Тебе ти се воспоставила лактацијата, затоа ти се меки. Уствари нормални ти се. Храна за зголемување е овес, јогурт, сок од јаболко, чај за лактацијата, а мислам требаше да се избегнува жалфија и нане.
Мајки што доите, ви се случуваат ли вртоглавици? Обично ако легнам при станување, ако дадам поголем напор, пример со бебе во раце, ми се јавува вртоглавица и ми трае цела вечер. Ќе направам кс утре, ама вечерва како да си помогнам. Мислев дека е низок притисок, па јадев солено и супа, ама не помага.
Земи било каков чај за доилки, но убаво ти кажаа, тебе ти е веќе воспоставена лактација и затоа е така. Исто така ако си во циклус или треба да добиеш циклус, може ради тоа да ти протестира и да се намали количината на млекото. За да фати бебе одма фати ја градата и стисни ја да надојде одма млеко и така стави понуди ја. Нормално е да имаат скокови, различни периоди, се тоа, сосема е нормално. Само извади си од глава дека немаш млеко, ете напредува, верувам ти рекле и на педијатар, ад нема потреба, олабави се и продолжи нормално со доење без стресови. А од храна, кромид, праз, овес, сок од круша, индиски ореви и јогурт за мене беа најделотворни.
Да баш така е. Бебето напредува и нема потреба од формула. Се роди 3190 а сега има 4200 а притоа изгуби 200 грама после раѓање. Има полни 6 и пол недели. Педијатарот рече многу бил задоволен.
Zdravo zenski vaka sega go dojam deteto imat 5 meseci ama na aerolava i okolu kako alergija mie napreno dali ima vrska so doejnevo da napomenam go dojam so guma gremec
Мајки дали е нормално жолто млеко? 2 недели има малото а мајката не го дои 2 дена од таа града зашто многу ја боли пупката разранета и малку и е отечена, се измолзува а млекото е жолто. Што да прави, и каде да оди на доктор да ја видат?
Нека земе силиконска. Млекото жолто нема врска, може да е и црвено. Што е тоа гума гремец? Силиконска брадавица?
Тоа ти е колострум. Такво треба да биди жолто. Млекото на почеток е такво, можи и месец, два да биди жолтеникаво, па постепено ќе добива бела боја. Со силиконска брадавица нека проба.
Мајки кажете некој ефикасен метод за одвикнување од доење, неможам веќе да издржам ни психички ни физички Син ми има 19 месеци и додека бев бремена со помалото синче цело време цицаше, сега тоа има два месеци и сеуште цица и постариот. Ептен е емотивен и почнува почесто да бара да цица, ме држи за града и по сат време за заспивање и ептен ми е мачно. Има два подои ама дефинитивно веќе е неподносливо. Се мислам да пробам со сенф па може ќе си помисли дека се расипало млекото па нема да му биде толку тешко да го гледа помалиот батко како цица
Аууууу, тешко ќе му биде на детето. Да го гледа бебето како цица, а тоа не. Пробај полека одвикнување го, една недела еден подој скрати му. Втората другиот, и третата ќе го доиш навечер само. Барем две три недели издржи навечер, да не го свати многу трауматично, па да почне да става, да ти плаче. А вака полека, ќе се одвикне полесно.
Методи за одбивање има многу особено на таа возраст, ама проблемот е што ќе го гледа бебето дека дои и ќе му е тешко. Јас би останала уште некој период со еден подој ноќен со големото, во период ко ќе не дои бебето и тоа легнати за заспивање и да одмориш и ти со него. Големиот до 2 и пол го доев така само ноќе пред спиење и тоа од една града последните месеци и многу лесно се одбивме.
@Mother of 2boys @kristina.k @fana изгледа ќе мора да издржам со доењево колку и да е тешко и мене и ми е јасно дека не е време за одбивање ама многу ме нервира што по сат време седи на града , а помалото цица 5-10мин повеќе ми е до мазење изгледа а мене нервоза ме фаќа гледам побрзо да заспие за да одморам @fana неможев да го одбијам порано бидејќи забременив додека доев, сама го чував по цел ден, ако не заспиеше со доење ќе морав во раце да го нишкам а тоа ми беше забрането бидејќи претходно бев со царски породена. Фала ви мамички на советите, се надевам ќе се издржи овој период
Кога се одвикнува? Моето е 11 мес, сабајле цица различно, доручек во 9, цица во 12, ручек во 3 па цица за дремка, па вечера па цица за заспивање, а навечер станува во 2 па на саат или 2 се до сабајле. Вака е одамна. Порано цицаше и кога ќе станеше, сега не му давам. Ќе мора да почнам изгледа со кратење.