.500 секој месец. Не плачат само за цице.
Меч со две острици е, хиперлактација е огромен проблем а еден од проблемите е токму тој. На страна тоа што им станува навика, бебе е, тоа му е работа, ама не е лесно со цицање на пола саат дефинитивно. Не е ни погрешно, таман работа. Нема правила во мајчинството и доењето.
А јас ако кажам дека со 3 цврсти оброци бебе 8ипол месеци цица на два саати пак? И тоа си цица по пола саат. Ама бода не пие, па знам дека некогаш цица зошто е жеден, особено после оброк.
Ехе, до година и пол така терав. Не ти треба цуцла. Не пикај ако не сака. Не знаеш кој проблем е фрлање цуцла. Плус не е ни добра за развој на вилици. Давај цице кога сака и терај работа. Нема да е уште долго такво.
Веднаш после подој молзи што останало. Ако цица на 2 саати, малце ќе молзиш, па треба да собереш од повеќе подои за еден оброк.
Јас молзам наутро откако ќе исцица, најчесто излегува 1 ипол оброк, па вечерта и го давам и имам резерва цело време во фрижидер.
Исто ... Ама јас немам баш многу млеко онака баш за смирување му е... Пие и ад, ама лажливка нејки да смисли.
Еднта града ми е "расипана" , ми протекува постојано. Порано и другата исто, ама со тек на време престана. 4 месеци сме, досега мислам лактацијата ми е средена. Инаку на почеток на таа града ми се затна млечна жлезда па неколку дена ја гњавев со пумпа, со рачно измолзување, масажи, и некако ја отпуштив. Уште оттогаш изгледа ја направив доминантна, ама изгледа се зезна нешто во процесот па еве уште ја прокиснувам бепка кога ќе се заборавам да ставам тетра. Чаре?
Од чоколадо имаше многу грчеви синко, ама од 300 Галеб, млечно, некое време апстинирав па пак почнав и немаше проблем.
Благо јадам од ко сум породена Сокови цитрусни пијам секој ден, а си поткаснувам и мандарини Јаткасти исто чат-пат ко ќе се најдат по дома Со полни 4 месеци пред 2 недели пробав гравче и супер поминав, денес леќа ќе видиме вечер утре Ајвар исто јадев после не цели 3 месеци од пораѓај
Девојки..како да знам дали ми снемува млеко? Молзам молзам 15 мин едвај 20мл. Бебе неке да цица,заспива,се тегне....