Дали ако ми се меки градите значи дека снемува млеко? Вака додека бебе цица ако го тргнам од градата полна му е устата со млеко. Ноќе знаат да ми се преполнат градите и ми се тврди ама денски не е така.
Не, туку значи дека се воспоставила лактација веќе и сега меки ќе бидат, нема да се преполнуваат, нема да ти тече од чиста мира...
И кај мене е исто пиеше молзено млеко од шише намерно од мало го учев одеднаш престана сменив и шише цуцла пробав со лажичка ми го плука млекото несака а си цица чудна работа којзнае што им се врти во главчињата
Сакав да прашам, дали е подобро да се дои детето по 15, 20 минути на двете гради еднакво на секое јадење, отприлика на два сати. Или е подобро сето време, значи 30 или 40 минути само на едната града, па по два часа другата исто толку. Тогаш едната града ќе чека од прилика 4 сати. Како е подобро да не се намали млекото и да се стимулира повеќе?
Понуди ја едната града убаво да ја испразни, се слуша кога голта и омекнува на допир. После понуди ја и другата града. Ако му е доволно од едната може нема да сака и од другата. Не се замарај многу со саатот. Има бебиња се нацицуваат за 10 мин има бебиња и цел ден им е ок да се на града. За стимулирање млеко покрај сите течности најдобро е бебе на града колку сака кога сака,така најубаво ќе се воспостави лактација и млеко ќе си има онолку колку што му треба на бебе.
Бебушка цицаше ноќе по два пати, во 4 и 7 отприлика, овие две ноќи од 10 ипол за цицање станува дури во 7 сабајле, но сега ко се разбудив градата од која дојам 90% од времето беше страшно полна, јас бев утоп мокра, а таа беше дури изобличена преполна ко коцка. Се исплашив жими се... Бебушка ја исцица речиси цела, но одозгора ко да имаше уште малце тврдо и домолзев уште 30-40 милилитри. Кога ќе и "текне" на градата да не се полни толку навечер? Дали згрешив што домолзив, да не створам хиперлактација? Дали од овие две ноќи шо се преполнува може да се створи мастит? Уфф помагајте
Ќе се преполнува ама ќе се среди. Ако се измолзи. Не, нема да добиеш мастит. Нека нанка бебе. И мама со него
И јас немам нешто одвишок млеко, дури цица ми надоаѓа за да се најаде, да зеам да молзам ништо одвај нема, па од едната града макс 20 мл. Затоа сега се исплашив шо е ова си реков, а градата изобличена.
Само кај мене не се средува лактацијата еве ме со трета блуза сменета од сабајле и цела тетра водена од ноќта што не цица.
Мајки денес бев на гинеколог. Ми правеше ехо на грди. Ме уплаши малку зашто ми рече на двете гради имам како фиброаденомчиња ,кои не се страшни ама да се следат....да потсетам дека дојам...стварно се уплашив и нз дали да одам на второ мислење...и покрај тоа што ми рече докторот не е страшно.. незнам дали е можно да се настанати сега во доењето.....
Фиброаденомите не се страшни, многу често се јавуваат кај жени во репродуктивниот период под дејство на хормоните. Мора да се следат редовно и најчесто ниту сметаат, ниту има потреба да се отстранат. Дали редовно правиш прегледи на дојките? Сепак, за да ти е мирна душата оди кај специјалист за да ти ја каже што и како треба. Не се секирај, ништо не е.
Дали имате болка под гради кај што се превиткува кожата, како штипнато? Не знам дали од тежина на градите е или од што се стегам и вадам над блуза некогаш. Како коската да ме боли, ама не можам да лоцирам точно болката, не е постојана.
Zdravo, veke nekolku dena imam tvrda, bolna grutka na ednata grada. Bebeto redovno cica, se izmolzuvam so pumpa, pravev masazi, topli oblogi, oblogi so zelka... seuste bez efekt. Ve molam spodelete dokolku imate nekoj drug sovet. Blagodaram
Мало шишенце со топла/жешка вода колку можеш да издржиш и масирај се, ролај го по градата па измолзи се.
Замоли некој што знае да те измасира односно да ти ја разбие грутката. Сами тоа за жал не го можеме, инстинктивно кога не боли престануваме. Мене патронажните и сестра ми мѝ ги разбија грутките, беше ужасно болно ама од оваа гледна точка сум многу благодарна иако ми идеше тогаш да ги убијам Исто ставав зелка цело време стоена во фрижидер после доење, пред доење топли облоги, масажи, термофори и сл...